Свети Писма
2 Нефи 8


Глава 8

Јаков продолжува да чита од Исаија: Во последните денови, Господ ќе го утеши Сион и ќе го собере Израел—Искупените ќе дојдат во Сион среде голема радост—Споредете Исаија 51 и 52:1–2. Околу 559–545 п.н.е.

1 Послушајте ме Мене, вие кои ја следите правдата. Погледајте ја карпата од која сте одвоени, и дупката на јамата од која сте ископани.

2 Погледнете го Авраам, вашиот татко, и Сара, онаа која ве роди; зашто Јас го повикав сам, и го благословив.

3 Зашто Господ ќе го утеши Сион, Тој ќе ги утеши сите нејзини пусти места; и Тој ќе ја направи нејзината пустина како Еден, и неговата пустина како градината Господова. Радост и веселба ќе се наоѓаат таму, благодарност и гласот на мелодијата.

4 Послушајте ме Мене, народе Мој; и доближете го увото кон Мене, О Моја нацијо; зашто закон ќе произлезе од Мене, и ќе направам Мојата пресуда да почива за светлина за народот.

5 Мојата праведност е близу; Моето спасение е проширено, и Мојата рака ќе го суди народот. Островите ќе ме чекаат Мене, и во Мојата рака ќе веруваат.

6 Кренете ги очите кон небесата, и погледнете врз земјата долу; зашто небесата ќе изчезне како чад, а земјата ќе остари како облека; и оние кои живеат таму ќе умрат на сличен начин. Но Моето спасение ќе биде засекогаш, и Мојата праведност нема да биде укината.

7 Послушајте ме Мене, вие кои познавате праведност, луѓето во чие срце Јас го напишав Мојот закон, не плашете се од укорот на луѓето, ниту плашете се од нивните навреди.

8 Зашто молецот ќе ги изеде како облека, и црвот ќе ги изеде како волна. Но Мојата праведност ќе биде засекогаш, и Моето спасение од поколение до поколение.

9 Разбудете се, разбудете се! Нагрнете сила, О Господова рака; разбуди се како во древните денови. Зар Ти не си Тој кој го исече Рахаб, и го рани змејот?

10 Зар Ти не си Тој што го исуши морето, водите на големата длабочина; што ги претвори длабочините на морето во пат, за откупените да поминат?

11 Затоа, искупените од Господ ќе се вратат, и ќе дојдат во Сион со пеење; и вечна радост и светост ќе биде над нивните глави; и ќе добијат веселба и радост; тагата и жалоста ќе исчезнат.

12 Јас сум Тој; да, Јас сум Тој кој ве утешува. Ете, кој си ти, да се плашиш од човек, кој ќе умира, и од синот човечки, кој ќе стане како трева?

13 И го забораваш Господ твојот творец, кој ја прошири небесата, и ги постави темелите на земјата, и се плашиш постојано секој ден, поради бесот на угнетувачот, како да беше подготвен да уништи? И каде е бесот на угнетувачот?

14 Заробениот прогонет брза, за да може да биде ослободен, и да не умре во јамата ниту да да се исуши неговиот леб.

15 Но Јас сум Господ твој Бог, чии бранови рикаа; Господ на Војски е Моето име.

16 И Јас ги ставив Моите слова во Твојата уста, и те покрив Тебе во сенката на раката Моја, за да можам Јас да ја посадам небесата и да ги поставам темелите на земјата, и да му кажам на Сион: Ете, Ти си Мојот народ.

17 Разбуди се, разбуди се, стани, О Ерусалиме кој ја испи од раката на Господ чашата со Неговиот бес—ти го испи талогот на чашата на треперењето што се исцеди—

18 И ниту еден да ја води помеѓу сите синови кои ги роди; ниту нема кој да ја фати за раката, помеѓу сите синови кои ги роди.

19 Овие двајца синови се дојдени при тебе, на кои ќе им биде жал за тебе—за твојот пустош и уништување, и гладот и мечот—и преку кого Јас ќе те утешам?

20 Твоите синови се онесвестија, освен овие двајца; тие лежат на челото на сите улици; како див бик во мрежа, тие се исполнети со Господовиот бес, прекорот на твојот Бог.

21 Затоа слушни го ова сега ти, погодена и пијана, но не од вино:

22 Така кажа твојот Господ, Господ и твојот Бог ја застапува целта на Неговиот народ; ете, Јас ја земав од твоите раце чашата на треперењето, талогот од чашата на Мојот бес, повеќе нема да го пиеш.

23 Но Јас ќе ја ставам во рацете на оние кои те погодуваат; кои ѝ кажаа на твојата душа: Поклони се, за да можеме да преминеме—а ти го положи твоето тело како земјата и како улицата за оние кои преминуваа.

24 Разбуди се, разбуди се, нагрни ја твојата сила, О Сион; облечи ги твоите убави облеки, О Ерусалим, свет граду; бидејќи отсега натаму повеќе нема да доаѓаат кај тебе необрезаните и нечистите.

25 Истреси се од правта; појави се, седни, О Ерусалим; ослободи се од оковите на твојот врат, О заробена ќерко на Сион.