Свети Писма
2 Нефи 24


Глава 24

Израел ќе биде собран и ќе ужива во милениумска почивка—Луцифер беше отфрлен од небесата поради бунт—Израел ќе триумфира против Вавилон (светот)—Спореди Исаија 14. Околу 559–545 п.н.е.

1 Зашто Господ ќе има милост врз Јаков, и сепак ќе го одбере Израел, и ќе ги постави во сопствената земја; и странците ќе бидат здружени со нив, и ќе се залепат на домот на Јаков.

2 И народот ќе ги земе и ќе ги доведе на нивното место; да, од далечните краеви на земјата; и ќе се вратат во нивните земји на ветување. И Израеловиот дом ќе ги опседне, и Господовата земја ќе биде за слуги и слугинки; и ќе ги заробат оние на кои им беа заробеници; и ќе владеат врз своите угнетувачи.

3 И ќе се случи на тој ден Господ да ти даде одмор, од твојата тага, и од твојот страв, и од тешкото ропство во кое беше натеран да служиш.

4 И ќе се случи на тој ден, да ја кажеш оваа поговорка против царот на Вавилон, и ќе кажеш: Како што угнетувачот запре, и златниот град запре!

5 Господ го скрши стапот од пакосните, скиптарите од владетелите.

6 Тој што го удираше народот во бес со постојан удар, тој што владееше со нациите со гнев, е прогонет, и никој не го спречува тоа.

7 Целата земја е во почивка, и е тивка; се пробива во пеење.

8 Да, елките се радуваат на тебе, и исто така кедарите на Либан, велејќи: Штом ти си легнат ниту еден не доаѓа да нѐ сече.

9 Пеколот одоздола е возбуден за тебе да те сретне при твоето доаѓање; ги оживеа мртвите за тебе, и тоа сите поглавари на земјата; ги крена на престолите сите цареви на нациите.

10 Сите тие ќе зборуваат и ќе ти кажат: Дали и ти исто така стана слаб како и нас? Дали и ти стана како нас?

11 Раскошот е соборен во гроб; звуците на твоите лаути не се слушаат; црвот е раширен под тебе, и црвите те покриваат.

12 Како падна од небесата, О Луцифер, синко на утрото! Дали си пресечен на земјата, ти кој ги ослабна нациите!

13 Бидејќи ти кажа во твоето срце: Ќе се воздигнам на небото, ќе го возвишам мојот престол над ѕвездите на Бог; исто ќе седам врз планината на собранието, на северните страни;

14 Јас ќе се воздигнам над височините на облаците; ќе бидам како Највисокиот.

15 Сепак ќе бидеш соборен во пеколот, на страните во јамата.

16 Тие кои те гледаат одблизу ќе те видат, и ќе те разгледаат, и ќе кажат: Дали е овој човекот кој направи земјата да се тресе, кој ги затресе царствата?

17 И го направи светот како дивина, и ги уништи неговите градови, и не ја отвори куќата на своите затвореници?

18 Сите цареви на нациите, да, сите тие, лежат во слава, секој од нив во сопствената куќа.

19 Но отфрлен си од твојот гроб како одвратна гранка, и остатоците од оние кои се убиени, прободени со меч, кои одат долу до камењата на јамата; како што труп е згазен под нозете.

20 Нема да им се придружи во погребот, бидејќи ја уништи својата земја и го уби својот народ; потомството на злосторниците никогаш нема да биде познато.

21 Подгответе колеж за неговите деца за беззаконијата на нивните татковци, за да не се кренат, ниту да ја поседуваат земјата, ниту да го наполнат лицето на земјата со градови.

22 Бидејќи јас ќе се кренам против нив, кажа Господ на Војските, и ќе го отсечам од Вавилон името, и остатокот, и синот, и внукот, кажа Господ.

23 Исто така ќе направам посед за чапјата, и базени со вода; и ќе го збришам со метлата на уништување, кажа Господ на Војските.

24 Господ на Војските се заколна, велејќи: Сигурно како што Јас размислував, така и ќе се случи; и како што Јас наумив, така и ќе биде—

25 Дека Јас ќе го доведам Асирецот во Мојата земја, и врз Моите планини ќе го газам под моите нозе; тогаш неговиот јарем ќе се скине од него, и неговиот товар ќе се симне од нивните рамења.

26 Ова е целта која е наумена за целата земја; и ова е раката која е испружена врз сите нации.

27 Бидејќи Господ на Војските науми, и кој ќе Го укине? И Неговата рака е испружена и кој ќе ја турне назад?

28 Во годината кога царот Ахаз умре беше овој товар.

29 Не се радувај ти, цела Палестино, бидејќи прачката на тој што те удираше е скршена; бидејќи од змијскиот корен ќе излезе змија отровница, и неговиот плод ќе биде огнен летачки змеј.

30 И првородениот од сиромашните ќе биде хранет, и бедните ќе лежат безбедно; и Јас ќе го убијам твојот корен со глад, и тој ќе го убие твојот остаток.

31 Завивај, О порто; плачи, О граду; ти, цела Палестино, си пропадната; бидејќи од север ќе дојде чад, и никој нема да биде сам во неговите назначени времиња.

32 Тогаш гласниците на нациите што ќе одговорат? Дека Господ го основа Сион, и сиромашните од Неговиот народ ќе веруваат во него.