Свети Писма
2 Нефи 18


Глава 18

Христос ќе биде како камен за сопнување и карпа на прекршокот—Барајте го Господ, а не волшебниците кои пискаат—Завртете се кон законот и сведоштвото за водство—Спореди Исаија 8. Околу 559–545 п.н.е.

1 Згора на тоа, словото на Господ ми кажа: Земи голем свиток, и запиши со човечко пенкало, во врска со Махер-шалал-хаш-баз.

2 И земав верни сведоци за да напишат, Урија свештеникот, и Захарија синот на Јеверикиев.

3 И отидов кај пророчицата; и таа зачна и роди син. Тогаш ми кажа Господ: Дај му име, Махер-шалал-хаш-баз.

4 Зашто ете, детето нема да знае да довикува, Мој татко, и моја мајко, пред богатствата на Дамаск и пленот од Самарија да бидат одземени од царот на Асирија.

5 Господ исто така ми говореше, велејќи:

6 Доколку овој народ ги одбива водите на Силоам кои течат нежно, и се радуваат на Ресин и синот на Ремалија;

7 Сега затоа, ете, Господ ги доведе врз нив водите на реката, силни и многу, дури и царот на Асирија и сета негова слава; и тој ќе се излезе од сите канали, и ќе тече низ сите негови брегови.

8 И ќе помине низ Јуда; ќе претече и ќе поплави, ќе достигне до вратот; и распонот на крилјата ќе ја исполни ширината на Твојата земја, О Емануел.

9 Здружете се, О вие народи, и ќе бидете распарчени; и слушнете сите вие од далечните земји; наоружајте се, и ќе бидете распарчени; наоружајте се, и ќе бидете распарчени.

10 Советувајте се заедно, и ќе се сведе на ништо; говорете го словото, и нема да стои; бидејќи Бог е со нас.

11 Бидејќи така Господ ми говореше со силна рака, и ми нареди да не чекорам по патот на овој народ, велејќи:

12 Не говорете, сојуз, на сите на кои народот ќе му зборува, сојузе; ниту немој да се плашите од нивниот страв, ниту не бидете исплашени.

13 Осветете го Господ на Војските Самиот, и Тој нека биде ваш страв, и Тој нека биде ваш трепет.

14 И Тој ќе биде светилиште; камен за сопнување, и карпа на прекршокот на двата Израелови домови, замка и мрежа на жителите на Ерусалим.

15 И многу помеѓу нив ќе се препнат и ќе паднат, и ќе бидат скршени, и ќе бидат заплетени, и одведени.

16 Врзете го сведоштвото, запечатете го законот помеѓу моите ученици.

17 И ќе Го чекам Господ, што Тој го криеше лицето од домот на Јаков, и ќе Го барам Него.

18 Ете, јас и децата кои ми ги даде Господ се знаци и чуда во Израел од Господ на Војските, кој живее на планината Сион.

19 И кога ќе ти кажат: Барај помеѓу оние кои имаат познати духови, и од волшебници кои пискаат и мрморат—не треба ли народот да го бара нивниот Бог за живите да слушнат од мртвите?

20 За законот и сведоштвото; и ако не зборуваат според ова слово, тоа е бидејќи нема светлина во нив.

21 И ќе поминат низ тоа едвај сместени и гладни; и ќе се случи кога ќе бидат гладни, да се вознемират, и ќе го проколнат нивниот цар и нивниот Бог, и ќе гледаат нагоре.

22 И ќе гледаат на земјата и ќе здогледаат неволја, и темнина, магла од мачење, и ќе бидат одведени во темнина.