Глава 3
Јосиф во Египет ги виде Нефитите во визија—Тој пророкуваше за Џозеф Смит, јасновидецот од подоцнежните денови; за Мојсеј, кој би го избавил Израел; и за појавувањето на Книгата на Мормон. Околу 588–570 п.н.е.
1 И сега тебе ти говорам, Јосиф, мојот последнороден. Ти беше роден во дивината од моите маки; да, во деновите на мојата најголема тага мајка ти те роди.
2 И нека Господ исто така ти ја освети оваа земја на тебе, која е најскапоцена земја, за твоето наследство и наследсвото на твоето потомство со твоите браќа, за твојата безбедност засекогаш, ако е така да ги одржуваш заповедите на Светецот на Израел.
3 И сега, Јосиф, мојот последнороден, кого сум го довел од пустината на моите маки, нека Господ те благослови засекогаш, зашто твоето потомство нема да биде целосно уништено.
4 Зашто ете, ти си плодот од моите слабини; и јас сум потомок на Јосиф кој беше одведен заробен во Египет. И големи беа заветите Господови кои Тој ги направи со Јосиф.
5 Затоа, Јосиф навистина го виде нашиот ден. И доби ветување од Господ, дека од плодот од неговите слабини Господ Бог би издигнал праведна гранка на домот Израелов; не Месијата, туку гранка која требаше да биде одделена, сепак, да бидат запомнети во заветите Господови дека Месијата ќе им се покаже на нив во подоцнежните денови, во духот на моќта, до изведувањето на нив од темнина до светлина—да, од скриена темнина и од заробеништво до слобода.
6 Зашто Јосиф навистина сведочеше, велејќи: Господ мојот Бог ќе издигне еден јасновидец, кој ќе биде одбран јасновидец за плодот од моите слабини.
7 Да, Јосиф навистина рече: Така ми вели Господ: Одбран јасновидец Јас ќе издигнам од плодот на твоите слабини; и тој ќе биде многу ценет помеѓу плодот на твоите слабини. И нему Јас ќе му давам заповед дека ќе изврши една работа за плодот на твоите слабини, неговите браќа, која ќе биде од голема вредност за нив, и тоа до доведување на нив до знаењето за заветите кои Јас ги склучив со вашите татковци.
8 И Јас ќе му дадам заповед да не врши никакво друго дело, освен делото кое Јас ќе му го заповедам. И Јас ќе го направам моќен во Моите очи; зашто ќе го врши Моето дело.
9 И тој ќе биде голем како Мојсеј, за кого Јас реков дека Јас ќе го издигнам за вас, да го избави Мојот народ, О доме Израелов.
10 И Мојсеј ќе го издигнам Јас, за да го избави твојот народ од земјата Египет.
11 Но јасновидец Јас ќе издигнам од плодот на твоите слабини; и нему Јас ќе му дадам моќ да го изнесе Моето слово на потомството на твоите слабини—а не само до изнесувањето на Моето слово, вели Господ, туку до убедувањето на нив за Моето слово, кое веќе ќе беше стигнало помеѓу нив.
12 Затоа, плодот од твоите слабини ќе напише; и плодот од слабините на Јуда ќе напише; и тоа што ќе биде напишано од плодот на твоите слабини, а и тоа што ќе биде напишано од плодот на слабините на Јуда, ќе расте заедно, до побивањето на лажни учења и прекинувањето на препирања, и воспоставувањето мир помеѓу плодот од твоите слабини, и изнесување на нив до знаењето на нивните татковци во подоцнежните денови, а исто и до знаењето за Моите завети, вели Господ.
13 И од слабоста ќе стане силен, на оној ден кога ќе започне Моето дело помеѓу целиот Мој народ, до обновувањето на тебе, О доме Израелов, вели Господ.
14 И така пророкуваше Јосиф, велејќи: Ете, Господ ќе го благослови тој јасновидец и оние кои бараат да го уништат ќе бидат поразени; зашто ова ветување, кое го добив од Господ, за плодот на моите слабини, ќе биде исполнето. Ете, сигурен сум за исполнувањето на ова ветување;
15 И неговото име ќе биде наречено по мене; и тоа ќе биде по името на неговиот татко. И тој ќе биде како мене; зашто тоа што Господ ќе го донесе преку неговата рака, преку моќта Господова ќе го донесе мојот народ до спасение.
16 Да, така пророкуваше Јосиф; Сигурен сум за ова нешто, токму како што сум сигурен за ветувањето на Мојсеј; зашто Господ ми вели, Јас ќе го зачувам твоето потомство засекогаш.
17 И Господ рекол: Јас ќе издигнам еден Мојсеј; и Јас ќе му дадам сила во една прачка; и Јас ќе му дадам пресуда во пишување. Но Јас нема да му го олабавам јазикот, за да зборува многу, зашто Јас нема да го направам моќен во зборување. Но Јас ќе му го напишам на него Мојот закон, со прстот на Мојата сопствена рака; и Јас ќе направам претставник за него.
18 И Господ исто ми кажа: Јас ќе го издигнам за плодот од твоите слабини; и Јас ќе направам претставник за него. И Јас, ете, ќе му дадам да го напише записот на плодот од твоите слабини, до плодот на твоите слабини; и претставникот на твоите слабини ќе го објави.
19 И зборовите кои ќе ги напише тој, ќе бидат зборовите кои се целисходни во Мојата мудрост да се појават на плодот од твоите слабини. И ќе биде како плодот од твоите слабини да беше им довикал на оние од правта; зашто Јас ја знам нивната вера.
20 И ќе извикуваат од правта; да, дури покајание за нивните браќа, дури откако многу поколенија поминаа по нив. И ќе се случи нивниот извик да се слушне, токму според едноставноста на нивните зборови.
21 Заради нивната вера нивните зборови ќе се изустат од Мојата уста до нивните браќа кои се плодот на твоите слабини; и слабоста на нивните зборови Јас ќе ја направам силна во нивната вера, до сеќавањето на Мојот завет кој Јас го склучив со нивните татковци.
22 И сега, ете, сине мој Јосифе, на овој начин мојот татко од минатото пророкуваше.
23 Затоа, заради овој завет ти си благословен; зашто твоето потомство нема да биде уништено, зашто ќе ги послушаат зборовите од книгата.
24 И ќе се издигне еден моќен помеѓу нив, кој ќе врши многу добрина, и со збор и со дело, и ќе биде инструмент во рацете Божји, со извонредна вера, за да прави моќни чуда, и за да го прави тоа што е големо во погледот на Бог, до исполнувањето на големо обновување на домот Израелов и на потомството на твоите браќа.
25 И сега, благословен си ти, Јосиф. Ете, млад си; затоа послушај ги зборовите на твојот брат, Нефи, и ќе ти биде сторено и тоа според зборовите кои ги говорев. Сеќавајте се на зборовите на твојот татко на умирање. Амин.