Свети Писма
Алма 61


Глава 61

Пахоран му кажува на Морони за востанието и бунтот против владата—Царските поддржувачи ја преземаат Зарахемла и се во сојуз со Ламанитите—Пахоран бара воена помош против бунтовниците. Околу 62 п.н.е.

1 Ете, сега се случи наскоро откако Морони беше го испратил неговото послание на главниот управник, тој прими послание од Пахоран, главниот управник. И ова се зборовите кои ги прими:

2 Јас, Пахоран, кој сум главен управник на оваа земја, му ги испраќам овие зборови на Морони, главниот капетан на војската. Ете, ти велам, Морони, дека не се радувам во твоите големи неволји, да, ми ја нажалува душата.

3 Но ете, постојат такви кои се радуваат во твоите неволји, да, толку што тие се кренаа во бунт против мене, и исто така тие од мојот народ што се слободари, да, и оние кои се кренаа се премногу бројни.

4 И тоа се тие кои бараа да ми ја одземат судиската столица кои се причина за ова големо беззаконие; зашто користеа големо ласкање, и ги оттргнаа срцата на многу луѓе, што ќе биде причина за тешки неволји помеѓу нас; тие ги задржаа нашите залихи, и ги заплашија нашите слободари да не дојдат при тебе.

5 И ете, тие ме протераа пред нив, и избегав во земјата Гидеон, со онолку војници колку што можев да соберам.

6 И ете, испратив проглас низ овој дел на земјата; и ете, секојдневно се собираат со нас, со оружја, во одбрана на нивната татковина и нивната слобода, и да ги одмаздат нашите грешки.

7 И тие дојдоа при нас, толку што оние кои се кренаа на бунт против нас се насочени на пркос, да, толку што ни се плашат и не се осмелуваат да излезат против нас во борба.

8 Тие ја заземаа земјата, односно градот, Зарахемла; назначија цар врз нив, и тој му напиша на Ламанитскиот цар, со што тие се здружува во сојуз со него; во кој сојуз тој се согласи да го задржи градот Зарахемла, чие задржување тој мисли дека ќе им помогне на Ламанитите да го освојат остатокот од земјата, и тој ќе биде поставен за цар врз овој народ кога ќе бидат освоени од Ламанитите.

9 И сега, во твоето послание ме укори, но не е важно; јас не сум лут, туку се радувам на големината на твоето срце. Јас, Пахоран, не барам моќ, освен да ја задржам мојата судиска столица за да ги зачувам правата и слободата на мојот народ. Мојата душа стои цврсто во таа слобода во која Бог нѐ ослободи.

10 И сега, ете, ние ќе се спротивставиме на пакоста дури и до крвопролевање. Ние не би ја пролеале крвта на Ламанитите ако останат во нивната сопствена земја.

11 Ние нема да ја пролееме крвта на нашите браќа ако не се кренат на бунт и не го земат мечот против нас.

12 Ние ќе се покориме на јаремот на ропството ако е услов со Божјата правда, односно ако Тој ни заповеда да направиме така.

13 Но ете Тој не ни заповеда да се покориме на нашите непријатели, туку дека треба да се потпираме на Него, и Тој ќе нѐ избави.

14 Затоа, мој љубен брате, Морони, да му одолееме на злото, и било кое зло што не можеме да му одолееме со нашите зборови, да, како бунтови и раздори, да им одолееме со нашите мечеви, за да ја задржиме нашата слобода, за да можеме да се радуваме на нашата привилегија на нашата црква, и за целта на нашиот Искупител и нашиот Бог.

15 Затоа, дојдете брзо кај мене со неколку од твоите војници, и оставете го остатокот во должност на Лехи и Теанкум; дај им моќ да ја спроведат војната во тој дел на земјата, според Божјиот Дух, кој е исто така духот на слободата кој е во нив.

16 Ете испратив неколку залихи за нив, за да не умрат додека да дојдете кај мене.

17 Соберете колку што можете сили додека марширате овде, и брзо ќе тргнеме против тие одметници, со силата на нашиот Бог според верата која е во нас.

18 И ние ќе го заземеме градот Зарахемла, за да стекнеме повеќе храна да му испратиме на Лехи и Теанкум; да, ќе тргнеме против нив со Господовата сила, и ќе ставиме крај на ова големо беззаконие.

19 И сега, Морони, јас се радувам што го примив твоето писмо, бидејќи бев малку загрижен што ќе правиме, дали ќе биде праведно да тргнеме против нашите браќа.

20 Но ти кажа, освен ако не се покајат Господ ти заповеда да тргнеш против нив.

21 Ете да ги зацврстиш Лехи и Теанкум во Господ; кажи им да не се плашат, бидејќи Бог ќе ги избави, да, и сите оние кои стојат цврсто во таа слобода во која Бог ги ослободи. И сега го завршувам моето писмо до мојот љубен брат, Морони.