Глава 31
Алма предводи мисија за да ги врати паднатите Зорамити—Зорамитите го негираат Христос, веруваат во лажен концепт на избори, и служат со поставени молитви—Мисионерите се исполнети со Светиот Дух—Нивните неволји се проголтани во радоста на Христос. Околу 74 п.н.е.
1 Сега се случи по крајот на Корихор, Алма прими вести дека Зорамитите ги изопачуваа Господовите патишта, и дека Зорам, кој беше нивен водач, ги заведуваше срцата на народот да се поклонува на неми идоли, неговото срце повторно започна да боли поради беззаконието на народот.
2 Зашто тоа беше причината за голема тага кај Алма да знае за беззаконието на неговиот народ; затоа неговото срце беше премногу тажно поради одвојувањето на Зорамитите од Нефитите.
3 Сега беа се собрале заедно во земја која ја нарекуваа Антионум, која беше источно од земјата Зарахемла, која се простираше граничејќи со морскиот брег, кој беше јужно од земјата Јершон, која исто така граничеше со дивината на југ, која беше полна со Ламанитите.
4 Сега Нефитите многу се плашеа дека Зорамитите би воспоставиле согласност со Ламанитите, и дека тоа ќе биде причина за голем пораз од страна на Нефитите.
5 И сега, додека проповедањето на словото имаше намера да го предводи народот да го прави тоа што е праведно—да, беше имало помоќно дејство врз умовите на народот од мечот, или било што друго, што беше им се случило—затоа Алма мислеше дека беше потребно да ја пробаат доблеста на Божјото слово.
6 Затоа го одведе Амон, и Арон, и Омнер; а Химни го остави во црквата во Зарахемла; но претходните тројца ги поведе со него, и исто така Амулек и Зезром, кои беа кај Мелек; и исто така поведе двајца од неговите синови.
7 Сега најстариот од неговите синови не го зема со него, и неговото име беше Хеламан; а имињата на оние кои ги поведе со него беа Шиблон и Кориантон; а ова се имињата на оние кои отидоа со него помеѓу Зорамитите, да им го проповедаа словото.
8 Сега Зорамитите беа одметници од Нефитите; затоа Божјото слово им беше проповедано.
9 Но тие беа паднале во големи грешки, бидејќи не гледаа да ги одржуваат заповедите на Бог, и Неговите одредби, според законот на Мојсеј.
10 Ниту би се придружиле до црковните уредби, да продолжат со молење и секојдневна молба на Бог, за да не можат да влезат во искушение.
11 Да, накратко, во многу прилики ги изопачија Господовите патишта; затоа, поради ова, Алма и неговите браќа заминаа во земјата да им го проповедаат словото.
12 Сега, кога беа дошле во земјата, ете, на нивно чудење открија дека Зорамитите беа изградиле синагоги, и дека се собираа заедно еден ден во неделата, кој го нарекуваа Господов ден; и служеа на начин на кој Алма и неговите браќа никогаш не го беа виделе;
13 Зашто имаа место изградено во центарот на нивната синагога, место за стоење, кое беше високо над главата; а на врвот би стоела само една личност.
14 Затоа, кој и да сакаше да обожава, мораше да истапи напред и да застане на врвот, и да ги испружи напред рацете, кон небото, и да повикува со силен глас, велејќи:
15 Свети, свети Господе; веруваме дека Ти си Бог, и веруваме дека Ти си свет, и дека Ти беше дух, и дека Ти си дух, и дека Ти засекогаш ќе бидеш дух.
16 Свети Боже, веруваме дека Ти нѐ раздели од нашите браќа; а ние не веруваме во традицијата на нашите браќа, која им беше предавана од детството на нивните татковци; но веруваме дека Ти нѐ одбра да бидеме Твоите свети деца; и исто така Ти ни откри дека нема да постои Христос.
17 Но Ти си истиот вчера, денес, и засекогаш; и Ти нѐ одбра за да бидеме спасени, додека сите околу нас се одбрани преку Твојот гнев да бидат во пеколот; за таа светост, О Боже, ние Ти благодариме Тебе; и ние исто така Ти благодариме Тебе што нѐ одбра нас, за да не бидеме водени по будалестите традиции на нашите браќа, кои ги врзаа за верување во Христос, што ги водеше нивните срца да лутаат далеку од Тебе, наш Господе.
18 И повторно Ти благодариме Тебе, О Боже, дека сме одбран и свет народ. Амин.
19 Сега се случи откако Алма и неговите браќа и неговите синови беа ги слушнале овие молитви, тие беа запрепастени над секоја мера.
20 Зашто ете, секој човек истапи напред и ги понуди истите молитви.
21 Сега местото тие го нарекуваа Рамеумптом, кое, како преведено, е свето стојалиште.
22 Сега, од ова стојалиште тие понудија, секој човек, потполно истата молитва на Бог, заблагодарувајќи Му се на нивниот Бог што беа одбрани од Него, и што Тој не ги заведе според традицијата на нивните браќа, и дека нивните срца не беа украдени за да веруваат во нештата кои следуваат, за кои не знаеја ништо.
23 Сега, откако целиот народ понуди благодарност на овој начин, се вратија во нивните домови, не зборувајќи за нивниот Бог никогаш повеќе сѐ додека повторно не се беа собрале на светото стојалиште, за да изразат благодарност на нивен начин.
24 Сега кога Алма го виде тоа, неговото срце беше натажено; бидејќи тој виде дека тие се пакосен и изопачен народ; да, тој виде дека нивните срца беа насочени врз злато, и врз сребро, и на секаков вид на префинети стока.
25 Да, и тој виде дека нивните срца беа кренати во големо фалење, во нивната гордост.
26 И го крена гласот свој кон небото, и повика, велејќи: О, колку долго, О Господе, Ти ќе дозволуваш Твоите слуги да живеат овде долу во тело, да набљудуваат таква грозна пакост помеѓу човечките деца?
27 Ете, О Боже, тие Те повикуваат, а сепак нивните срца се проголтани од нивната гордост. Ете, О Боже, тие Те довикуваат Тебе со нивните усти; додека се надувани, и тоа до големина, со суетните нешта на светот.
28 Ете, О мој Боже, нивната скапа облека, и нивните прстени, и нивните бразлетни, и нивните златни украси, и сите нивни скапоцени нешта со кои се украсени; и ете, нивните срца се насочени на нив, а сепак Те довикуваат Тебе и велат—Ти благодариме Тебе, О Боже, бидејќи ние Ти сме одбран народ за Тебе, додека други ќе умрат.
29 Да, и велат дека Ти си им открил дека нема да постои Христос.
30 О Господе Боже, колку долго Ти ќе дозволуваш таква пакост и неверност да биде помеѓу овој народ? О Господе, дали Ти ќе ми дадеш сила, за да се носам со своите слабости. Бидејќи јас сум немоќен, и таква пакост помеѓу овој народ ја боли мојата душа.
31 О Господе, моето срце е премногу тажно; дали Ти ќе ја утешиш мојата душа во Христос. О Господе, дали Ти ќе ми доделиш да имам сила, да можам со трпение да ги претрпам овие неволји кои ќе дојдат врз мене, поради беззаконието на овој народ.
32 О Господе, дали Ти ќе ја утешиш мојата душа, и ќе ми дадеш успех, и исто на моите блиски соработници кои се со мене—да, Амон, и Арон, и Омнер, и исто така моите двајца синови—да, и тоа сите овие Ти ќе ги утешиш, О Господе. Да, дали Ти ќе ги утешиш нивните души во Христос.
33 Дали Ти ќе им доделиш да имаат сила, за да ги поднесат нивните неволји кои ќе дојдат врз нив поради беззаконието на овој народ.
34 О Господе, дали Ти ќе ни доделиш да имаме успех доведувајќи ги повторно кај Тебе во Христос.
35 Ете, О Господе, нивните души се скапоцени, и многу од нив се наши браќа; затоа, дај ни, О Господе, моќ и мудрост за да ги доведеме овие, наши браќа, повторно кај Тебе.
36 Сега се случи откако Алма беше ги рекол овие зборови, ги положи рацете на сите кои беа со него. И ете, додека ги положуваа со рацете, тие беа исполнети со Светиот Дух.
37 И откако се разделија еден од друг, не размислувајќи што треба да јадат, или што треба да пијат, или што треба да облечат.
38 А Господ обезбеди за нив за да не гладуваат, ниту да бидат жедни; да, и исто така им даде сила, за да не трпат никакви неволји, освен да не бидат проголтани во радоста на Христос. Сега ова беше во согласност со молитвата на Алма; и тоа бидејќи Тој се молеше со вера.