Свети Писма
Алма 62


Глава 62

Морони маршира за помош на Пахоран во земјата Гидеон—Царските поддржувачи кои одбиваат да ја бранат нивната татковина се усмртени—Пахоран и Морони го преземаат Нефиха—Многу Ламанити се придружуваат на народот на Амон—Тенакум го убива Аморон и за возврат е погубен—Ламанитите се протерани од земјата, и мир е воспоставен—Хеламан се враќа во служба и ја изградува Црквата. Околу 62–57 п.н.е.

1 И сега се случи кога Морони го прими ова послание неговото срце се охрабри, и беше исполнето со премногу голема радост поради верноста на Пахоран, дека тој не беше исто така предавник на слободата и целта на неговата татковина.

2 Но тој исто така жалеше премногу за беззаконието на оние кои го протераа Пахоран од судиската столица, да, накратко поради оние кои беа се побуниле против нивната татковина и исто нивниот Бог.

3 И се случи Морони да земе мал број војници, според желбата на Пахоран, и им даде на Лехи и Теанкум команда врз остатокот од неговата војска, и тргна кон земјата Гидеон.

4 И тој го креваше знамето на слободата во било кое место да влезеше, и доби било каква сила што можеше во целиот негов марш кон земјата Гидеон.

5 И се случи илјадници да се соберат под неговото знаме, и ги земаа нивните мечови во одбрана на нивната слобода, за да не паднат во ропство.

6 И така, кога Морони беше собрал колку војници што можеше во неговиот марш, дојде во земјата Гидеон, и ги обедини неговите сили со оние на Пахоран тие станаа премногу силни, дури посилни и од војниците на Пакус, кој беше цар на оние одметници кои беа ги протерале слободарите од земјата Зарахемла и ја заземаа земјата.

7 И се случи Морони и Пахоран да се симнат со нивните војски во земјата Зарахемла, и тргнаа против градот, и ги пресретнаа војниците на Пакус, толку што тие дојдоа да се борат.

8 И ете, Пакус беше убиен и неговите војници беа одведени како затвореници, а Пахоран беше вратен на неговата судиска столица.

9 А војниците на Пакус ја добија нивната пресуда, според законот, и исто така оние царски поддржувачи кои беа одведени и фрлени во затвор; и беа погубени според законот; да, тие војници на Пакус и оние царски поддржувачи, кои не би ги кренале своите оружја во одбрана на нивната татковина, туку би се бореле против тоа, беа усмртени.

10 И така стана целисходно овој закон да биде строго почитуван за безбедноста на нивната земја; да, и кој и да беше пронајден да ја негира нивната слобода беше набрзина погубен според законот.

11 И така заврши триесеттата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи; Морони и Пахоран повратувајќи го мирот во земјата Зарахемла, помеѓу нивниот народ, нанесувајќи смрт на сите оние кои не беа вистински во целта на слобода.

12 И се случи на почетокот на триесет и првата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи, Морони веднаш да нареди залихи да бидат испратени, и исто така војска од шест илјади војници да биде испратена кај Хеламан, да му помогне во зачувување на тој дел од земјата.

13 И тој исто така нареди војска од шест илјади војници, со доволен број на храна, да им бидат испратени на војските на Лехи и Теанкум. И се случи така да биде сторено да се утврди земјата против Ламанитите.

14 И се случи дека Морони и Пахоран, оставајќи голема група на војници во земјата Зарахемла, тргнаа со голема група војници кон земјата Нефиха, одлучни да ги симнат Ламанитите во тој град.

15 И се случи додека тие маршираа кон земјата, земаа голема група војници од Ламанитите, и убија многу од нив, и ги земаа нивните залихи и нивните воени оружја.

16 И се случи откако тие беа ги земале, наредија да влезат во завет дека повеќе нема да ги креваат воените оружја против Нефитите.

17 И кога тие беа влегле во овој завет ги испратија да живеат со народот на Амон, и беа на број околу четири илјади кои не беа убиени.

18 И се случи откако тие беа ги испратиле, го продолжија нивниот марш кон земјата Нефиха. И се случи кога беа пристигнале во градот Нефиха, ги распнаа нивните шатори во рамнините на Нефиха, кои се во близина на градот Нефиха.

19 Сега Морони беше желен Ламанитите да излезат и да се борат против нив, на рамнините; но Ламанитите, знаејќи за нивната премногу голема храброст, и гледајќи ја големината на нивните бројки, затоа не се осмелија да тргнат против нив; затоа не дојдоа да се борат на тој ден.

20 И кога пристигна ноќта, Морони тргна во темнината на ноќта, и дојде на врвот на ѕидот да ги шпионира во тој дел на земјата каде Ламанитите кампуваа со нивната војска.

21 И се случи тие да бидат на исток, кај влезот; и сите беа заспани. И сега Морони се врати на неговата војска, и нареди брзо да подготват силни јажиња и скали, да бидат спуштени од врвот на ѕидот во внатрешниот дел на ѕидот.

22 И се случи Морони да предизвика неговите војници да маршираат напред и да дојдат на врвот на ѕидот, и да се спуштат долу во тој дел на градот, да, и тоа на запад, каде Ламанитите не кампуваа со нивните војски.

23 И се случи сите да бидат пуштени во градот преку ноќ, преку нивните силни јажиња и скали; така што кога дојде утрото сите тие беа во ѕидините на градот.

24 И сега, кога се разбудија Ламанитите и видоа дека војските на Морони беа во ѕидините на градот, беа премногу исплашени, толку што избегаа преку преминот.

25 И сега кога Морони виде дека бегаат пред него, нареди неговите војници да маршираат против нив, и уби многу, и опколи многу други, и ги одведе како затвореници; а остатокот од нив избегаа во земјата Морони, која беше во границите кај морскиот брег.

26 Така Морони и Пахоран го заземаа градот Нефиха без да изгубат ниту една душа; а имаше многу од Ламанитите кои беа убиени.

27 Сега се случи многу од Ламанитите кои беа затвореници посакуваа да му се придружат на народот на Амон и да станат слободен народ.

28 И се случи сите што беа желни, им беше одобрено според нивните желби.

29 Затоа, сите затвореници на Ламанитите му се придружија на народот на Амон, и започнаа да работат премногу, обработувајќи ја земјата, одгледувајќи секаков вид на жито, и стада и крда од секаков вид; и така Нефитите беа ослободени од голем товар; да, толку што беа ослободени од сите затвореници на Ламанитите.

30 Сега се случи Морони, откако беше го заземал градот Нефиха, земајќи многу затвореници, што премногу ги намали Ламанитските војски, и поврати многу од Нефитите кои беа одведени како затвореници, што премногу ја засили војската на Морони; затоа Морони тргна од земјата Нефиха во земјата Лехи.

31 И се случи кога Ламанитите видоа дека Морони ги напаѓаше, повторно беа исплашени и избегаа пред војската на Морони.

32 И се случи Морони и неговата војска да ги следат од град во град, додека не беа пресретнати од Лехи и Теанкум; а Ламанитите избегаа од Лехи и Теанкум, и тоа долу до границите покрај морскиот брег, сѐ додека не стигнаа во земјата Морони.

33 И војските на Ламанитите беа сите собрани заедно, толку што сите беа во една група во земјата Морони. Сега Аморон, царот на Ламанитите, исто така беше со нив.

34 И се случи дека Морони и Лехи и Теанкум кампуваа со нивните војски наоколу во границите на земјата Морони, толку што Ламанитите беа опкружени наоколу во границите покрај дивината на југ, и на границите покрај дивината на исток.

35 И така тие кампуваа во ноќта. Зашто ете, Нефитите и Ламанитите исто така беа изморени поради должината на маршот; затоа не се одлучија на никаква стратегија за време на ноќта, освен Теанкум; бидејќи тој беше премногу лут на Аморон, толку што сметаше дека Аморон, и Амаликија неговиот брат, беа причината за оваа голема и долга војна помеѓу нив и Ламанитите, што беше причината за толку многу војна и крвопролевање, да, и толку многу глад.

36 И се случи Теанкум разгневен да оди во кампот на Ламанитите, и се спушти преку ѕидините на градот. И тргна со коноп, од место до место, толку што го пронајде царот; и го погоди со копје, што го прободе близу до срцето. Но ете, царот ги разбуди неговите слуги пред да умре, толку што тие го следеа Теанкум, и го убија.

37 Сега се случи кога Лехи и Морони дознаа дека Теанкум е мртов беа премногу тажни; зашто ете, тој беше човек што се бореше храбро за неговата земја, да, вистински пријател на слободата; и беше претрпел премногу тешки неволји. Но ете, беше мртов, и го помина патот на сета земја.

38 Сега се случи Морони да маршира следниот ден, и ги нападна Ламанитите, толку што ги убија во голем колеж; и тие ги протераа од земјата; и избегаа, така што не се вратија во тоа време против Нефитите.

39 И така заврши триесет и првата година од владеењето на судиите врз Нефитскиот народ; и така беа имале војни, и крвопролевање, и глад, и неволја, за време од многу години.

40 И постоеја убиства, и препирања, и раздори, и сеакаков вид на беззаконие помеѓу народот на Нефи; сепак за доброто на праведните, да, поради молитвите на праведните, беа поштедени.

41 Но ете, поради премногу големото траење на војната помеѓу Нефитите и Ламанитите многу беа станале стврднати, поради преголемото траење на војната; а многу беа омекнати поради нивните неволји, толку што се понизија пред Бог, и тоа со длабока понизност.

42 И се случи откако Морони беше ги утврдил тие делови на земјата кои беа најизложени на Ламанитите, додека не станат доволно силни, тој се врати во градот Зарахемла; и исто така Хеламан се врати во местото на неговото наследство; и уште еднаш беше воспоставен мир помеѓу народот на Нефи.

43 И Морони ја предаде командата на неговите војски во рацете на неговиот син, чие име беше Морониха; и тој се повлече во неговата куќа за да може да го помине остатокот од неговите денови во мир.

44 А Пахоран се врати на неговата судиска столица; а Хеламан повторно превзема врз него да го проповеда Божјото слово; зашто поради толку многу војни и препирања стана целисходно повторно да се направи проверка во црквата.

45 Затоа, Хеламан и неговите браќа тргнаа напред, и го објавија Божјото слово со многу моќ за убедување на многу луѓе за нивната пакост, што ги натера да се покајат за нивните гревови и да бидат крстени во Господ нивниот Бог.

46 И се случи тие повторно да ја воспостават црквата на Бог, низ целата земја.

47 Да, и беа донесени прописи во врска со законот. И нивните судии, и нивните главни судии беа одбрани.

48 И народот на Нефи повторно започна да напредува во земјата, и да се размножува и да се зацврстува премногу во земјата. И тие започнаа да стануваат премногу богати.

49 Но без оглед на нивните богатства, или нивната сила, или нивниот напредок, тие не беа кренати со гордост во очите; ниту беа бавни да се сетат на Господ нивниот Бог; туку се понизија премногу пред Него.

50 Да, тие се сетија колку големи нешта Господ направи за нив, дека Тој ги избави од смрт, и од окови, и од затвори, и од секаков вид на неволји, и Тој ги избави од рацете на нивните непријатели.

51 И тие Му се моела на Господ нивниот Бог постојано, толку што Господ ги благослови, според Неговото слово, за да се зацврстат и напредуваат во земјата.

52 И се случи сите овие нешта да бидат сторени. И Хеламан умре, во триесет и петата година од владеењето на судиите над Нефитскиот народ.