Свети Писма
Хеламан 2


Глава 2

Хеламан, синот на Хеламан, станува главен судија—Гадијантон ја води дружината на Кишкумен—Хеламанов слуга го убива Кишкумен, а Гадијантовата дружина бега во пустината. Околу 50–49 п.н.е.

1 И се случи во четириесет и втората година од владеењето на судиите, откако Морониха повторно беше воспоставил мир меѓу Нефитите и Ламанитите, ете немаше никој да ја пополни судиската столица; затоа повторно започна да има препирање помеѓу народот во врска со тоа кој да ја пополни судиската столица.

2 И се случи дека Хеламан, кој беше синот на Хеламан, беше назначен да ја пополни судиската столица, од гласот на народот.

3 Но ете, Кишкумен, кој беше го убил Пахоран, постави заседа да го уништи и Хеламан; и тој беше поддржан од неговата дружина, која беше влегла во завет дека никој не треба да ја знае неговата пакост.

4 Бидејќи постоеше еден Гадијантон, кој беше прекумерно вешт во многу зборови, а и во неговиот занает, да ја извршува тајната работа на убиство и на кражба; затоа стана водачот на Кишкуменовата дружина.

5 Затоа тој им ласка, а и Кишкумен, дека ако тие би го поставиле во судиската столица ќе им даде на оние кои припаѓаат на неговата дружина да бидат поставени во сила и власт меѓу народот; затоа Кишкумен бараше да го убие Хеламан.

6 И се случи додека одеше кон судиската столица да го уништи Хеламан, ете еден од Хеламановите слуги, бидејќи беше надвор ноќе, и, преправени, стекна знаење за замислите кои ги скрои оваа дружина да го уништи Хеламан—

7 И се случи дека тој се сретна со Кишкумен, и му даде нему знак; затоа Кишкумен му ја откри целта на неговата желба, посакувајќи да го води тој при судиската столица за да би можел да го убие Хеламан.

8 И штом Хеламановиот слуга препозна сѐ што му беше во срцето на Кишкумен, и дека му беше намерата да убива, а исто и дека им беше намерата на сите кои припаѓаа на неговата дружина да убиваат, и да крадат, и да стекнат моќ, (и тоа беше нивниот таен план и нивниот сојуз) Хеламановиот слуга му рече на Кишкумен: Да тргнеме при судиската столица.

9 Сега ова го задоволи силно Кишкумен, зашто претпостави дека ќе ја оствари својата намера; но ете, слугата на Хеламан, додека одеа кон судиската столица, го прободе Кишкумен дури до срцето, така што падна мртов без воздишка. А тој истрча и му кажа на Хеламан сѐ што беше видел, и слушнал, и правел.

10 И се случи дека Хеламан нареди да ја одведат таа дружина на разбојници и тајни убијци, за да бидат погубени според законот.

11 Но ете, штом Гадијантон беше открил дека Кишкумен не се врати, тој се уплаши да не биде уништен; затоа нареди дека неговата дружина треба да го следи. И тие избегаа од земјата, по таен пат до пустината; И така штом пратил Хеламан да ги фати, никаде не можеа да се најдат.

12 И повеќе за овој Гадијантон ќе се зборува понатаму. И така заврши четириесет и втората година од владеењето на судиите над Нефитскиот народ.

13 И ете, во крајот на оваа книга ќе видете дека овој Гадијантон го предизвика соборувањето, да, речиси целото уништување на Нефитскиот народ.

14 Ете не мислам на крајот на книгата на Хеламан, туку мислам на крајот на книгата на Нефи, од која го зедов целиот извештај што го напишав.