Свети Писма
2 Нефи 19


Глава 19

Исаија говори месијански—Народот во темнината ќе види голема светлина—Ни се роди дете—Тој ќе биде Кнез на Мирот и ќе владее на Давидовиот престол—Спореди Исаија 9. Околу 559–545 п.н.е.

1 Сепак, нејаснотијата нема да биде каква што беше при нејзината вознемиреност, кога најпрво лесно ја погоди Завулоновата земја, и земјата Нефталимова, и потоа уште пожално го погоди патот од Црвеното Море подалеку од Јордан во Галилеја на нациите.

2 Народите кои чекореа во темнина видоа голема светлина; оние кои живееле во земјата на сенката на смртта, врз нив сјаеше светлината.

3 Ти ја размножи нацијата, и ја зголеми радоста—тие се радуваат пред Тебе како радоста на жетвата, и како што луѓето се радуваат кога ќе го поделат пленот.

4 Зашто Ти го скрши јаремот на неговиот товар, и стапот од неговото рамо, прачката на неговиот угнетувач.

5 Зашто секоја битка на воинот е со збунувачка врева, и облеки завиткани во крв; но ова ќе биде со горење и со огнено масло.

6 Зашто дете ни се роди, син ни е даден; и владеењето ќе биде врз Неговите рамења; и Неговото име ќе биде, Прекрасен, Советник, Моќниот Бог, Вечниот Отец, Кнез на Мирот.

7 Нема крај на растот на владеењето и мирот, врз Давидовиот престол, и врз неговото царство да се уреди, и да го воспостави со пресуда и со правда отсега натаму, и тоа засекогаш. Ревноста на Господ на Војските ќе го изведе ова.

8 Господ го испрати Неговото слово на Јаков и тоа дојде над Израел.

9 И сите народи ќе знаат, дури и Ефрем и жителите на Самарија, кои со гордоста и корпулентноста на срцето велат:

10 Тулите се паднати, но ние ќе изградиме со обликувани камења; смоквите се исечени, но ние ќе ги замениме со кедри.

11 Затоа Господ ќе ги постави противниците на Рецин против него, и ќе ги здружи неговите непријатели заедно;

12 Сиријците напред и Филистинците позади; и ќе го проголтаат Израел со отворена уста. Поради сето ова Неговиот гнев не е тргнат, туку Неговата рака сѐ уште е испружена.

13 Зашто народот не се заврти кон Тој кој ги удри, ниту Го бараат Господ на Војските.

14 Затоа Господ ќе ги отсече од Израел главата и опашката, гранката и трската во еден ден.

15 Старешината, тој е главата; а пророкот кој поучува лаги, тој е опашката.

16 Зашто водачите на овој народ ги тераат да грешат; и оние кои се водени од нив се уништени.

17 Затоа Господ нема да се радува на нивните млади луѓе, ниту ќе има милост кон сираците и вдовиците; бидејќи секој од нив е лицемер и злосторник, и секоја уста зборува будалаштини. Поради сето ова Негов гнев не е тргнат, туку Неговата рака сѐ уште е испружена.

18 Зашто пакоста гореше како огнот; ќе ги проголта ружите и трњата, и ќе ги запали густите шуми, и ќе се кренат како што се крева чадот.

19 Преку бесот на Господ на Војските земјата е затемнета, и народот ќе биде како огнено масло; ниту еден човек нема да си го поштеди братот.

20 И тој ќе грабне од десната рака и ќе биде гладен; и ќе јаде од левата рака и нема да биде задоволен; Секој ќе го јаде месото од својата сопствена рака—

21 Манасија, Ефрем; и Ефрем, Манасија; тие заедно ќе бидат против Јуда. Поради сето ова Негов гнев не е тргнат, туку Неговата рака е сѐ уште испружена.