Книгата на Хеламан
Извештај на Нефитите. Нивните војни и препирања, и нивните раздори. Исто и пророштвата на многу свети пророци, пред доаѓањето на Христос, според записите на Хеламан, кој беше синот на Хеламан, а и според записите на неговите синови, дури и до доаѓањето на Христос. А исто многу од Ламанитите се преобратени. Извештај за нивното преобратување. Извештај на праведноста на Ламанитите, и на пакоста и одвратностите на Нефитите, според записот на Хеламан и неговите синови, дури и до доаѓањето на Христос, што се нарекува книгата на Хеламан, и така натаму.
Глава 1
Пахоран вториот станува главен судија и е убиен од Кишкумен—Пакумени ја пополнува судиската столица—Кориантумир ги води Ламанитските војски, ја зазема Зарахемла, и го убива Пакумени—Морониха ги победува Ламанитите и повторно ја зазема Зарахемла, и Кориантумир е убиен. Околу 52–50 п.н.е.
1 И сега ете, се случи во почетокот на четириесеттата година на владеењето на судиите над Нефитскиот народ, почнуваше да има сериозна потешкотија помеѓу народот на Нефитите.
2 Зашто ете, Пахоран беше умрел, и беше поминал по патот на целата земја; затоа почнуваше да има преголемо препирање односно кој треба да ја има судиската столица од браќата, кои беа синовите на Пахоран.
3 Сега овие се имињата на оние кои се препираа за судиската столица, кои и народот го предизвикаа да се препира: Пахоран, Панки, и Пакумени.
4 Сега овие не се сите синови на Пахоран (зашто тој имаше многу), но овие се тие кои се препираа за судиската столица; затоа, предизвикаа три поделби меѓу народот.
5 Сепак, се случи дека Пахоран беше назначен од гласот на народот да биде главен судија и управник над Нефитскиот народ.
6 И се случи дека Пакумени, кога виде дека не може да ја добие судиската столица, тој се обедини со гласот на народот.
7 Но ете, Панки, и тој дел на народот кои посакуваа тој да биде нивниот управник, беше премногу разгневен; затоа, беше спремен да го поттикне тој народ да се дигне на бунт против нивните браќа.
8 И се случи дека штом тој беше спремен да го прави тоа, ете, беше фатен, и според гласот на народот беше изведен на суд, и осуден на смрт; зашто беше се дигнал на бунт и побарал да ја уништи слободата на народот.
9 Сега кога оние луѓе кои посакаа тој да биде нивниот управник видоа дека беше осуден на смрт, затоа беа гневни, и ете, пратија еден Кишкумен, дури до судиската столица на Пахоран, и го уби Пахоран додека седеше на судиската столица.
10 И слугите на Пахоран го гонеа; но ете, толку брзо беше бегањето на Кишкумен што никој не можеше да го престигне.
11 И тој отиде кај оние кои го пратија, и тие сите влегоа во завет, да, се заколнаа во нивниот вечен Творец, дека нема да му кажат никому дека Кишкумен беше го убил Пахоран.
12 Затоа, Кишкумен не беше познат меѓу Нефитскиот народ, бидејќи кога го уби Пахоран беше преправен. А Кишкумен и неговата дружина, кои со него склучија завет, се вмешаа среде народот, така да не можеа сите да се најдат; но колку се најдоа толку беа осудени на смрт.
13 И сега ете, Пакумени беше назначен, според гласот на народот, да биде главен судија и управник над народот, да владее во местото на неговиот брат Пахоран; и тоа беше според неговото право. И сето ова се случи во четириесеттата година на владеењето на судиите; и таа се заврши.
14 И се случи во четириесет и првата година на владеењето на судиите, дека Ламанитите беа собрале заедно безбројна војска на војници, и ги наоружаа со мечеви, и со сабји и со лакови, и со стрели, и со шлемови, и со градни оклопи, и со секакви штитови од секој вид.
15 И тие пак се симнаа за да можат да започнат борба против Нефитите. И беа водени од човек чие име беше Кориантумир; и тој беше потомок на Зарахемла; и беше одметник од меѓу Нефитите; и беше голем и силен човек.
16 Затоа, Ламанитскиот цар, чие име беше Тубалот, кој беше Амороновиот син, мислеше дека Кориантумир, бидејќи е силен човек, може да им се спротивстави на Нефитите, со својата моќ а исто и со својата голема мудрост, така да го прати напред да стекне моќ над Нефитите—
17 Затоа тој ги поттикна на гнев, и ги собра заедно неговите војски, и го назначија Кориантумир за нивниот водач, и нареди да маршираат во земјата Зарахемла за да се борат против Нефитите.
18 И се случи дека поради толку многу препирање и толку многу тешкотии во управувањето, тие не поставиле доволно стражари во земјата Зарахемла; зашто претпоставиле дека Ламанитите не смееја да влезат во срцето на нивните земји да го нападнат оној голем град Зарахемла.
19 Но се случи дека Кориантумир маршираше напред на чело на неговата бројна војска, и се нафрли на жителите на градот, и нивниот марш беше со толку многу силна брзина што немаше време за Нефитите да ги соберат нивните војски заедно.
20 Затоа Кориантумир ја отсече стражата покрај влезот на градот, и маршираше напред со целата своја војска во градот, и го убија секој човек кој им се спротивстави, толку многу што го зазедоа целиот град.
21 И се случи дека Пакумени, кој беше главниот судија, избега пред Кориантумир, дури до ѕидовите на градот. И се случи Кориантумир да го удираше него во ѕидот, толку многу што тој умре. И така завршија деновите на Пакумени.
22 И сега кога Кориантумир виде дека го освои градот Зарахемла, и виде дека Нефитите избегаа пред нив, и беа убиени, и беа одведени, и беа фрлени во затвор, и дека го зазема поседот на најсилното упориште во целата земја, срцето негово се охраби толку многу што беше спремен да оди против целата земја.
23 И сега тој не остана во земјата Зарахемла, туку маршираше напред со голема војска, сѐ до градот Изобилство; зашто неговата решителност беше да појде напред и со меч да го пресече својот пат, за да може да ги добие северните делови на земјата.
24 И, претпоставувајќи дека нивната најголема моќ беше во центарот на земјата, затоа тој маршираше напред, не давајќи им време да се соберат заедно освен тоа во мали групи; и на овој начин ги нападнаа и ги заклаа на земјата.
25 Но ете, маршот на Кориантумир низ центарот на земјата му даде на Морониха голема предност над нив, без оглед на големината на бројот на Нефитите кои беа убиени.
26 Зашто ете, Морониха беше претпоставил дека Ламанитите не смееја да дојдат во центарот на земјата, а дека би ги нападнале градовите наоколу во границите како што правеле порано; затоа Морониха беше наредил дека нивните силни војски треба да ги чуваат тие околни делови покрај границите.
27 Но ете, Ламанитите не беа исплашени според неговата желба, но беа дошле во центарот на земјата, и беа го зеле главниот град што беше градот Зарахемла, и маршираа низ најглавните делови на земјата, и го убиваа народот со големо колење, и мажи, жени, и деца, и освојуваа многу градови и многу упоришта.
28 Но кога Морониха беше го открил ова, веднаш го испрати Лехи со војската наоколу да им го пресече патот пред да дојдат во земјата Изобилство.
29 И така направи; и тој ги пресече пред да дојдат во земјата Изобилство, и се бореше со нив, толку многу што започнуваа да се повлекуваат кон земјата Зарахемла.
30 И се случи дека Морониха ги пресече во нивното повлекување, и се бореше со нив, толку многу што стана премногу крвава борба; да, многу беа убиени, а меѓу бројот на убиените беше најден и Кориантумир.
31 И сега, ете, Ламанитите не можеа никаде да се повлечат, ниту на север, ни на југ, ни на исток, ни на запад, затоа што на секоја страна беа опкружени од Нефитите.
32 И така Кориантумир беше ги турнал Ламанитите среде Нефитите, толку многу што беа во моќта на Нефитите, и тој самиот беше убиен, и Ламанитите се предадоа самите себе во рацете на Нефитите.
33 И се случи Морониха повторно да го освои градот Зарахемла, и нареди Ламанитите кои беа заробени да заминат од земјата во мир.
34 И така заврши четириесет и првата година на владеењето на судиите.