Свети Писма
Алма 27


Глава 27

Господ му заповедува на Амон да го води народот на Анти-Нефи-Лехи на безбедно—Веднаш по средбата со Алма, радоста на Амон му ја исцрпе силата—Нефитите им ја даваат на Анти-Нефи-Лехијците земјата Јершон—Тие се наречени народот на Амон. Околу 90–77 п.н.е.

1 Сега се случи кога тие Ламанити кои беа заминале да војуваат против Нефитите беа дознале, после многуте нивни измачувања да ги уништат, дека е залудно да го бараат нивното уништување, повторно се вратија во земјата Нефи.

2 И се случи Амаликитите, поради нивната загуба, да бидат премногу лути. И кога видоа дека не можат да им се одмаздат на Нефитите, започнаа да го поттикнуваат народот на лутина против нивните браќа, народот на Анти-Нефи-Лехијците; затоа повторно започнаа да ги уништуваат.

3 Сега овој народ повторно одби да го земе своето оружје, и тие дозволија да бидат убиени според волјата на нивните непријатели.

4 Сега кога Амон и неговите браќа го видоа ова дело на уништување помеѓу оние кои тие толку драго ги љубеа—бидејќи постапуваа со нив како да беа ангели испратени од Бог да ги спаси од вечно уништување—затоа, кога Амон и неговите браќа го видоа ова големо дело на уништување, тие беа трогнати од сочувство, и му рекоа на царот:

5 Да го собереме заедно овој Господов народ, и да се симнеме во земјата Зарахемла кај нашите браќа Нефитите, и да избегаме од рацете на нашите непријатели, за да не бидеме уништени.

6 Но царот им кажа: Ете, Нефитите ќе нѐ уништат, поради многуте убиства и гревови кои ги извршивме против нив.

7 И Амон кажа: Јас ќе одам и ќе го прашам Господ, и ако Тој ни каже, симнете се кај нашите браќа, дали ќе одите?

8 И царот му кажа: Да, ако Господ ни каже да одиме, ќе се симнеме кај нашите браќа, и ќе им бидеме робови додека не им ги надоместиме многуте убиства и гревови кои им ги направивме.

9 Но Амон им кажа: Тоа е против законот на нашите браќа, кој беше воспоставен од мојот татко, да има робови помеѓу нив; затоа да се симнеме и да се потпреме на милостите на нашите браќа.

10 Но царот му кажа: Прашајте го Господ, и ако Тој ни каже да одиме, ќе одиме; во спротивно ќе умреме во земјата.

11 И се случи Амон да отиде и го праша Господ, а Господ му кажа:

12 Одведи го овој народ надвор од оваа земја, за да не умрат; бидејќи Сатаната има големо влијание врз срцата на Амаликитите, кои ги поттикнуваат Ламанитите да се побунат против нивните браќа за да ги убијат; затоа излезете од оваа земја; и благословен е овој народ во ова поколение, бидејќи Јас ќе ги заштитам.

13 И сега се случи Амон отиде и му кажа на царот за сѐ што Господ му беше кажал.

14 И тие го собраа целиот нивен народ, да, целиот Господов народ, и ги собраа нивнита стада и крда, и заминаа од земјата, и дојдоа во дивината која ја делеше земјата Нефи од земјата Зарахемла, и се приближуваа до границите на земјата.

15 И се случи Амон да им каже: Ете, јас и моите браќа ќе тргнеме во земјата Зархемла, и вие ќе останете овде додека не се вратиме; и ќе ги испробаме срцата на нашите браќа, дали ќе сакаат да дојдете во нивната земја.

16 И се случи додека Амон одеше кон земјата, тој и неговите браќа го сретнаа Алма, на местото за кое се зборуваше; и ете, ова беше радосна средба.

17 Сега радоста на Амон беше толку голема што тој беше исполнет; да, беше проголтан во радоста на неговиот Бог, и тоа до исцрпување на неговата сила; и повторно падна на земјата.

18 Сега зарем ова не беше огромна радост? Ете, ова е радост која никој не ја прима освен ако биде вистински покајник и понизен трагач по среќата.

19 Сега радоста на Алма запознавајќи ги неговите браќа беше навистина голема, и исто така радоста на Арон, на Омнер, и Химни; но ете нивната радост не ја надмина нивната сила.

20 И сега се случи Алма да ги спроведе неговите браќа назад во земјата Зарахемла; и тоа во неговата куќа. И тие отидоа и му кажаа на главниот судија за сите нешта кои беа им се случиле во земјата Нефи, помеѓу нивните браќа, Ламанитите.

21 И се случи главниот судија да испрати проглас низ целата земја, барајќи го гласот на народот во врска со приемот на нивните браќа, кои беа народот Анти-Нефи-Лехијци.

22 И се случи да се слушне гласот на народот, велејќи: Ете, ќе се откажеме од земјата Јершон, која е на исток покрај морето, која ја спојува земјата Изобилство, која е јужно од земјата Изобилство; и ова земја Јершон е земјата која ќе ја дадеме на нашите браќа како наследство.

23 И ете, ќе ги поставиме нашите војски помеѓу земјата Јершон и земјата Нефи, за да ги заштитиме нашите браќа во земјата Јершон; и ова го правиме за нашите браќа, поради нивниот страв да земат оружје против нивните браќа за да не извршат грев; а овој нивен голем страв се појави поради нивното жално покајание кое го имаа, поради нивните многу убиства и нивната ужасна пакост.

24 И сега ете, ова ќе го направиме на нашите браќа, за да ја наследат земјата Јершон; и ќе ги чуваме од нивните непријатели со нашите војски, под услов тие да ни дадат дел од нивниот имот да ни помогнат да ги издржуваме нашите војски.

25 Сега, се случи кога Амон беше го чул ова, тој се врати кај народот Анти-Нефи-Лехи, и исто така Алма со него, во дивината, каде беа ги поставиле нивните шатори, и им ги открија сите овие нешта. И Алма исто така ги поврза во неговото преобратување со Амон и Арон, и неговите браќа.

26 И се случи тоа да предизвика голема радост помеѓу нив. И заминаа во земјата Јершон; и тие беа повикувани од Нефитите како народот на Арон; затоа беа распознавани секогаш потоа.

27 И тие беа помеѓу Нефитскиот народ, и исто така вброени помеѓу народот од црквата. И исто така беа распознавани и по нивната ревност кон Бог, и исто така кон луѓето; бидејќи тие беа совршено чесни и исправни во сите нешта и беа цврсти во вербата во Христос, и тоа до крајот.

28 И гледаа на пролевањето на крвта на нивните браќа со најголемо гадење; и никој не можеше да ги наговори да земат оружје против нивните браќа; и никогаш не гледаа на смртта со било каква мера на страв, поради нивните надеж и погледи на Христос и воскреснувањето; затоа, смртта беше проголтана за нив преку победата на Христос врз неа.

29 Затоа, би претрпеле смрт на најотежнувачки и вознемирувачки начин кој би можел да биде предизвикан од нивните браќа, пред да го земат мечот или сабјата за да ги удрат.

30 И така беа ревносен и љубен народ, високо благодатен народ на Господ.