Свети Писма
Хеламан 8


Глава 8

Корумпираните судии сакаат да го наведат народот против Нефи. Авраам, Мојсеј, Зенос, Зенок, Езијас, Исаија, Еремија, Лехи, и Нефи—сите сведочеа за Христос. Преку инспирација Нефи го објавува убиството на главниот судија. Околу 23–21 п.н.е.

1 И сега се случи кога Нефи ги кажа овие зборови, ете, постоеја луѓе кои беа судии, кои исто така припаѓаа на тајната дружина на Гадиантон, и беа лути, и повикуваа против него, кажувајќи му на народот: Зошто не го фатите овој човек и не го доведете, да биде осуден според злосторството кое го сторил?

2 Зошто го гледате овој човек, и го слушате како се бунтува против овој народ и против нашиот закон?

3 Зашто ете, Нефи им зборуваше во врска со корумпираноста на нивниот закон; да, многу нешта кажа Нефи кои не можат да бидат запишани; и не кажа ништо што беше спротивно на Божјите заповеди.

4 И тие судии му беа лути бидејќи тој им зборуваше јасно во врска со нивните тајни мрачни дела; сепак не се осмелуваа да ги положат нивните раце на него, бидејќи се плашеа од народот за да не викаат против нив.

5 Затоа тие го довикуваа народот, велејќи: Зошто дозволувате овој човек да се бунтува против нас? Зашто ете тој го осуди целиот овој народ, и тоа до уништување; да, и исто така дека овие големи градови ќе ни бидат одземени, дека ќе немаме место во нив.

6 И сега знаеме дека ова е невозможно, зашто ете, ние сме моќни, и нашите градови големи, затоа нашите непријатели не можат да имаат моќ врз нас.

7 И се случи тие така да го наведуваат народот да се лутат против Нефи, и предизвикаа препирања помеѓу нив; бидејќи постоеја некои кои повикуваа: Оставете го овој човек на мир, зашто е добар човек, и тие нешта кои ги кажа сигурно ќе се случат освен ако не се покаеме;

8 Да, ете, сите пресуди ќе нѐ стигнат кои тој ни ги сведочеше; бидејќи знаеме дека добро ни сведочеше во врска со нашите беззаконија. И ете има многу, и Тој знае за сите нешта кои ќе паднат врз нас исто како што знае за нашите беззаконија;

9 Да, и ете, да не беше пророк не можеше да сведочи во врска со тие нешта.

10 И се случи оние луѓе кои настојуваа да го уништат Нефи беа принудени поради нивниот страв, да не ги положиле нивните раце на него; затоа тој повторно започна да им говори, гледајќи дека доби благонаклонетост во очите на некои од нив, толку што остатокот од нив се плашеа.

11 Затоа тој беше принуден да им говори повеќе на нив, велејќи: Ете, браќа мои, зарем не прочитавте дека Бог му даде моќ на еден човек, и тоа Мојсеј, да ги удри водите на Црвеното Море, а тие се одделија овде и таму, толку што Израелитите, кои беа наши татковци, поминаа на сува почва, и водите ги покрија војските на Египќаните и ги проголтаа?

12 И сега ете, ако Бог му даде на овој човек таква моќ, тогаш зошто да се оспорувате меѓусебно, и велите дека Тој не ми даде мене моќ за да можам да знам во врска со пресудите кои ќе ве стигнат освен ако не се покаете?

13 Но, ете, не само што ги негирате моите зборови, туку исто така ги негирате сите зборови кажани од нашите татковци, и исто така зборовите кои беа кажани од овој човек, Мојсеј, кој имаше толку голема моќ која му беше дадена, да, зборовите кои тој ги кажа во врска со доаѓањето на Месијата.

14 Да, зарем не сведочеше дека Божјиот Син ќе дојде? И како што ја подигна бронзената змија во дивината, дури така Тој ќе биде кренат Тој што ќе дојде.

15 И онолку колку што ќе ја погледнат змијата ќе живеат, и така толку што ќе Го погледнат Божјиот Син со вера, имајќи покајнички дух, би можеле да живеат, дури до тој живот што е вечен.

16 И сега ете, Мојсеј не само што сведочеше за овие нешта, туку исто така сите свети пророци, од неговите денови дури до деновите на Авраам.

17 Да, и ете, Авраам го виде Неговото доаѓање, и беше исполнет со среќа и се радуваше.

18 Да, и ете ти велам, дека Авраам не знаеше за овие нешта, туку постоеја многу пред деновите на Авраам кои беа повикани преку Божјиот ред; да, и тоа според редот на Неговиот Син; и ова за да биде покажано на луѓето, многу илјадници години пред Неговото доаѓање, дека дури и искупување ќе им дојде.

19 И сега би сакал да знаете, дека од деновите на Авраам постоеја многу пророци кои ги сведочеа овие нешта; да, ете, пророкот Зенос сведочеше смело; за тоа беше убиен.

20 И ете, исто Зенок, и исто Езијас, и исто Исаија, и Еремија, (Еремија е истиот тој пророк кој сведочеше за уништувањето на Ерусалим) и сега знаеме дека Ерусалим беше уништен според зборовите на Еремија. О тогаш зошто да не дојде Синот Божји, според неговото пророштво?

21 И сега дали ќе оспорувате дека Ерусалим беше уништен? Ќе кажете ли дека синовите на Зедекија не беа убиени, сите освен Мулек? Да, и зарем не гледате дека потомството на Зедекија е со нас, и беа протерани од земјата Ерусалим? Но ете, ова не е сѐ—

22 Нашиот татко Лехи беше протеран од Ерусалим бидејќи сведочеше за овие нешта. Нефи исто така сведочеше за овие нешта, и исто така речиси сите наши татковци, сѐ до ова време; да, сведочеа за доаѓањето на Христос, и се радуваа, и се радуваа на Неговиот ден кој следува.

23 И ете, Тој е Бог, и Тој е со нив, и Тој им се прикажа Самиот, така што беа искупени од Него; и тие Му дадоа слава на Него, поради тоа што следува.

24 И сега, гледајќи дека ги знаете овие нешта и не можете да ги негирате освен ако ќе лажете, затоа во ова грешите, бидејќи ги одбивте сите овие нешта, без оглед на толку многу докази кои сте ги добиле; да, и тоа ги добивте сите нешта, и небесни нешта, и сите земни нешта, како сведок дека се вистинити.

25 Но ете, ја одбивте вистината, и се побунивте против вашиот свет Бог; и тоа во ова време, наместо да положувате за себеси богатства на небесата, каде ништо не е расипан, и каде што ништо нечисто не може да влезе, вие натрупувате бес за самите за судниот ден.

26 Да, дури и во ова време созревате, поради вашите убиства и блуд, и пакост, за вечно уништување; да, и ако не се покаете, брзо ќе ве стигне.

27 Да, ете дури и сега е пред вашите врати; да, одете на судиската столица, и пребарајте; и ете, вашиот судија е убиен, и лежи во неговата крв; и беше убиен од неговиот брат, кој сакаше да седи на судиската столица.

28 И ете, тие двајцата припаѓаат на вашата тајна дружина, чиј основач е Гадиантон и злобниот кој настојува да ги уништи човечките души.