Глава 13
Мажите се повикани за врховни свештеници поради нивната огромна вера и добри дела—Тие треба да ги поучуваат заповедите—Преку праведноста тие се осветени и влегуваат во Господовиот спокој—Мелхиседек беше еден од овие—Ангелите објавуваат радосни вести ширум земјата—Тие ќе го навестат вистинското доаѓање на Христос. Околу 82 п.н.е.
1 И повторно, браќа мои, јас би сакал да ги наведам вашите мисли на времето кога Господ Бог ги даде овие заповеди на Неговите деца; и би сакал да запомните дека Господ Бог одредувал свештеници, според Неговиот свет ред, кој беше по редот на Неговиот Син, да ги поучува овие нешта на луѓето.
2 И тие свештеници беа одредени преку редот на Неговиот Син, на начин за народот да знае на кој начин да се надева на Неговиот Син за искупување.
3 И ова е начинот на кој беа одредени—беа повикани и подготвувани од основањето на светот според предзнаењето за Бог, заради нивната преголема вера и добри дела; најнапред беа препуштени да бираат добро или лошо; затоа тие одбраа добро, и практикувајќи преголема вера, се повикани на свет повик, да, на овој свет повик кој беше подготвен заедно, и во согласност со, подготвително искупување за такво нешто.
4 И така беа повикани на овој свет повик заради нивната вера, додека другите го одбиваа Божјиот Дух заради закоравеноста на нивните срца и слепоста на нивните умови, додека, да не беше ова тие можеа да имаат големи привилегии како нивните браќа.
5 Или накратко, најнапред беа на исто рамниште со нивните браќа; така овој свет повик кој беше подготвен од основањето на светот за оние кои нема да им ги закорави нивните срца, и тоа во и преку помирувањето на Единородениот Син, кој беше подготвен—
6 И така беа повикани на овој свет повик, и одредени за високото свештенство на светиот ред на Бог, да ги поучуваат Неговите заповеди на човечките деца, за и тие исто да можат да влезат во Неговиот спокој—
7 Ова високо свештенство според редот на Неговиот Син, чиј ред беше од основањето на светот; или со други зборови, кој е без почеток на денови или крај на години, да се биде подготвен од вечноста до целата вечност, според Неговото предзнаење за сите нешта—
8 Сега тие беа одредени на овој начин—беа повикани со свет повик, и одредени со свет обред, и преземајќи го врз себе високото свештенство на светиот ред, чии повик, и обред, и високо свештенство, се без почеток или крај—
9 Така тие станаа високи свештеници засекогаш, по редот на Синот, Единородениот од Отецот, Кој е без почеток на денови или крај на години, Кој е полн со благодат, еднаквост и вистина. И така е. Амин.
10 Сега, како што реков во врска со светиот ред, односно ова високо свештенство, имаше многу кои беа одредени и станаа високи свештеници на Бог; и беше заради нивната извонредна вера и покајание, и нивната праведност пред Бог, тие одбирајќи да се покајат и да работат праведно отколку да загинат;
11 Затоа беа повикани по овој свет ред, и беа осветени, и нивните облеки беа обелени преку крвта на Јагнето.
12 Сега тие, откако беа осветени од Светиот Дух, бидејќи нивните облеки беа избелени, беа чисти и безгрешни пред Бог, и не можеа да гледаат на гревот освен со одвратност; и имаше многу, премногу од оние, кои беа прочистени и влегоа во спокојот на Господ нивниот Бог.
13 И сега, браќа мои, би сакал да се понизите пред Бог, и да раѓате плод кој доликува на покајание, за и вие исто така да можете да влезете во тој спокој.
14 Да, понизете се дури и како луѓето во деновите на Мелхиседек, кој исто така беше висок свештеник по овој ист ред за кој зборував, за кој исто така го презеде врз него високото свештенство засекогаш.
15 И тоа беше овој ист Мелхиседек кому Авраам му плаќаше десеток; да, дури и нашиот татко Авраам плаќаше десеток од една десетина од сѐ што поседуваше.
16 Сега овие обреди беа дадени според овој начин, за да можат луѓето да се надеваат на Синот Божји, бидејќи тоа беше пример на Неговиот ред, или беше Неговиот ред, за да можат да очекуваат од Него опростување од нивните гревови, за тие да можат да влезат во Господовиот спокој.
17 Сега овој Мелхиседек беше цар над земјата Салем; и неговиот народ зацврсте во беззаконието и одвратностите; да, сите тие беа застраниле; тие беа исполн со секаков вид на пакости;
18 Но Мелхиседек практикувајќи моќна вера, и ја доби службата за високото свештенство според светиот ред на Бог, тој проповедаше покајание на неговиот народ. И ете, тие се покајаа; и Мелхиседек постави мир во земјата во неговите денови; затоа тој беше наречен кнез на мирот, бидејќи тој беше царот на Салем; и тој владееше под неговиот татко.
19 Сега, постоеја многу пред него, и исто така постоеја многу потоа, но ниту еден не беше поголем; затоа, особено повеќе го споменуваат.
20 Сега не треба да го повторувам тоа; тоа што го реков ќе биде доволно. Ете, светите писма се пред вас; ако ги изопачувате ќе биде за вашето лично уништување.
21 А сега се случи дека кога Алма им ги кажа овие зборови, тој ја испружи својата рака кон нив и довикна со силен глас, велејќи: Сега е времето да се покаете, бидејќи денот на спасението се ближи;
22 Да, и гласот на Господ, преку ангелските усти, го објавува тоа на сите нации; да, го објави тоа, за да можат да имаат радосни вести за голема среќа; да, и Тој ги нагласи овие радосни вести помеѓу целиот Негов народ, да, дури и на оние кои се распрснати во странство на лицето на земјата; затоа дојдоа при нас.
23 А тие ни се познати преку јасни изрази, за да разбереме, дека не можеме да грешиме; и ова поради тоа што сме скитници во туѓа земја; затоа, ние така сме високо благодатни, бидејќи ги имаме овие радосни вести кои ни се објавени во сите делови на нашето лозје.
24 Зашто ете, ангелите им објавуваат на многумина во ова време во нашата земја; и ова е со цел за подготвување на срцата на човечките деца да го примат Неговиот збор во времето на Неговото доаѓање во Неговата слава.
25 И сега ние само чекаме да ги слушнеме радосните вести кои ни се објавени преку ангелските усти, за Неговото доаѓање; бидејќи дојде времето, не знаеме колку скоро. Нека даде Бог тоа да може да биде во мојот ден; но дури и да биде порано или подоцна, во тоа ќе се радувам.
26 А тоа ќе им биде познато само на праведните и свети луѓе, преку ангелските усти, за време на Неговото доаѓање, за да се исполнат зборовите на нашите татковци, според тоа што го зборуваа во врска со Него, што беше според духот на пророштвото кој беше во нив.
27 И сега, браќа мои, ви посакувам од најдлабокиот дел на моето срце, да, со голема вознемиреност дури и до болка, да ги послушате моите зборови, и да ги отфрлите вашите гревови, и да не го одложувате денот на вашето покајување;
28 Туку да се покорите пред Господ, и да го повикате Неговото свето име, и да внимавате и да се молите постојано, за да не бидете искушени повеќе од тоа што можете да поднесете, и така да бидете водени од Светиот Дух, станувајќи понизни, питоми, покорни, трпеливи, полни со љубов и цела макотрпност;
29 Имајќи вера во Господ; имајќи надеж дека ќе добиете вечен живот; имајќи ја Божјата љубов секогаш во вашите срца, за да бидете кренати на последниот ден и да влезете во Неговиот спокој.
30 А нека Господ ви додели покајание за да не го спуштите Неговиот гнев врз вас, за да не бидете оковани од синџирите на пеколот, за да не ја претрпите втората смрт.
31 И Алма му говореше на народот уште многу зборови, кои не се запишани во оваа книга.