Свети Писма
Алма 54


Глава 54

Аморон и Морони преговараат за размена на затвореници—Морони бара Ламанитите да се повлечат и да запрат со нивните убиствени напади—Аморон бара Нефитите да ги положат нивните оружја и да се потчинат на Ламанитите. Околу 63 п.н.е.

1 И сега се случи на почетокот на дваесет и деветтата година на судиите, Аморон му порача на Морони желба да ги размени затворениците.

2 И се случи Морони премногу да се израдува на ова негово барање, бидејќи тој сакаше залихите кои беа дадени за издржување на Ламанитските затвореници да бидат за неговиот народ; и тој исто така го посакуваше неговиот народ за зацврстување на неговата војска.

3 Сега Ламанитите беа земале многу жени и деца, а немаше ниту жена ниту дете помеѓу сите затвореници на Морони, односно затворениците кои Морони беше ги земал; затоа Морони се реши на тактика да добие колку што може повеќе Нефитски затвореници од Ламанитите.

4 Затоа тој напиша писмо, и го испрати преку слугата на Аморон, истиот што му донесе писмо на Морони. Сега ова се зборовите кои му ги напиша на Аморон, велејќи:

5 Ете, Аморон, ти напишав нешто во врска со оваа војна што ја водиш против мојот народ, односно таа која твојот брат ја водеше против нив, и која ти сѐ уште си одлучен да ја продолжиш после неговата смрт.

6 Ете, би ти кажал нешто во врска со Божјата правда, и мечот на Неговиот семоќен бес, кој виси над тебе освен ако не се покаеш и не ги повлечеш твоите војски во твоите земји, односно земјата во твој посед, која е земјата Нефи.

7 Да, би ти ги кажал овие нешта да можеше да ги послушаш; да, би ти кажал за тој ужасен пекол кој чека да прими такви убијци како што ти и твојот брат бевте, освен ако не се покаете и не ги повлечете вашите убиствени цели, не се вратите со вашите војски во вашите земји.

8 Но како што еднаш ги одбивте овие нешта, и се боревте против Господовиот народ, дури и јас очекувам да го сторите тоа повторно.

9 И сега ете, подготвени сме да ве дочекаме; да, и освен ако не ги повлечете вашите цели, ете, ќе го навлечете врз вас бесот на Тој Бог Кој го одбивте, и тоа до ваше целосно уништување.

10 Но, како што живее Господ, нашите војски ќе ве нападнат освен ако не се повлечете, и наскоро ќе бидете посетени со смрт, бидејќи ќе ги задржиме нашите градови и земји; да, и ќе ја задржиме нашата религија и целта на нашиот Бог.

11 Но ете, претпоставувам дека залудно ти ги кажувам овие нешта; односно претпоставувам дека си дете на пеколот; затоа ќе го завршам моето писмо кажувајќи ти дека нема да разменам затвореници, освен ако е под услови да ослободувате маж со неговите жена и деца, за еден затвореник; ако го направите ова, јас ќе разменам.

12 И ете, ако не го направите ова, ќе ве нападнам со моите војски; да, дури ќе ги вооружам и моите жени и деца, и ќе ве нападнам, и ќе ве следам и тоа во вашата земја, која е земјата на нашето прво наследство; да, и ќе биде крв за крв, да, живот за живот; и ќе ви приредам борба дури додека не бидете уништен од лицето на земјата.

13 Ете, се лутам, и исто така мојот народ; сакаше да нѐ убиеш, а ние само баравме да се одбраниме. Но ете, ако уште сакаш да нѐ уништиш ние ќе те уништиме; да, и ќе ја бараме нашата земја, земјата на нашето прво наследство.

14 Сега го завршувам моето писмо. Јас сум Морони; јас сум водач на народот на Нефитите.

15 Сега се случи Аморон, кога го прими ова писмо, се лути; и му напиша друго писмо на Морони, и ова се зборовите кои ги напиша, велејќи:

16 Јас сум Аморон, царот на Ламанитите; јас сум брат на Амаликија кого го убивте. Ете, ќе ја одмаздам неговата крв врз тебе, да, и ќе те нападнам со моите војски бидејќи не се плашам од твоите закани.

17 Зашто ете, вашите татковци им згрешија на нивните браќа, во толкава мера што ги ограбија од нивното право за управување кога праведно им припаѓаше на нив.

18 И сега ете, ако ги положите вашите оружја, и се потчините да бидете управувани од оние на кои управувањето праведно им припаѓа, тогаш ќе наредам мојот народ да ги положи нивните оружја и нема повеќе да има војна.

19 Ете, ти изговори многу закани против мене и мојот народ; но ете, не се плашиме од твоите закани.

20 Сепак, јас ќе одобрам да размениме затвореници според твоето барање, со задоволство, за да ја зачувам храната за моите војници и ќе водиме војна која ќе биде вечна, или ќе ги потчиниме Нефитите под наша власт или до нивно вечно истребување.

21 И во врска со Бог за Кого велите дека сме Го одбиле, ете, не познаваме такво битие; ниту вие; но ако постои такво битие, знаеме само дека Тој нѐ создал нас и вас.

22 И ако се случи да постои ѓавол и пекол, ете зарем нема да те испрати таму да живееш со брат ми кого го уби, кого го наговори дека оди на такво место? Но ете, овие нешта не се важни.

23 Јас сум Аморон, и потомок на Зорам, кого вашите татковци го притиснаа и го доведоа од Ерусалим.

24 И ете сега, јас сум смел Ламанит; ете, оваа војна се водеше да се одмаздат нивните грешки, и да се одржат и добијат нивните права за управување; и го завршувам моето писмо до Морони.