Глава 6
Праведните Ламанити им проповедаат на пакосните Нефити—Двата народа напредуваат за време на ерата на мирот и изобилството—Луцифер, авторот на гревот, ги поттикнува срцата на пакосните и на Гадијантовите разбојници на убиство и зло—Разбојниците ја преземаат Нефитската влада. Околу 29–23 п.н.е.
1 И се случи кога беше завршила шеесет и втората година на владеењето на судиите, сето тоа се беше случило и Ламанитите беа станале, поголемиот дел од нив, праведен народ, толку многу што нивната праведност ја надмине таа на Нефитите, поради својата цврстина и постојаност во верата.
2 Зашто ете, имаше многу од Нефитите кои беа станеле тврди и непоправливи и исклучиво пакосни, толку многу што го отфрлија словото Божјо и сето проповедање и пророкување што дојде среде нив.
3 Сепак, луѓето од црквата имаа голема радост поради преобратувањето на Ламанитите, да, поради црквата Божја, која беше воспоставена меѓу нив. И беа во заедница еден со друг, и се радуваа еден со друг, и имаа голема радост.
4 И се случи дека многу Ламанити се симнаа во земјата Зарахемла, и му го објавија на Нефитскиот народ начинот на преобратување, и ги поттикнаа на вера и покајание.
5 Да, и многу проповедаа со премногу голема моќ и власт, водејќи многу од нив во длабочините на понизноста, за да бидат понизни следбеници на Бог и на Јагнето.
6 И се случи дека многу Ламанити одеа во земјата на север; а исто така Нефи и Лехи отидоа во земјата на север, да му проповедаат на народот. И така се заврши шеесет и третата година.
7 И ете, имаше мир во сета земја, толку многу што Нефитите одеа во било која земја што ја посакуваа, било меѓу Нефитите или Ламанитите.
8 И се случи Ламанитите да одат исто така каде и да посакуваа, било меѓу Ламанитите или меѓу Нефитите; и така имаа слободно взаемни односи еден со друг, да купуваат и да продаваат, и да стекнуваат добивка, според својата желба.
9 И се случи дека станаа многу богати, и Ламанитите и Нефитите; и имаа големо изобилство на злато и сребро и на секакви скапоцени метали, и во земјата на југ и во земјата на север.
10 Сега земјата на југ се викаше Лехи, а земјата на север се викаше Мулек, што беше според синот на Зедекија; бидејќи Господ го донесе Мулек во земјата на север, а Лехи во земјата на југ.
11 И ете, имаше секој вид злато во овие две земји, и сребро и скапоцена руда од секаков вид; а и имаше внимателни работници, кои изработуваа секакви видови руда и ја пречистуваа; и така стануваа богати.
12 Тие одгледуваа жито во изобилство, и на север и на југ; и премногу напредуваа, и на север и на југ. И се размножуваа и премногу зацврстуваа во земјата. И одгледуваа многу стада и крда, да, и многу угоени животни.
13 Ете нивните жени се трудеа и предеа, и правеа секаков вид платно, и преден лен и платно од секаков вид, за да ја облечат својата голина. И така во мир се заврши шеесет и четвртата година.
14 И во шеесет и петтата година исто така имаа голема радост и мир, да, многу проповедања и многу пророштва во врска со тоа што ќе се случи. И така се заврши шеесет и петтата година.
15 И се случи во шеесет и шестата година на владеењето на судиите, ете, Цезорам беше убиен од некоја непозната рака додека седеше на судиската столица. И се случи во истата година, дека неговиот син, кој беше назначен од народот во негово место, да биде убиен. И така се заврши шеесет и шестата година.
16 И во почетокот на шеесет и седмата година луѓето пак почнаа да стануваат премногу пакосни.
17 Зашто ете, Господ беше ги благословил толку долго со богатствата на светот што не беа поттикнати на гнев, на војни, ни на крвопролевање; затоа почнаа да ги управуваат срцата свои на богатствата свои; да, почнуваа да бараат да стекнат добивка за да можат да бидат кренати едни над други; затоа почнаа да вршат тајни убиства, и да ограбуваат и да крадат, за да можат да стекнат добивка.
18 И сега ете, тие убијци и разбојници беа една дружина што беше создадена од Кишкумен и Гадијантон. И сега беше се случило дека имаше многу, дури среде Нефитите, од Гадијантовата дружина. Но ете, беа побројни среде попакосниот дел на Ламанитите. И се нарекоа Гадијантови разбојници и убијци.
19 И беа оние кои го убија главниот судија Цезорам, и неговиот син, додека беа на судиската столица; и ете, не беа пронајдени.
20 И сега се случи Ламанитите да се сожалат многу штом открија дека имаше разбојници среде нив; и тие направија сѐ што беше во својата моќ да ги уништат од лицето на земјата.
21 Но ете, Сатаната ги поттикна срцата на поголемиот дел на Нефитите, толку многу што се соединија со оние дружини на разбојници, и навлегоа во нивните завети и нивните заклетва, така што би се штителе и сочувале меѓусебно во било какви тешки прилики да се најдат, за да не страдат за своите убиства, и своите грабежи, и своите кражби.
22 И се случи дека имаа своите знаци, да, своите тајни знаци, и своите тајни зборови; и тоа за да би разликувале некој брат што беше навлегол во заветот, за било какво злосторство братот да изврши да не го повреди братот, ни оние кои припаѓаа на неговата дружина, кои го беа дале овој завет.
23 И тоа за да можат да убиваат, и да крадат, и да извршуваат блудства и секакви злосторства, а тоа против законите на нивната земја а и законите на својот Бог.
24 И ако било кој од оние кои припаѓаа на нивната дружина би му ги открил на светот нивните злосторства и нивните одвратности, ќе биде суден, не според законите на нивната земја, туку според законите на својата пакост, што беше даден од Гадијантон и Кишкумен.
25 Сега ете, овие се тајните заклетви и завети што му беше заповедал Алма на неговиот син дека не треба да одат во светот, така да не бидат средства за соборување на народот до уништување.
26 Сега ете, оние тајни заклетви и завети не му дојдоа на Гадијантон од записите што му беа предадени на Хеламан; туку ете, беа ставени во срцето на Гадијантон од тоа истото битие кое ги беше измамило нашите први родители да земат од забранетиот плод—
27 Да, тоа истото битие кое заговора со Каин, дека ако би го убил братот Авел нема да се познае на светот. И така заговори со Каин и неговите следбеници од тоа време натаму.
28 А исто така е тоа истото битие кое всади во срцата на луѓето да изградат кула доволно висока да можат да стигнат во небото. И беше тоа истото битие кое го вовело народот од онаа кула до оваа земја; кое ги прошири делата на темнината и одвратностите преку целото лице на земјата, додека не го повлече народот долу во целосно уништување, и во бескраен пекол.
29 Да, тоа е истото битие кое всади во срцето на Гадијантон да го продолжи делото на темнината, и на тајното убиство; и го довел од почетокот на време па сѐ до ова време.
30 И ете, тој е оној кој е авторот на секаков грев. И ете, тој ги извршува неговите дела на темнината и тајното убиство, и ги предава нивните заговори, и нивните клетви, и нивните завети, и нивните планови на страшна пакост, од поколение до поколение толку колку што може да влијае на срцата на човечките деца.
31 И сега ете, тој силно ги владееше срцата на Нефитите; да, толку многу што беа станале премногу пакосни; да, повеќето од нив беа застраниле од патот на праведноста, и ги прегазија заветите Божји под нивните нозе, и ги завртеа по своите патишта, и градеа за себе идоли од своето злато и своето сребро.
32 И така се случи дека сите овие беззаконија им дојдоа во текот на не многу години, толку кратко што повеќето им беа дошле во шеесет и седмата година на владеењето на судиите врз народот на Нефи.
33 И тие исто така растеа во своите беззаконија во шеесет и осмата година, до големата тага и оплакување на праведните.
34 И така гледаме дека Нефитите почнаа да запаѓаат во неверување, и да растат во зло и одвратности, додека Ламанитите почнаа силно да растат во знаењето на својот Бог; да, почнаа да ги држат Неговите уредби и заповеди, и во вистината и праведноста да одат пред Него.
35 И така гледаме дека Духот Господов почнуваше да се повлекува од Нефитите, поради пакоста и тврдината на нивните срца.
36 И така гледаме дека Господ почнуваше да го излева Неговиот Дух врз Ламанитите, поради нивната леснотија и подготвеност да веруваат во Неговите слова.
37 И се случи Ламанитите да ја ловат дружината на разбојници на Гадијантон; и го проповедаа словото Божјо среде попакосниот дел од нив, толку многу што оваа дружина на разбојници беше целосно уништена од страна на Ламанитите.
38 И се случи на другата страна, Нефитите да ги развијат и поддржат, почнувајќи со попакосниот дел од нив, додека не ја беа пренатрупале сета земја на Нефитите, и беа ги завеле повеќето од праведните додека не беа се увериле во нивните дела земајќи од нивниот плен, и да им се придружат во нивните тајни убиства и сојузи.
39 И така стекнаа единствено управување на владата, толку многу што ги прегазуваа и удираа и мачеа и им го вртеа грбот на сиромашните и на кротките, и на понизните следбеници на Бог.
40 И така гледаме дека беа во ужасна состојба, и созреваа за вечно уништување.
41 И се случи така да заврши шеесет и осмата година од владеењето на судиите над Нефитскиот народ.