Глава 20
Господ го испраќа Амон во Мидони да ги избави неговите притворени браќа—Амон и Ламони се сретнуваат со таткото на Ламони, кој е цар врз целата земја—Амон го присилува стариот цар да го одобри ослободувањето на неговите браќа. Околу 90 п.н.е.
1 И се случи кога беа воспоставиле црква во таа земја, царот Ламони посака Амон да оди со него во земјата Нефи, за да може да му го покаже на својот татко.
2 И Господовиот глас дојде кај Амон, велејќи: Не оди во земјата Нефи, зашто ете, царот ќе го бара твојот живот; затоа ќе одиш во земјата Мидони; зашто ете, твојот брат Арон, и исто така Мулоки и Ама се во затвор.
3 Сега се случи кога Амон беше го слушнал ова, му кажа на Ламони: Ете, мојот брат и браќата се во затвор во Мидони, и јас одам за да ги избавам.
4 Сега Ламони му кажа на Амон: Знам, со силата на Господ можеш да сториш сѐ. Но ете, ќе одам со тебе во земјата Мидони; зашто царот на земјата Мидони, чие име е Антиомно, ми е пријател; затоа ќе одам во земјата Мидони, за да му ласкам на царот на земјата, и тој ќе ги извади твоите браќа од затвор. Сега Ламони му кажа на него: Кој ти кажа дека твоите браќа се во затвор?
5 И Амон му кажа: Никој не ми кажа, освен Бог; и Тој ми кажа—Оди и избави ги твоите браќа, бидејќи тие се во затвор во земјата Мидони.
6 Сега кога Ламони го беше слушнал ова тој нареди неговите слуги да ги подготват неговите коњи и кочии.
7 И тој му кажа на Амон: Дојди, јас ќе одам со тебе во земјата Мидони, и таму ќе го замолам царот за да ги ослободи твоите браќа од затвор.
8 И се случи додека Амон и Ламони патуваа таму, тие го сретнаа таткото на Ламони, кој беше цар врз целата земја.
9 И ете, таткото на Ламони му кажа на него: Зошто не дојдовте на гозбата на тој голем ден кога направив гозба за моите синови, и за мојот народ?
10 И тој исто така кажа: Каде одиш со тој Нефит, кој е едно од децата на лажго?
11 И се случи Ламони да му образложи каде оди, бидејќи се плашеше да го навреди.
12 И тој исто така му ја кажа целата причина за своето останување во неговото сопствено царство, дека не отиде кај татко му на гозбата која тој ја беше подготвил.
13 И сега кога Ламони беше му образложил за сите овие нешта, ете, на негово изненадување, неговиот татко му беше лут, и кажа: Ламони, ти ќе ги избавиш овие Нефити, кои се синови на лажго. Ете, тој ги ограби нашите татковци; и сега неговите деца исто така дојдоа помеѓу нас за да можат, со нивната лукавост и нивното лажење, да нѐ измамат, за да можат повторно да ни го ограбат нашиот имот.
14 Сега таткото на Ламони му заповеда да го убие Амон со меч. И исто така му нареди да не оди во земјата Мидони, туку да се врати со него во Исмаиловата земја.
15 Но Ламони му кажа: Нема да го убијам Амон, ниту пак ќе се вратам во Исмаиловата земја, туку ќе одам во земјата Мидони за да можам да ги ослободам браќата на Амон, бидејќи знам дека тие се праведни луѓе и свети пророци на вистинскиот Бог.
16 Сега кога татко му беше ги слушнал овие зборови, му беше лут, и го извлече неговиот меч за да може да го удри да падне на земјата.
17 Но Амон истапи и му кажа: Ете, не го уби твојот син; сепак, подобро е да падне тој отколку ти, зашто ете, тој се покаја за неговите гревови; но ако ти паднеш сега, во твојата лутина, твојата душа не би можела да биде спасена.
18 И повторно, треба да се воздржиш; бидејќи ако го убиеш твојот син, кој е невин човек, неговата крв ќе повикува од земјата до Господ неговиот Бог, за одмаздата да дојде врз тебе; и можеби би ја изгубил твојата душа.
19 Сега кога Амон беше му ги кажал овие зборови, тој му одговори, велејќи: Знам дека ако го убијам мојот син, дека ќе пролеам невина крв; бидејќи ти си тој кој настојува да го уништи.
20 И тој ја испружи раката да го убие Амон. Но Амон ги издржа неговите удари, и исто така му ја удри раката за да не може да ја користи.
21 Сега кога царот виде дека Амон би можел да го убие, тој започна да го моли Амон да му го поштеди животот.
22 Но Амон го крена неговиот меч, и му кажа: Ете, ќе те удрам освен ако не одобриш моите браќа да бидат пуштени од затвор.
23 Сега царот, плашејќи се дека ќе го загуби животот, кажа: Ако ме поштедиш ќе ти доделам што ќе посакаш, дури и половина од царството.
24 Сега кога Амон виде дека беше влијаел на стариот цар по негова желба, тој му кажа: Ако одобриш моите браќа да бидат ослободени од затвор, и исто така Ламони да може да си го задржи неговото царство, и да не бидеш незадоволен со него, туку одобри му да може да прави според неговите желби за што и да мисли, тогаш ќе те поштедам; во спротивно, ќе те удрам да паднеш на земјата.
25 Сега кога Амон беше ги кажал овие зборови, царот започна да се радува за неговиот живот.
26 И кога виде дека Амон нема желба да го уништи, и кога ја виде големата љубов што ја имаше за син му Ламони, тој беше премногу запрепастен, и кажа: Бидејќи ова е сѐ што бараше, да ти ги ослободам браќата, и да дозволам син ми Ламони да си го задржи царството, ете, ќе ти одобрам мојот син да го задржи царството од сега и засекогаш; и јас повеќе нема да владеам—
27 И исто така ќе ти одобрам твоите браќа да бидат ослободени од затвор, и ти и твоите браќа можете да дојдете кај мене, во моето царство; бидејќи многу ќе сакам да ве видам. Зашто царот беше многу запрепастен од зборовите кои тој беше ги кажал, и исто така од зборовите кои беа кажани од неговиот син Ламони, затоа сакаше да ги научи.
28 И се случи Амон и Ламони да продолжат на нивното патување кон земјата Мидони. А Ламони пронајде благонаклонетост во очите на царот на земјата; затоа браќата на Амон беа доведени од затвор.
29 И кога Амон ги сретна беше премногу натажен, зашто ете беа голи, и нивните кожи беа премногу ранети бидејќи беа врзани со силни конопи. И тие исто така претрпеа глад, жед, и секаков вид на неволји; сепак беа трпеливи во сите нивни страдања.
30 И, како што се случи, нивната судбина беше да паднат во рацете на позакоравен и потврдоглав народ; затоа не би ги послушале нивните зборови, и тие беа ги исфрлиле, и беа ги удирале, и беа ги истерувале од куќа во куќа, и од место во место, додека не беа пристигнале во земјата Мидони; и таму тие беа одведени и фрлени во затвор, и врзани со силни конопи, и држени во затвор многу денови, а беа избавени од Ламони и Амон.