Свети Писма
Алма 1


Книгата на Алма
Синот на Алма

Извештајот на Алма, кој беше син на Алма, првиот и главен судија врз народот на Нефи, и исто така висок свештеник над Црквата. Извештај за владеењето на судиите, и војните и препирањата меѓу луѓето. И исто така извештај за војна помеѓу Нефитите и Ламанитите, според записот на Алма, првиот и главен судија.

Глава 1

Нехор поучува лажни учења, воспоставува црква, ја претставува поповштината, и го убива Гидеон—Нехор е погубен за неговите злосторства—Поповштините и прогонувањата се шират помеѓу народот—Свештениците се издржуваат самите себе, народот се грижи за сиромашните, и Црквата напредува. Околу 91–88 п.н.е.

1 Сега се случи во првата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи, од тогаш натаму, царот Мосија тргна по патот на сета земја, водеше праведна војна, чекореше исправено пред Бог, не оставајќи никој да владее наместо него; сепак тој беше воспоставил закони, и тие беа признаени од народот; затоа тие беа приморани да се придржуваат до законите кои тој ги беше донел.

2 И се случи во првата година од владеењето на Алма на судиската столица, пред него беше донесен човек да му се суди, човек кој беше крупен, и беше прочуен по својата голема сила.

3 И тој беше одел меѓу народот, проповедајќи им за тоа што тој го нарекуваше словото Божјо, а тоа беше насочено против црквата; објавувајќи им на луѓето дека секој свештеник и учител треба да стане популарен; и дека не треба да работат со своите раце, туку дека треба да бидат издржувани од народот.

4 И тој исто така му сведочеше на народот дека целото човештво треба да биде спасено на последниот ден, и дека не треба да се плашат ниту да треперат, туку да ги подигнат главите и да се радуваат; бидејќи Господ беше ги создал сите луѓе, и исто така беше ги искупил сите луѓе; и, на крајот, сите луѓе ќе имаат вечен живот.

5 И се случи тоа што тој многу ги поучуваше овие работи толку многу што многумина поверуваа на неговите зборови, дури толку многу што започнаа да го издржуваат и да му даваат пари.

6 И тој започна да се занесува во гордоста на неговото срце, и да носи многу скапа облека, да, и дури започна да воспоставува црква според начинот на неговото проповедање.

7 И се случи додека одеше, да им проповеда на оние кои веруваа на неговото слово, тој запозна човек кој припаѓаше на црквата на Бог, да, и тоа еден од нивните учители; и тој започна остро да се препира со него, за да ги одведе луѓето од црквата; но човекот му се спротивстави, опоменувајќи го со Божјите зборови.

8 Сега, името на човекот беше Гидеон; и беше тој што беше инструмент во рацете на Бог избавувајќи го народот на Лимхи од ропство.

9 Сега, бидејќи Гидеон му се спротивстави со зборовите на Бог тој му беше гневен на Гидеон, и го извлече мечот и започна да го удира. Сега Гидеон беше погоден од многуте години, затоа не можеше да ги издржи неговите удари, затоа беше погубен со меч.

10 А човекот кој го уби беше одведен од народот на црквата, и беше доведен пред Алма, да му се суди според злосторствата кои ги беше извршил.

11 И се случи тој да застане пред Алма и се бранеше себеси со многу смелост.

12 Но Алма му кажа: Ете, ова е прв пат поповштина да се воведе меѓу овој народ. И ете, ти не само што си виновен за поповштината, туку и настојуваше да ја наметнеш со меч; и ако поповштината беше наметната меѓу овој народ, тоа би го довело до негово целосно уништување.

13 А ти ја пролеа крвта на еден праведен човек, да, човек кој сторил многу добро меѓу овој народ; и ако те поштедевме, неговата крв поради одмазда ќе паднеше врз нас.

14 Затоа ти си осуден да умреш, според законот кој ни е даден од Мосија, нашиот последен цар; и беше признаен од овој народ; затоа овој народ мора да се придржува до законот.

15 И се случи тие да го одведат; и неговото име беше Нехор; и го носеа на врвот на ридот Манти, и таму беше принуден, или попрво призна, меѓу небото и земјата, дека тоа што тој го беше поучувал народот беше спротивно од Божјото слово; и таму тој доживеа срамна смрт.

16 Сепак, ова не стави крај на ширењето на поповштината низ земјата; бидејќи постоеја многу кои ги сакаа суетните нешта на овој свет, и тие излегоа проповедајќи лажни учења; и тие го правеа ова поради богатства и слава.

17 Сепак, не се осмелуваа да лажат, да се знае, поради стравот од законот, бидејќи лажговците беа казнети; затоа тие се преправаа дека проповедаат според нивното верување; и сега законот не можеше да има моќ над ниту еден човек поради неговото верување.

18 И тие не се осмелуваа да крадат, поради стравот од законот, бидејќи таквите беа казнувани; ниту се осмелуваа да ограбуваат, ниту убиваат, бидејќи тој што убиваше беше казнуван со смрт.

19 Но се случи било кој што не припаѓаше на црквата на Бог да започне да ги прогонува тие кои припаѓаа на црквата на Бог, и беа го преземале врз себе Христовото име.

20 Да, тие ги прогонуваа, и ги мачеа со секакви зборови, и ова поради нивната понизност; бидејќи тие не беа горди во своите очи, и бидејќи го соопштуваа Божјото слово, еден со друг, без пари и без цена.

21 Сега, постоеше строг закон меѓу народот од црквата, дека ниту еден човек, кој припаѓа на црквата, не смее да се воздигне и да ги прогонува оние кои не припаѓаат на црквата, и дека не смее да има прогонувања помеѓу нив самите.

22 Сепак, постоеја многу помеѓу нив кои станаа горди, и започнаа вжештено да се препираат со нивните противници, дури и со удари; да, тие се удираа едни со други со своите тупаници.

23 Сега ова беше во втората година од владеењето на Алма, и тоа беше причина за многу маки во црквата; да, тоа беше причина за големо искушение во врска со црквата.

24 Зашто срцата на многумина беа закоравени, и нивните имиња беа избришани, за повеќе да не бидат запомнети помеѓу Божјиот народ. И исто така многу се повлекоа помеѓу нив.

25 Сега ова беше големо искушение за оние кои беа цврсти во верата; сепак, тие беа постојани и непоколебливи во одржување на Божјите заповеди, и тие стрпливо го поднесуваа прогонувањето кое им беше натрупано врз нив.

26 И кога свештениците ја напуштија својата работа за да му го соопштат Божјото слово на народот, народот исто така ја напушти својата работа за да го слушне Божјото слово. И кога свештеникот им го соопшти Божјото слово, сите тие повторно трудољубиво им се вратија на своите работи; и свештеникот, не се почитуваше повеќе од своите слушатели, бидејќи проповедникот не беше подобар од слушателот, ниту пак учителот не беше подобар од ученикот; и така сите беа еднакви, и сите тие работеа, секој човек колку што му е силата.

27 И тие даваа од својот имот, секој човек според тоа што го имаше, на сиромавиот, и на бедниот, и на болниот, и на погодените; и тие не носеа скапа облека, а сепак беа уредни и привлечни.

28 И така ги воспоставија работите на црквата; така што почнаа повторно да имаат постојан мир, без оглед на сите нивни прогонувања.

29 И сега, поради постојаноста на црквата тие станаа премногу богати, имајќи во изобилство сѐ што им беше потребно—изобилство на стада и крда, и секаков вид на угоена стока, и исто така изобилство на жита, и на злато, и на сребро, и на скапоцени нешта, и изобилство на свила и фино плетен лен, и секаков вид на добра домашна облека.

30 И така, во нивните просперитетни околности, тие не ги протеруваа оние кои беа голи, или кои беа гладни, или кои беа жедни, или кои беа болни, или кои не биле негувани; и не ги насочија нивните срца кон богатства; затоа тие беа либерални кон сите, и на старите и на младите, и на заробените и на слободните, и на машкото и на женското, без разлика дали се надвор од црквата или во црквата, без да гледаат за кого се работи туку на кого му е потребно.

31 И така тие напредуваа и станаа далеку побогати од оние кои не припаѓаа на нивната црква.

32 Зашто оние кои не припаѓаа на нивната црква се препуштаа на магиите, и на идолопоклонството или на безделничењето, и во озборувања, и во завист, и кавги; носејќи скапа облека; занесувајќи се во гордоста на своите очи; прогонувајќи, лажејќи, крадејќи, ограбувајќи, извршувајќи блудства, и убиство, и секаков вид на пакост; сепак, законот беше применуван над сите оние кои го престапуваа, онолку колку што можеше.

33 И се случи така што применувајќи го законот врз нив, секој човек страдаше според тоа што беше го сторил, тие станаа посмирени, и не се осмелуваа да сторат било каква пакост за да се знае; затоа, постоеше многу мир помеѓу народот на Нефи до петата година од владеењето на судиите.