Глава 47
Амаликија употребува предавство, убиство, и интрига за да стане цар на Ламанитите—Нефитските одметници се попакосни и посвирепи од Ламанитите. Околу 72 п.н.е.
1 Сега ќе се вратиме во нашиот запис со Амаликија и оние кои со него избегаа во дивината; зашто, ете, тој беше ги земал оние кои беа со него, и замина во земјата Нефи помеѓу Ламанитите, и ги наведе Ламанитите да се разгневат против народот на Нефи, толку многу што царот на Ламанитите испрати проглас кон целата земја, помеѓу целиот негов народ, дека повторно треба да се соберат заедно за да се борат против Нефитите.
2 И се случи кога прогласот беше објавен помеѓу нив, тие премногу се плашеа; да, се плашеа да го налутат царот, и исто така се плашеа да тргнат во борба против Нефитите за да не ги изгубат животите. И се случи да не сакаа, односно поголем дел од нив да не сакаа да послушаа заповедите на царот.
3 И сега се случи царот да биде гневен поради нивната непослушност; затоа тој му ја даде командата на Амаликија над оној дел од неговата војска кој беше послушен на неговите заповеди, и му заповеда да тргне и да ги принуди да се вооружаат.
4 Сега ете, ова беше желбата на Амаликија; бидејќи тој како многу суптилен човек прави зло затоа го скрои планот во неговото срце да го симне од престолот царот на Ламанитите.
5 И сега тој ја доби командата врз тие делови на Ламанитите кои му беа благонаклонети на царот; и сакаше да добие благонаклонетост од оние кои не беа послушни; затоа тргна до место кои се викаше Онида, бидејќи таму сите Ламанити избегаа; бидејќи открија дека доаѓа војската, и, претпоставуваа дека доаѓаа да ги уништат, затоа избегаа во Онида, до местото со оружје.
6 И беа назначиле човек да им биде цар и водач над нив, насочени во нивните умови со одлучно решение дека нема да бидат подложени да одат против Нефитите.
7 И се случи да се соберат заедно на врвот на планината која се викаше Антипас, подготвувајќи се за борба.
8 Сега не беше намера на Амаликија да се бори со нив според заповедите на царот; туку ете, неговата намера беше да добие благонаклонетост помеѓу Ламанитските војски, за да може да се постави како нивен водач и да го симне од престолот царот и да го преземе царството.
9 Но ете, се случи да нареди на неговата војска да ги распне нивните шатори во долината која беше близу планината Антипас.
10 И се случи кога падна мрак испрати таен гласник на планината Антипас, посакувајќи водачот на оние кои се врз планината, чие име е Лехонти, да се симне во подножјето на планината, бидејќи сакаше да зборува со него.
11 И се случи кога Лехонти ја прими пораката, тој не се осмели да се симне во подножјето на планината. И се случи Амаликија повторно да испрати по втор пат, посакувајќи да се симне. И се случи Лехонти да не се симне; и повторно го испрати по трет пат.
12 И се случи кога Амаликија дозна дека не можеше да го натера Лехонти да се симне од планината, тој се качи на планината, во близина на кампот на Лехонти, и повторно му ја испрати по четврти пат неговата порака на Лехонти, посакувајќи да се симне, и да ги поведе неговите стражари со него.
13 И се случи кога Лехонти беше се симнал долу со неговите стражари кај Амаликија, Амаликија посака да се симне со неговата војска преку ноќта, и да ги опколи тие војници во нивните кампови над кого царот беше му дал команда, и дека тој ќе ги предаде во рацете на Лехонти, ако го направи него (Амаликија) втор водач врз неговата војска.
14 И се случи Лехонти да се симне со неговите војници и ги опколи војниците на Амаликија, така што пред да се разбудат во зората на денот беа опколени од војските на Лехонти.
15 И се случи кога видоа дека се опколени, го преколнуваа Амаликија да им дозволи да се обединат со нивните браќа, за да не бидат уништени. Сега Амаликија го посакуваше токму ова.
16 И се случи да ги предаде своите војници, спротивно од заповедите на царот. Сега ова беше тоа што Амаликија го посакуваше, за да ги исполни неговите планови за симнување од престолот на царот.
17 Сега беше обичај помеѓу Ламанитите, ако нивниот главен водач е убиен, да го назначат нивниот втор водач да им биде главен водач.
18 И се случи Амаликија да нареди еден од неговите слуги да го послужи со отров во мала мера Лехонти, така што тој умре.
19 Сега, штом Лехонти беше мртов, Ламанитите го назначија Амаликија да им биде водач и главен командант.
20 И се случи Амаликија да маршира со своите војски (бидејќи беше ги стекнал неговите желби) во земјата Нефи, во градот Нефи, кој беше главен град.
21 И царот излезе да го пресретне со неговите стражари, бидејќи беше претпоставил дека Амаликија ги беше исполнил неговите заповеди, и дека Амаликија беше собрал толку голема војска да тргне против Нефитите во борба.
22 Но ете, додека царот излегуваше да го пресретне, Амаликија нареди неговите слуги да тргнат напред и да го пресретнат царот. И тие тргнаа и му се покорија на царот, како да му укажат почит поради неговата големина.
23 И се случи царот да ја испружи раката да ги крене, кој беше обичајот со Ламанитите, како знак за мир, тој обичај кои беа го земале од Нефитите.
24 И се случи кога беше го кренал првиот од земјата, ете го прободе царот во срцето; и тој падна на земјата.
25 Сега слугите на царот избегаа; а слугите на Амаликија викнаа, велејќи:
26 Ете, слугите на царот го прободеа во срцето, и тој падна а тие избегаа; ете, дојдете и видете.
27 И се случи Амаликија да заповеда неговите војски да маршираат напред и да видат што беше се случило со царот; и кога беа пристигнале до местото, и го најдоа царот како лежи во неговата крв, Амаликија се преправаше дека е гневен, и кажа: Тие што го сакаа царот, нека тргнат напред, и нека ги следат неговите слуги за да можат тие да бидат убиени.
28 И се случи сите тие кои го сакаа царот, кога ги слушнаа овие зборови, истапија и ги следеа слугите на царот.
29 Сега кога слугите на царот видоа војска како ги следи, повторно беа исплашени, и избегаа во дивината, и дојдоа во земјата Зарахемла и му се придружија на народот на Амон.
30 А војската која ги следеше се врати, следејќи ги залудно; и така Амаликија, со неговата измама, ги придоби срцата на народот.
31 И се случи утредента да влезе во градот Нефи со неговите војски, и го зазема градот.
32 И сега се случи царицата, кога слушна дека царот беше убиен—бидејќи Амаликија беше испратил гласник до царицата што ја извести дека царот беше убиен од неговите слуги, дека беше ги следел со неговата војска, но беше залудно, и беа успеале да избегаат—
33 Затоа, кога царицата беше ја примила оваа порака таа му испрати на Амаликија, посакувајќи од него да го поштеди народот во градот; и таа исто така посакуваше тој да дојде кај неа; и исто така посакуваше да донесе сведоци со него кои ќе сведочат во врска со смртта на царот.
34 И се случи Амаликија да го земе истиот слуга кој го уби царот, и сите тие кои беа со него, и тргна кај царицата, на местото каде што таа седеше; и сите и сведочеа дека царот беше убиен од неговите сопствени слуги; и тие исто така рекоа: Тие избегаа; зарем ова не сведочеа против нив? И така ја задоволија царицата во врска со смртта на царот.
35 И се случи Амаликија да ја бара благонаклонетоста на царицата, и ја зема за жена; и така со неговата измама, и со помошта на неговите лукави слуги, го стекна царството; да, беше признат за цар низ целата земја, помеѓу целиот народ на Ламанитите, кој беше составен од Ламанити и Лемуилити и Исмаилити, и сите Нефитски одметници, од владеењето на Нефи до сегашното време.
36 Сега овие одметници, имајќи го истото упатство и знање од Нефитите, да, упатени со истото знаење за Господ, сепак, чудно е да се раскажува, дека не долго после нивните раздори тие станаа позакоравени и непокајнички, и подиви, попакосни, и посвирепи од Ламанитите—опијанувајќи се со традициите на Ламанитите; отворајќи пат за мрзеливоста, и секаков вид на сладострастие; да, целосно заборавајќи Го Господ нивниот Бог.