Глава 5
Нефитите се одделуваат од Ламанитите, го одржуваат законот на Мојсеј, и градат храм—Поради нивното неверување, Ламанитите се отсечени од присуството на Господ, проколнати се, и стануваат камшик за Нефитите. Околу 588–559 п.н.е.
1 Ете, се случи јас, Нефи, многу извикував кон Господ мојот Бог, поради гневот на моите браќа.
2 Но ете, нивниот гнев се зголемуваше против мене, толку многу што настојуваа да ми го одземат животот.
3 Да, тие мрмореа против мене, велејќи; Нашиот помлад брат мисли да владее над нас; и имавме многу испити заради него; затоа, сега да го убиеме, за да не бидеме веќе измачувани поради неговите зборови. Зашто ете, не сакаме да го имаме како наш владетел; зашто тоа ни припаѓа нам, кои сме неговите постари браќа, да владееме над овој народ.
4 Сега не ги пишувам врз овие плочи сите оние зборови кои тие ги мрмореа против мене. Но ми е доволно да кажам, дека тие настојуваа да ми го одземат мојот живот.
5 И се случи Господ да ме предупреди, дека јас, Нефи, треба да заминам од нив и да побегнам во дивината, и сите оние кои би тргнале со мене.
6 Затоа, се случи дека јас, Нефи, го зедов семејството, а исто и Зорам и неговото семејство, и Сем, мојот постар брат и неговото семејство, и Јаков и Јосиф, моите помлади браќа, и исто моите сестри, и сите оние кои би тргнале со мене. И сите кои би тргнале со мене беа оние кои веруваа во предупредувањата и откровенијата на Бог; затоа, тие ги послушаа моите зборови.
7 И ги зедовме нашите шатори и се́ што беше возможно да се земе, и патувавме во дивината во текот на многу денови. И откако бевме патувале во текот на многу денови, ние ги поставивме нашите шатори.
8 И мојот народ сакаше да го наречеме местото Нефи; затоа, го нарековме Нефи.
9 И сите оние кои беа со мене одлучија да се нарекуваат себеси народот на Нефи.
10 И ние гледавме да ги одржиме пресудите, и одредбите, и заповедите Господови во сите нешта, според законот на Мојсеј.
11 И Господ беше со нас; и ние напредувавме извонредно; зашто ние сеевме семе, и ние жнеевме повторно во изобилство. И започнавме да огледуваме стада, и крда, и животни од секаков вид.
12 И јас, Нефи, исто бев ги донел записите кои беа врежани врз плочите од месинг; и исто топката, односно компасот, кој беше подготвен за мојот татко од раката на Господ, според тоа што е напишано.
13 И се случи ние да започнавме премногу да напредуваме, и да се размножуваме во земјата.
14 И јас, Нефи, го зедов мечот на Лабан, и на тој начин направив многу мечови, за народот кој сега се нарекува Ламанити на некој начин да не се нафрли на нас и нѐ уништи; зашто ја знаев нивната омраза кон мене и моите деца и оние кои се нарекуваа мој народ.
15 И го поучив мојот народ да градат градби, и да работат со секаков вид дрво, и железо, и бакар, и месинг, и челик, и злато, и сребро, и скапоцени руди, кои беа во големо изобилство.
16 И јас, Нефи, изградив храм; и го изградив според начинот на храмот на Соломон освен тоа што не беше изграден од толку многу скапоцени нешта; зашто не можеа да се најдат на земјата, затоа, не можеше да биде изграден како Соломоновиот храм. Но начинот на изградбата беше како на храмот на Соломон; и неговата изработка беше извонредно фина.
17 И се случи дека јас, Нефи, направив мојот народ да биде трудољубив, и да работи со своите раце.
18 И се случи тие да посакаат јас да бидам нивниот цар. Но јас, Нефи, бев желен да немаат цар; сепак, направив за нив според тоа што беше во мојата моќ.
19 И ете, словата Господови им беа исполнети на моите браќа, кои Тој ги кажуваше во врска со нив, дека јас треба да бидам нивниот владетел и нивниот учител. Затоа, бев нивен владетел и учител, според заповедите на Господ, се́ до времето кога настојуваа да ми го одземат животот.
20 Затоа, словото на Господ беше исполнето што Тој ми го кажа, велејќи дека: Доколку не ги послушаат твоите зборови, ќе бидат отсечени од присуството Господово. И ете, тие беа отсечени од Неговото присуство.
21 И Тој беше предвикал клетвата да падне врз нив, да, дури и тешка клетва, поради нивното беззаконие. Зашто ете, тие беа ги закоравиле нивните срца против Него, така што тие беа станале како кремен; затоа, како што беа бели, и премногу убави и допадливи, за да не можат да бидат заводливи за мојот народ Господ Бог предизвика кожата да им поцрне.
22 И така кажа Господ Бог: Јас ќе направам тие да бидат одвратни на твојот народ, освен ако не се покајат за нивните беззаконија.
23 И проколнато ќе биде потомството на оној што се меша со нивното потомство; зашто ќе бидат проколнати дури и со истата клетва. И Господ така кажа, и беше сторено.
24 И поради нивната клетва која беше врз нив тие станаа мрзлив народ, исполнет со палавост и лукавост, и бараа во дивината ѕверови за плен.
25 И Господ Бог ми кажа: Тие ќе му бидат камшик на твоето потомство, за да го поттикнуваат на сеќавање на Мене; и доколку не се сеќаваат на Мене, и не ги послушаат Моите слова, ќе ги камшикуваат дури до уништување.
26 И се случи дека јас, Нефи, ги осветив Јаков и Јосиф, за да бидат свештеници и учители во земјата на мојот народ.
27 И се случи да живеевме на среќен начин.
28 И триесет години беа поминале од времето кога го напуштивме Ерусалим.
29 И јас, Нефи, бев ги водел записите врз моите плочи, што ги бев направил, од мојот народ досега.
30 И се случи дека Господ Бог ми кажа: Направи други плочи; и ќе изгравираш многу нешта на нив што се добри во Моите очи, за ползата на твојот народ.
31 Затоа, јас, Нефи, за да бидам послушен на заповедите на Господ, отидов и ги направив овие плочи врз кои ги изгравирав овие нешта.
32 И го изгравирав тоа што му е пријатно на Бог. И ако мојот народ е задоволен со нештата на Бог, ќе бидат задоволни од гравурите кои се врз овие плочи.
33 И ако мојот народ посакува да го дознае подеталниот дел од историјата на мојот народ, тие мораат да ги истражуваат моите други плочи.
34 А мене ми е доволно да кажам дека четириесет години беа поминале, а ние веќе бевме имале војни и препирања со нашите браќа.