Свети Писма
Хеламан 9


Глава 9

Гласниците го наоѓаат главниот судија мртов на судиската столица—Затворени се а подоцна ослободени—Преку инспирација Нефи го идентификува Сеантум како убиецот—Нефи е прифатен од некои како пророк. Околу 23–21 п.н.е.

1 Ете, сега се случи кога Нефи ги кажа овие зборови, одредени луѓе кои беа помеѓу нив истрчаа до судиската столица; да, и тоа имаше пет кои отидоа, и си кажаа помеѓу себе додека одеа:

2 Ете, сега ќе знаеме со сигурност дали овој човек е пророк и дали Бог му заповеда да ни пророкува такви зачудувачки нешта. Ете, ние не веруваме дека Тој му заповеда; да, не веруваме дека тој е пророк; сепак, ако ова нешто што тој го кажа во врска со главниот судија е вистина, дека е мртов, тогаш ќе веруваме дека другите зборови што ги кажа се вистинити.

3 И се случи тие да трчаат со својата сила, и дојдоа до судиската столица; и ете, главниот судија падна на земјата, и лежеше во својата крв.

4 И сега ете, кога го видоа ова беа премногу зачудени, толку што паднаа на земјата; зашто не веруваа на зборовите кои Нефи беше ги кажал во врска со главниот судија.

5 Но сега, кога тие гледаа, тие веруваа, и ги стигна страв за пресудите кои ги зборуваше Нефи да не дојдат врз народот; затоа се тресеа, и беа паднале на земјата.

6 Сега, веднаш штом судијата беше убиен—тој беше прободен од неговиот брат во маскирана облека, и тој избега, а слугите истрчаа и му кажаа на народот, викајќи за убиството помеѓу нив;

7 И ете народот се собра заедно на местото на судиската столица—и ете, на нивно изненадување, ги видоа тие пет луѓе кои беа паднале на земјата.

8 И сега ете, народот не знаеше ништо во врска со мноштвото кое беше се собрало заедно во градината на Нефи; затоа си кажаа помеѓу себеси: Овие луѓе се оние кои беа го убиле судијата, а Бог ги удри за да не можат да бегаат од нас.

9 И се случи тие да ги задржат, и ги врзаа и ги фрлија во затвор. И имаше проглас испратен во странство дека судијата беше убиен, и дека убијците беа земени и фрлени во затвор.

10 И се случи дека следниот ден луѓето се собраа заедно да жалат и да постат, на погребот на големиот главен судија кој беше убиен.

11 И така исто тие судии кои беа во градината на Нефи, и ги слушнаа неговите зборови, исто така беа собрани заедно на погребот.

12 И се случи тие да го распрашуваат народот, велејќи: Каде се петмината кои беа испратени да истражуваат дали главниот судија е мртов? И тие одговорија и рекоа: Во врска со овие петмина кои велите дека ги испративте, ние не знаеме; но постојат петмина кои се убијците, кои ги фрливме во затвор.

13 И се случи судиите да посакаат да бидат доведени; и беа доведени, и ете тоа беа петмината кои беа испратени; и ете судиите ги прашуваа да дознаат во врска со состојбата, и тие им рекоа сѐ што беа сториле, велејќи:

14 Ние трчавме и дојдовме до местото на судиската столица, и кога ги видовме сите нешта како што Нефи сведочеше, бевме запрепастени толку што паднавме на земјата; и кога се повративме од нашето запрепастување, ете тие нѐ фрлија во затвор.

15 Сега, за убиството на овој човек, не знаеме кој го сторил; и само толку знаеме, трчавме и дојдовме како што посакавте, и ете тој беше мртов, според зборовите на Нефи.

16 И сега се случи судиите да ја рашират работата помеѓу народот, и да повикуваат против Нефи, велејќи: Ете, знаеме дека овој Нефи сигурно се согласил со некого да го убие судијата, и тогаш тој може да ни објави, за да може да нѐ преобрати во неговата вера, за да може да се издигне да биде голем човек, одбран од Бог, и пророк.

17 И сега ете, ние ќе го забележиме овој човек, и тој ќе ја признае неговата вина и ќе ни го открие вистинскиот убиец на овој судија.

18 И се случи петмината да бидат ослободени на денот на погребот. Сепак, ги прекорија судиите за зборовите кои ги изговорија против Нефи, и се препираа со нив еден по еден, толку што ги збунија.

19 Сепак, наредија Нефи да биде одведен и врзан и доведен пред мноштвото, и тие започнаа да го прашуваат на најразлични начини за да го измамат, за да го обвинат на смрт—

20 Велејќи му: Ти си соучесник; кој е тој човек што го изврши ова убиство? Сега кажи ни, и признај ја твојата вина; велејќи: Ете, еве има пари; и исто така ние ќе ти го доделиме животот ако ни кажеш, и ако го признаеш договорот што го направи со него.

21 Но Нефи им кажа: О вие будали, вие со необрезани срца, вие слепци, и вие вкочанет народе, знаете ли колку долго Господ вашиот Бог ќе ви дозволи да продолжите на овој ваш грешен пат?

22 О вие треба да почнете да завивате и да жалите, поради големото уништување кое ве чека во ова време, освен ако не се покаете.

23 Ете вие велите дека јас сум се договорил со некој човек да го убие Сезорам, нашиот главен судија. Но ете, ви велам, ова е бидејќи сведочев пред вас за да можете да знаете за тоа; да, дури како ваш сведок на вас, дека знаев за пакоста и одвратностите кои се помеѓу вас.

24 И бидејќи јас го сторив ова, велите дека сум се согласил со некој човек да го изврши ова; да, бидејќи ви го покажав овој знак лути сте ми, и барате да го уништите мојот живот.

25 И сега ете, јас ќе ви покажам уште еден знак, и ќе видам дали ќе настојувате да ме уништите со ова.

26 Ете ти велам: Одете во домот на Сеантум, кој е брат на Сезорам, и кажете му—

27 Дали Нефи, преправен пророк, кој проповедаше толку многу зло помеѓу овој народ, се согласи со тебе, дека си го убил Сезорам, кој ти е брат?

28 И ете, тој ќе ви каже, Не.

29 И вие ќе му кажете: Дали си го убил твојот брат?

30 И тој ќе стои со страв, и нема да знае што да каже. И ете, тој ќе негира; и ќе направи да изгледа како да е запрепастен; сепак, ќе ви објави дека е невин.

31 Но ете, вие ќе го испитате, и ќе пронајдете крв врз краевите на неговата наметка.

32 И кога вие ќе го видите тоа, ќе кажете: Од каде доаѓа оваа крв? Зарем не знаеме дека тоа е крвта на брат ти?

33 И тогаш тој ќе трепери, и ќе изгледа блед, и тоа како смртта да го стигнала.

34 И тогаш ќе кажете: Поради овој страв и оваа бледост кои се појавија на твоето лице, ете, знаеме дека си виновен.

35 И тогаш поголем страв ќе го стигне; и тогаш ќе ви признае, и нема повеќе да негира дека го извршил ова убиство.

36 И тогаш тој ќе ви каже, дека јас, Нефи, не знам ништо во врска со состојбата освен ако не ми беше дадена преку моќта на Бог. И тогаш ќе знаете дека сум чесен човек, и дека сум испратен кај вас од Бог.

37 И се случи да тргнат и да направат, и тоа како што им кажа Нефи. И ете, зборовите кои тој ги кажа беа вистинити; зашто според неговите зборови тој негираше; и исто според неговите зборови тој призна.

38 И тој беше доведен да докаже дека тој самиот беше убиецот, толку што петмината беа ослободени, и исто така Нефи.

39 И имаше некои од Нефитите кои веруваа на зборовите на Нефи; и исто така имаше некои, кои веруваа поради сведоштвото на петмината, бидејќи беа преобратени додека беа во затвор.

40 И сега имаше некои помеѓу народот, кои кажаа дека Нефи беше пророк.

41 И имаше други кои рекоа: Ете, тој е бог, бидејќи да не беше бог не би можел да знае за сите нешта. Зашто ете, тој ни кажа за мислите на нашите срца, и исто така ни кажа нешта; и дури ни го откри вистинскиот убиец на нашиот главен судија.