Движења на Скриен Оган
Бог ги слуша сите молитви кои ги нудиме и одговара на секоја од нив според патот кој Тој го одцртал за наше усовршување.
Браќа и сестри, јас научив болна лекција откако последен пат ја окупирав бината во Октомври 2022. Таа лекција е: Ако не дадете прифатлив говор, може да бидете протерани од следните неколку конференции. Можете да видите дека ме назначија во првата сесија ова утро. Тоа што не можете да го видите е дека јас стојам врз отвор со многу деликатен рајвер. Ако овој говор не помине добро, нема да ве видам на уште неколку конференции.
Во духот на таа прекрасна химна со овој прекрасен хор, неодамна научив неколку лекции кои, со Господова помош, сакам да ги споделам со вас денес. Тоа ќе го направи ова многу личен разговор.
Најличното и најболното од сите овие неодамнешни искуства беше починувањето на мојата сопруга, Пат. Таа беше најголемата жена која некогаш ја познавав—совршена жена и мајка, немам што да кажам за нејзината чистотија, дар на изразување, и духовност. Таа еднаш имаше говор насловен „Исполнувајќи ја Мерката на Вашето Создавање.“ Ми изгледа на мене дека таа ја исполни мерката на нејзиното создавање поуспешно отколку било кој би можел да сонува. Таа беше комплетна ќерка на Бог, жена за пример на Христа. Јас бев најсреќниот човек да поминам 60 години од мојот живот со неа. Ако се покажам достоен, нашето запечатување значи дека јас ќе поминам вечност со неа.
Уште едно поучувачко искуство започна пред 48 часа после погребот на мојата сопруга. Во тоа време, бев примен во болницата со сериозна медицинска состојба. Потоа јас ги поминав првите четири недели од шестнеделен престој во и надвор од интензивна нега во и надвор од свест.
Речиси сите мои искуства во болницата за време на тој период е изгубено од мојата меморија. Тоа што не е изгубено е мојата меморија за едно патување надвор од болницата, надвор од тоа што изгледаше раб на вечноста. Не можам да разговарам целосно за тоа искуство овде, но можам да кажам дека дел од тоа што го примив беше директива—охрабрување да се вратам на моето служење со повеќе итност, повеќе посветеност, повеќе фокус на Спасителот, и повеќе вера во Неговото слово.
Не можев да се воздржам а да не почувствувам дека ја примав мојата сопствена верзија од откровението дадено на Дванаесетте пред речиси 200 години:
„Ти ќе сведочиш за моето име … [И] ќе го испратите напред моето слово на краиштата на земјата. …
„… Утро по утро; и ден по ден нека твојот предупредувачки глас оди напред; и штом ноќта ќе пристигне жителите на земјата нека не спијат, поради твојот говор. …
“Станете[,] … земете го вашиот крст, [и] следете ме.”
Мои љубени браќа и сестри, од тоа искуство, јас се обидов почесно да го земам мојот крст, да пронајдам каде би можел кренам апостолски глас на топлина и предупредување во утрото, за време на денот и во ноќта.
Тоа води до трет увид кој дојде во тие месеци на загуба, болест, и вознемиреност. Тоа беше обновено сведоштво и бескрајна благодарност за ефикасноста на свештенските благослови и на понизните лични молитви—ваши молитви—за кои сум бил примач. Ќе бидам вечно благодарен за молбата на илјадници луѓе кои, како и ужасната вдовица, постојано бараа небесна интервенција во мое име. Јас добив свештенски благослови и го видов мојот клас од сраедно училиште како постат за мене, како и неколку вообичаени оддели низ Црквата. И моето име мораше да биде на трупот за молитва на речиси секој храм во Црквата.
Како моја длабока благодат за сето ова, јас се приклучив на Г. К. Честертон, кој еднаш рече „дека заблагодарувањара се највисоката форма на размислување; и … Благодарност е среќа удвоена преку чудо.“ Од дното на моето срце и со „среќа удвоена со чудо,“ ви се заблагодарувам на сите вас и се заблагодарувам на мојот Небесен Отец, кои ги слушнаа вашите молитви и го благословија мојот живот.
Браќа и сестри, јас сведочам дека Бог ги слуша сите молитви кои ги нудиме и одговара на секоја од нив според патот кој Тој го одцртал за наше усовршување. Јас признавам дека речиси во исто време толку многу се молеа за обновување на моето здравје, еднаков број—вклучувајќи ме мене—се молеа за обновување на здравјето на мојата жена. Јас сведочам дека и двете молитви беа слушнати и одговорени од божествено сожалив Небесен Отец, дури и молитвите за Пат кои не беа одговорени на начин на кој сакав. Тоа е поради причини познати само на Бог зошто молитвите се одговорени различно отколку што се надеваме—но тие се слушнати, и тие се одговорени според Неговата непотфрлувачка љубов и времетраење.
Ако „прашуваме на начин што не е погрешен,“ не постојат граници на тоа кога, каде, или за што се молиме. Според откровенијата, ние треба да се „молиме секогаш.“ И ние треба да се молиме, Амулек кажа, за „тие кои се околу вас,„ со верување дека „страствена молитва на пораведен [народ] овозможуваат многу.“ Нашите молитви треба да се вокални кога имаме приватност да ги понудиме. Ако тоа не е практично, тие треба да бидат кажани тивко во нашите срца. Ние пееме дека нашите молитви се „движења на скриен оган,” секогаш да бидат понудени, според Самиот Спасител, на Бог Вечниот Отец во името на Неговиот Единороден Син.
Мои драги пријатели, нашите молитви се најслаткиот час, нашиот „искрена желба,” наша наједноставна, најчиста форма на обожавање. Можеме да се молиме индивидуално, со нашите семејства, и во конгрегации од сите големини. Ние треба да ја искористиме молитвата како штит против искушение, ако постои одреден момент кога чувствуваме дека не треба да се молиме, можеме да бидеме сигурни дека двоумењето не доаѓа од Бог, кој копнее да комуницира со Неговите деца секогаш и во сите времиња. Секако, одредени напори да не задржат да се молиме потекнуваат директно од непријателот. И, кога не знаеме колку односно точно за што се молиме, треба да започнеме, и да продолжиме, се додека Светиот Дух не води во молитва која ние треба да ја нудиме. Овој пристап може да е единствениот кој го имаме кога се молиме за нашите непријатели и оние кои и покрај се не користат.
На крајот, можеме да погледнеме на Спасителот и неговиот пример кој се молеше толку, толку многу. Но секогаш ми беше интригирачки на мене што Исус чувствуваше воопшто потреба да се моли. Зарем Тој не беше совршен? За што би требал Тој да се моли? Јас сватив дека и Тој исто, е со нас, сака да „го бара [Очевото] лице, да верува на неговото слово, и да верува на неговата благодат.“ Сепак сезона по сезона и ден по ден, Тој се повлече од општеството и го бараше Неговиот Небесен Отец со молитва. При други времиња, Тој се молеше во друштво на неколку придружници. Тогаш Тој ја бараше небесата со ученици кои ја покрија планинската страна. Понекогаш молитвата величи Неговата облека. Понекогаш молитвата величи Неговата облека. Понекогаш Тој стоеше да се моли, понекогаш Тој клекнуваше да се моли, и барем еднаш падна на лицето во молитва.
Лука опишува дека спуштањето на Исус во Неговото искупување е како да бара од Него да се моли поискрено.“ Но како некој што е совршен се моли поискрено? Ние претпоставуваме дека сите Негови молитви беа искрени, сепак при исполнување на Неговата помирувачка жртва и преку болка дека се погрижи за неговиот универзален распон, Тој почувствува дека треба да се моли уште помолбено, со тежината на Неговиот принос крварејќи од секоја пора.
Против таа позадина на Христовата победа врз смртта и Неговиот неодамнешен дар за мене од неколку дополнителни дена односно недели или месеци во смртноста, јас носам свечено сведоштво за реалноста на вечниот живот и потребата за нас да бидеме сериозни при планирање на тоа.
Јас сведочам дека Христос доаѓа, Тој треба да не признае—не само како членови со име наведени на избледен запис за крштавање туку како членови кои се темелно посветени, верно верувајќи, и одрувајќи завети. Ова е итна работа за сите нас, за да не слушаме за потресувачка жал: „Јас никогаш не те знаев,“ односно, како што Џозеф Смит преведуваше оваа фраза, “[Ти] никогаш не ме знаеше.”
За среќа, имаме помош за оваа задача—многу помош. Ние треба да веруваме во ангели и чуда и ветувањата на светото свештенство. Ние треба да веруваме во дарот на Светиот Дух, влијанието на добрите фамилии и пријатели, и моќта на чистата љубов на Христос. Треба да веруваме во откровението и пророците, гледачите и откровителите и Претседателот Расел М. Нелсон. Ние треба да веруваме дека преку нашите молитви и заземање и лична праведност, тие ангели може да не водат до „Планината Сион, … Градот на живиот Бог, небесниот мир, најсветиот од сите.“
Браќа и сестри, додека се покајуваме од нашите гревови и доаѓаме смело до тој “тронот на благодатта,” оставајќи пред Него наши балзами и искрени молитви, ние ќе пронајдеме милост и прошка на добродушните раце на нашиот Вечен Отец и Неговиот послушен, совршено чист Син. Потоа, со Јов и сите прочистени верници, ние ќе здолгледаме свет „премногу прекрасен“ да се разбере. Во името на Исус Христос, амин.