Глава 17
Ефрем и Сирија водат војна против Јуда—Христос ќе биде роден од девица—Спореди Исаија 7. Околу 559–545 п.н.е.
1 И се случи во деновите на Ахаз, синот на Јотам, синот на Озија, кралот на Јуда, дека Резин, кралот на Сирија, и Пека синот на Ремалија, кралот на Израел, тргнаа кон Ерусалим во војна против него, но не можеа да преовладаат.
2 И му беше кажано на домот Давидов, говорејќи: Сирија е здружена со Ефрем. И неговото срце беше трогнато, и срцето на неговиот народ, како што дрвјата од шумата се нишаат од ветрот.
3 Тогаш Господ му рече на Исаија: Излези сега да го сретнеш Ахаз, ти и твојот син Шир-Јашуб, на крајот на каналот на горниот базен на патот на полето на валавичарот;
4 И кажи му: Обрни внимание, и биди тивок; не плаши се, ниту пак покажувај слабо срце поради овие два реда од зачадени гламји, поради жестокиот гнев на Рецин со Сирија, и на синот на Ремалија.
5 Бидејќи Сирија, Ефрем, и синот на Ремалија, послушаа злобен совет против тебе, говорејќи:
6 Да тргнеме против Јуда и да ја мачиме, и да направиме пробив за нас, и да поставиме цар во неа, да, синот на Табеал.
7 Така кажа Господ Бог: Нема да стои, ниту ќе се случи.
8 Бидејќи главата на Сирија е Дамаск, а главата на Дамаск, Рецин; и за шеесет и пет години Ефрем ќе биде растурен и нема да постои народ.
9 И главата на Ефрем е Самарија, а главата на Самарија е синот на Ремалија. Ако не верувате нема да бидете воспоставени.
10 Згора на тоа, Господ повторно му зборуваше на Ахаз, говорејќи:
11 Побарај знак од Господ твојот Бог; побарај го или во длабочините, или во височините горе.
12 Но Ахаз кажа: Нема да побарам, ниту ќе го искушам Господ.
13 И тој кажа: Слушнете вие сега, О доме Давидов; зарем е мало нешто за вас да ги изморите луѓето, па исто така да го изморите и мојот Бог?
14 Затоа, самиот Господ ќе ти даде знак—Ете, една девица ќе зачне, и ќе роди син, и ќе го нарече Неговото име Емануел.
15 Путер и мед ќе јаде Тој, за Тој да знае да го одбие злото и да го одбере доброто.
16 Бидејќи пред детето да знае да го одбие злото и да го одбере доброто, земјата од која се гадиш ќе биде напуштена од двата нејзини цареви.
17 Господ ќе донесе врз тебе, и врз твојот народ, и врз домот на твојот татко, денови какви што не доаѓале од денот кога Ефрем се оддели од Јуда, царот на Асирија.
18 И ќе се случи на тој ден Господ да свирне на мувата која е во најдалечниот дел на Египет, и на пчелата која е во земјата Асирија.
19 И тие ќе дојдат, и ќе почиваат сите тие во опустошените долини, и во дупките на карпите, и врз сето трње, и врз сите грмушки.
20 На истиот ден Господ ќе бричи со брич кој е изнајмен, од оние подалеку од реката, од царот на Асирија, главата, и косата на стапалата; и исто така ќе ја отстрани брадата.
21 И ќе се случи на тој ден, човек да негува млада крава и две овци;
22 И ќе се случи, поради изобилството на млеко што ќе го дадат, тој ќе јаде путер; бидејќи путер и мед ќе јадат сите кои се оставени во земјата.
23 И ќе се случи на тој ден, секое место ќе биде, каде што имаше илјада лози на илјада сребреника, ќе зарасне со глогови и трње.
24 Со стрели и лакови луѓето ќе одат таму, бидејќи сета земја ќе се претвори во глогови и трње.
25 И на сите ридови кои ќе бидат ископани со мотика, нема да постои страв од ружи и трње; туку ќе бидат за испраќање на волови, и за газење на ситна стока.