Пророштвото на Нефи, Синот на Хеламан—Бог му се заканува на Нефитскиот народ дека Тој ќе ги посети со Неговата лутина, до нивно целосно уништување освен ако не се покајат од нивната пакост. Бог го удри со чума Нефитскиот народ; тие се покајуваат и се вртат кон Него. Самуел, Ламанит, им проповеда на Нефитите.
Ги опфаќа главите од 7 до 16.
Глава 7
Нефи е одбиен на север и се враќа во Зарахемла—Тој се моли врз неговата кула во градината и потоа го повикува народот да се покае или да загине. Околу 23–21 п.н.е.
1 Ете, сега се случи во шеесет и деветтата година од владеењето на судиите врз Нефитскиот народ, дека Нефи, синот на Хеламан, се врати во земјата Зарахемла од земјата на север.
2 Зашто тој беше излегол помеѓу народот што беше во земјата на север, и им го проповедаше Божјото слово на нив, и им проповедаше многу нешта;
3 И ги одбија сите негови зборови, толку што тој не можеше да остане помеѓу нив, туку се врати во неговата родна земја.
4 И гледајќи го народот во состојба на толку ужасна пакост, и тие Гадијантови разбојници како ги пополнуваат судиските столици—ја узурпираа моќта и власта на земјата, запоставувајќи ги Божјите заповеди, и ни најмалку исправно пред Него; не спроведувајќи правда врз човечките деца.
5 Осудувајќи ги праведните поради нивната праведност; оставајќи ги виновните и пакосните да поминат неказнето поради нивните пари; и згора на тоа да бидат задржани на чело на владата, да владеат и да прават според нивната волја, за да стекнат добивка и слава од светот, и, згора на тоа, да можат полесно да извршуваат прељуба, и да крадат, и да убиваат, и да прават според сопствената волја—
6 Сега ова големо беззаконие беше дошло на Нефитите, за време од не многу години; и кога Нефи го виде, неговото срце беше отечено од тага во градите; и извика во мачење на неговата душа:
7 О, да можев да ги доживеам моите денови во деновите кога мојот татко Нефи прв пат излезе од земјата Ерусалим, да можев да се радувам со него во ветената земја; тогаш неговиот народ беше лесно замолен, цврсто да ги одржува заповедите на Бог, а беше тешко да биде заведен да врши беззаконие; и брзо ги послуша зборовите на Господ—
8 Да, ако моите денови би можеле да бидат во тие денови, тогаш мојата душа би се радувала во праведноста на моите браќа.
9 Но ете, доверени ми се овие денови, и мојата душа да биде исполнета со тага поради пакоста на моите браќа.
10 И ете, сега се случи да беше на кула, која беше во градината Нефи, која беше покрај главниот пат кој водеше до главниот пазар, кој беше во земјата Зарахемла; затоа, Нефи беше се поклонил на кулата која беше во неговата градина, чија кула беше исто така близу до портата на градината покрај која поминуваше патот.
11 И се случи да имаше одредени луѓе кои поминуваа и го видоа Нефи како му ја излеваше својата душа на Бог врз кулата; и истрчаа и му кажаа на народот што беа виделе, и народот дојде во мноштва за да можат да ја знаат причината за толку големо жалење заради пакоста на народот.
12 И сега, кога Нефи стана, ги виде мноштвата на луѓе кои беа се собрале заедно.
13 И се случи тој да ја отвори својата уста и им кажа: Ете, зошто се собравте заедно? За да ви кажам за вашите беззаконија?
14 Да, бидејќи јас се качив на мојата кула за да можам да му ја излеам мојата душа на Бог, поради огромната тага на моето срце, која е поради вашите беззаконија!
15 И поради моето жалење и оплакување вие се собравте заедно, и се чудите; да, и имате голема потреба да се чудите, да; треба да се чудите бидејќи дозволивте ѓаволот толку силно да ги обземе вашите срца.
16 Да, како можевте да му дозволите заведување на оној кој сака да ги турне вашите души долу во вечна мизерија и бескрајна тешкотија?
17 О покајте се, покајте се! Зошто да умрете? Завртете се, завртете се кон Господ вашиот Бог. Зошто Тој ве напуштил?
18 Тоа е бидејќи сте ги закоравиле вашите срца; да, нема да го послушате гласот на добриот овчар; да, го испровоцирале Него да ви се налути.
19 И ете, наместо да ве собере, освен ако се покаете, ете, Тој ќе ве расее за да станете месо за кучиња и диви ѕверови.
20 О, како можевте да Го заборавите вашиот Бог на самиот ден кога Тој ве избави?
21 Но ете, тоа е да се стекнете добивка, да бидете пофалени од луѓето, да, и за да можете да добиете злато и сребро. И ги насочивте вашите срца на богатствата и суетните нешта на овој свет, за кои убивате, и ограбувате, и крадете, и лажно сведочите против вашиот сосед, и правите секаков вид на беззаконие.
22 И поради оваа причина тешко на вас освен ако не се покаете. Зашто ако не се покаете, ете, овој голем град, и исто така сите тие големи градови кои се наоколу, кои се во земјата на нашиот посед, ќе бидат одземени за вие да немате место во нив; зашто ете, Господ нема да ви додели сила, како што Тој претходно направи, да издржите против вашите непријатели.
23 Зашто ете, така кажа Господ: Јас нема да им ја покажам на пакосните Мојата сила, на едниот повеќе од другиот, освен на оние кои ќе се покајат од своите гревови, и ги послушаат Моите зборови. Сега затоа, би сакал да погледнете, браќа мои, дека е подобро за Ламанитите отколку за вас освен ако не се покаете.
24 Зашто ете, тие се поправедни од вас, бидејќи не грешеа против тоа големо знаење кое вие го примивте; затоа Господ ќе биде милостив со нив; да, Тој ќе ги продолжи нивните денови и го зголеми нивното потомство, дури и кога вие ќе бидете целосно уништени освен ако не се покаете.
25 Да, тешко на вас поради таа голема одвратност која дојде помеѓу вас; а вие се обединивте во тоа, да, во таа тајна дружина која ја основаше Гадиантон!
26 Да, тешкотија ќе дојде кај вас поради таа гордост која дозволивте да влезе во вашите срца, која ве крена повеќе од тоа што е добро поради вашите премногу големи богатства!
27 Да, тешко на вас поради вашата пакост и одвратности!
28 И освен ако не се покаете ќе загинете; да, дури и вашите земји ќе ви бидат одземени, и ќе бидете уништени од лицето на земјата.
29 Ете сега, не велам дека ќе се случат овие нешта, од мене, бидејќи не е од мене да ги знам овие нешта; туку ете, знам дека овие нешта се вистинити бидејќи Господ Бог ми ги откри, затоа сведочам дека ќе бидат.