Генерална Конференција
Бидете едно со Христос
Поддршка на Генералната Власт, Седумдесетте на Област, и Генералните Службеници


Бидете едно со Христос

Обединети сме преку нашата вера и љубов за Исус Христос и Неговото Помирување. Суштината на вистинската припадност е да се биде едно со Христос.

Го почувствував Помирувањето на Исус Христос уште од мал, но реалноста на Спасителовото Помирување ја разбрав на 25 години. Само што дипломирав на Правниот факултет Стенфорд и се подготвував за правосуден испит во Калифорнија. Мојата мајка ме повика и ми кажа дека мојот дедо Крозиер Кимбал, кој живееше во Јута, умира. Рече дека ако сакам да го видам, ќе биде подобро да се вратам дома. Мојот дедо имаше 86 години и беше многу болен. Прекрасно си поминав на гости. Беше многу задоволен што ме виде и го сподели неговото сведоштво со мене.

Кога Крозиер имал само три години, неговиот татко, Дејвид Патен Кимбал, починал на 44 год., Крозиер се надевал дека неговиот татко и неговиот дедо, Хебер С. Кимбал, ќе го одобрат неговиот живот и ќе почувствуваат дека тој бил верен на своето наследство.

Најважниот совет што ми го даде дедо ми беше да избегнувам секаво чувство на возвишеност или привилегираност поради овие лојални предци. Ми кажа да се фокусирам на Спасителот и Спасителовото Помирување. Рече дека сите ние сме чеда на возљубениот Небесен Отец. Без оглед на тоа кои се нашите земни претци, секој од нас ќе го извести Спасителот за тоа колку сме искрени покорувајќи се на Неговите заповеди.

Дедо го нарекуваше Спасителот „Чувар на вратата“, алузија на 2 Нефи 9:41. Ми кажа дека се надева дека бил доволно понизен за да се квалификува за Спасителовата милост.

Бев длабоко трогнат. Знаев дека тој е праведен човек. Беше патријарх и отслужи неколку мисии. Ме поучи дека никој не може да му се врати на Бога само со добри дела, без да извлече корист од Помирувањето на Спасителот. До денешен ден се сеќавам на големата љубов и почит што дедо ми ја имаше за Спасителот и Неговото Помирување.

Во 2019 год. за време на задача во Ерусалим, ја посетив горната соба што може да е во близина на местото каде Спасителот ги изми нозете на Апостолите пред Неговото Распнување. Бев духовно трогнат и размислував како Тој им заповедал на Своите Апостоли да се сакаат еден со друг.

Се потсетив на пледирачката посредничка молитва на Спасителот кој се молеше за нас. Оваа молитва се појави буквално во последните часови од Неговиот смртен живот како што е запишано во Евангелието според Јован.

Оваа молитва беше упатена до следбениците на Христос, вклучувајќи нѐ и сите нас. Во Спасителовата молба до Неговиот Отец, Тој пледираше „за да бидат сите едно; како што си ти Оче, во мене, и Јас во тебе, па така и тие да бидат во Нас едно.“ Спасителот потоа продолжува, „И славата што си ми ја дал, ним им ја дадов; за да бидат едно, како што сме ние.“ Обединетост е она за што Христос се молеше пред Неговото предавство и Распнување. Обединетост со Христос и нашиот Небесен Отец може да се добие преку Спасителовото Помирување.

Господовата спасоносна милост не зависи од лозата, образованието, економскиот статус или расата. Таа е заснована на тоа што сме едно во Христос и Неговите заповеди.

Пророкот Џозеф Смит и Оливер Каудери добија откровение за организацијата и владеење на Црквата во 1830 година, набргу по организирањето на Црквата. Она што е сега дел 20 беше прочитано од Пророкот Џозеф Смит на првата црковна конференција и беше првото откровение одобрено со заедничка согласност.

Содржината на ова откровение е навистина впечатлива. Нѐ поучува за значењето и улогата на Спасителот и како да пристапиме до Неговата моќ и благослови преку Неговата помирувачка благодат. Пророкот Џозеф Смит имаше само 24 години и имаше добиено бројни откровенија за да го заврши преводот на Книгата на Мормон со дар и моќ Божја. И Џозеф и Оливер се препознаваат како ракоположени Алостоли, на тој начин имаат овластување да претседаваат со Црквата.

Стиховите 17 до 36 содржат сиже на суштинската црковна доктрина, вклучувајќи ја реалноста за Бог, Создавањето на човештвото, Падот, и планот за спасение на Небесниот Отец преку Помирувањето на Исус Христос. Стиховите 37 ги содржат основни барања за крштевање во Господовата Црква. Стиховите 75 до 79 ги поставија сакраменталните молитви што ги користиме секоја недела.

Доктрината, принципите, сакраментите и практиките кои Господ ги воспостави преку Џозеф Смит, Пророкот на Обновувањето, се навистина плодотворни.

Барањата за крштевање, иако длабоки, се исклучително едноставни. Тие првенствено вклучуваат понизност пред Бога, скршено срце и скрушен дух, каење за сите гревови, преземање на името на Исус Христос, истрајување до крај и покажување преку нашите дела дека сме го примиле Духот на Христос.

Значајно е што сите квалификации за крштевањето се духовни по природа. Не е неопходно никакво економско или социјално достигнување. И сиромашните и богатите имаат исти духовни барања.

Не постојат барања за раса, пол или етничка припадност. Кинагата на Мормон става јасно до знаење дека сите се поканети да земат учество во Господовата добрина, „ни црнци ни белци, ни робови ни слободни, ни машки ни женски; … сите се еднакви пред Бога“. „Сите луѓе се привилегирани, едните како и другите, и на никој не му е забрането“.

Со оглед на нашата „допадливост“ пред Бога, нема смисла да ги нагласуваме нашите разлики. Некои погрешно нė охрабруваат „да замислуваме дека луѓето се многу поразлични од нас самите и еден од друг отколку што тие всушност се. [Некои] сметаат дека вистинските, но мали разлики, треба да ги преувеличуваат во голем јаз“.

Уште повеќе, некои погрешно претпоставуваат дека поради тоа што сите луѓе се поканети да ја примат Неговата добрина и вечен живот, не постојат барања за правилно однесување.

Сепак, светите писма потврдуваат дека од сите одговорни луѓе (на возраст од 8 години и повеќе) се бара да се покаат за гревовите и да ги одржуваат Неговите заповеди.. Господ јасно кажува дека сите имаат морална слобода на избор и „се слободни да изберат слобода и вечен живот, преку големиот Посредник за сите луѓе, … и да ги послушаат неговите големи заповеди; и да бидеат верни на неговите зборови, и да изберат вечен живот“. За да ги добиеме благословите од Помирувањето на Спасителот, ние мора афирмативно да ја применуваме нашата морална слобода на избор за да го избереме Христос и да се покоруваме на Неговите заповеди.

Во текот на мојот живот, значењето на „слобода на избор“ и „слободна волја“ беше анализирано и дебатирано. Имаше и продолжува да има многу интелектуални аргументи за овие теми.

На неодамнешната насловна страница на голема универзитетска публикација, истакнат биолог–професор тврди, „Нема простор за слободна волја“. Не изненадува тоа што, професорот кој е цитиран во натписот вели, „Не постои такво нешто како Бог, … и нема слободна волја, и тоа е огромен, рамнодушен и празен универзум“. Не можев а да не се спротивставам појако.

Фундаменталната доктрина за нашата вера е дека ние имаме морална слобода на избор што вклучува слободна волја. Слобода на избор е способност да се избере и да се дејствува. Таа е суштинска за планот за спасение. Без морална одлука, ние не би можеле да учиме, да напредуваме, или да избираме да бидеме едно со Христос. Поради моралната слобода на избор, ние „имаме слобода да избереме слобода и вечен живот“. Во претсмртниот Совет на Небесата, планот на Отецот вклучуваше слободата на избор како основен елемент. Луцифер се побуни и „Настојуваше да ја уништи слободата на избор на човекот“ Соодветно на тоа, привилегијата да се има смртно тело е одбиена од Сатаната и оние кои го следат.

Други претсмртни духови ја практикуваат својата слобода на избор кога го следат планот на небесниот Отец. Духовите кои се благословени со раѓање во овој смртен живот продолжуваат да имаат слобода на избор. Имаме слобода да избереме и да дејствуваме, но ние не ги контролираме последиците. „Да се избере правилното и праведното води кон среќа, мир и вечен живот, додека да се избере грешното и злото водат кон главоболка и мизерија“. Како што рече Алма, „Злобата никогаш не била среќа“.

Во овој исклучително натпреварувачки свет, постои постојан обид за истакнување. Настојувањето да се биде најдобар е праведен и вреден потфат. Тоа е доследно со Господовата доктрина. Напорите да се потценуваат или омаловажуваат другите или да се создадат бариери на нивниот успех е во спротивност со Господовата доктрина. Не смееме да ги обвинуваме околностите или другите за одлуката да постапиме спротивно на Божјите заповеди.

Во денешниот свет, лесно е да се фокусираме на материјалниот и професионален успех. Некои ги губат од вид вечните принципи и избори што имаат вечно значење. Би било мудро да го следиме советот на Претседателот Расел М. Нелсон да „размислуваме селестијално“.

Речиси секој може да ги направи најзначајни избори, без разлика на талентите, способностите, можностите или економските околности. Од суштинско значење е да се нагласи давањето највисок приоритет на семејните избори. Ова станува јасно низ стиховите. Сетете се на записот во 1 Нефи каде Лехи „заминува во дивината. И го остави својот дом, и земјата на неговото наследство, неговото злато, сребро, неговите скапоцени работи, и не зеде ништо со него, освен своето семејство“.

Кога се соочуваме со перипетии во животот, многу настани се случуваат вон наша контрола. Здравствените предизвици и несреќи очигледно спаѓаат во оваа категорија. Неодамнешната пандемијата КОВИД-19 имаше сериозно влијание врз луѓето кои правеле сѐ како што треба. За најважните одлуки, немаме контрола. Навраќајќи се на моите мисионерски денови, Старешина Мерион Д. Хенкс, нашиот претседател на мисија, сакаше сите ние да научиме напамет една поема од Ела Вилер Вилкокс:

There is no chance, no destiny, no fate, that (Нема шанса, ниту судбина, ни ксмет што)

Can circumvent or hinder or control (Може да ја заобиколи, или попречи, или контролира)

The firm resolve of a determined soul (Цврстата решеност на некоја решителна душа).

Во однос на принципите, однесувањето, верското празнување и праведно живеење, ние ја имаме контролата. Нашата верба во Отецот и восхитување за Него и Неговиот Син, Исус Христос, се одлука што ја носиме.

Ве молам разберете не се залагам за помал интерес за образованието или занимањето. Она што го велам е дека кога напорите поврзани со образованието и занимањето се ставаат над семејните, или да се биде едно со Христос, несаканите последици можат да бидат многу штетни.

Јасната и едноставна доктрина поставена во Учењето и Заветите 20 е трогателна и привлечна зашто ги засилува и појаснува светите духовни концепти. Таа поучува дека доаѓа спасение кога Исус Христос ги оправдува и осветува покајаните души поради милоста на Спасителот. Ја поставува сцената за најзначајната улога на Неговото Помирување.

Треба да се трудиме да ги вклучиме другите во вашиот круг на обединетост. Ако го следиме предупредувањето на Претседателот Нелсон да го собереме раселениот Израел од двете страни на превезот, треба да ги вклучиме другите во нашиот круг на обединетост. Како што Претседателот Нелсон толку убаво поучуваше: „На секој континент и на сите острови од морето, верниците се собираат во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Разликите во културата, јазикот, полот и националноста бледеат во безначајност кога верниците стапнуваат на заветениот пат и доаѓаат кај нашиот возљубен Искупител“.

Обединети сме преку нашата љубов и вера за Исус Христос и како деца на возљубениот Небесен Отец. Суштината на вистинската припадност е да се биде едно со Христос. Обредите како крштевањето и сакраментот утврдени во Учењата и Заветите 20, заедно со нашите храмски завети, нѐ обединуваат на посебни начини и ни дозволуваат да бидеме едно на сите вечно значајни начини, за да живееме во мир и хармонија.

Го давам своето сигурно и несомнено сведоштво дека Исус Христос живее, и благодарение на Неговото Помирување, можеме да бидеме едно со Христос. Во светото име на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Дејвид, на 17 години, помогнал да се пренесат неколку Светци преку замрзнатата Свитвотер Река, кога тие биле заглавени на високите рамнини на Вајоминг (види Saints: The Story of the Church of Jesus Christ in the Latter Days, volume 2, No Unhallowed Hand, 1846–1893 [2020], 237).

  2. Види Морони 7:27–28.

  3. Главниот Рабин на Норвешка, Рабинот Мајкл Мелхиор, и јас бевме клучните говорници на дијалогот на ученици Евреи и членови на Црквата од Подоцнежните Дни одржан на 5-ти јуни 2019 год., во Ерусалимскиот Центар на БЈУ во Израел.

  4. Види Јован 17:20.

  5. Јован 17:21-22.

  6. Види “The Conference Minutes and Record Book of Christ’s Church of Latter Day Saints, 1838–1839, 1844” (попозната како the Far West Record), June 9, 1830, Church History Library, Salt Lake City; Steven C. Harper, Making Sense of the Doctrine and Covenants (2008), 75.

  7. Учења и Завети 20 беше првото откровение објавено во црковниот весник и беше користено од мисионерите со почит кон доктрината и администрирањето на обредите на крштевање и сакрамент (види Harper, Making Sense of the Doctrine and Covenants, 75).

  8. Види 2 Нефи 2:7.

  9. Види Учењата и Заветите 20:37.

  10. 2 Нефи 26:33.

  11. 2 Нефи 26:28.

  12. Peter Wood, Diversity: The Invention of a Concept (2003), 20.

  13. Нехор го зазеде овој став (види Алма 1:4).

  14. Види Учење и Завети 29:49-50.

  15. 2 Нефи 2:27–28.

  16. Stanford (publication of the Stanford Alumni Association), Dec. 2023, насловна страница.

  17. Во Sam Scott, “As If You Had a Choice,” Stanford, Dec. 2023, 44. Натписот го идентификува професорот како Роберт Саполски, професор по биологија, неврологија и неврохирургија на Стенфорд и најпродаван автор на научни книги. Натписот содржи спротивставени погледи, вклучувајќи го и оној на Алфред Меле, професор по филозофија на Државниот универзитет во Флорида, кој водеше голем проект на Фондацијата Џон Темплетон на тема слободна волја. Тој изјави: „Научниците сигурно не докажаа дека слободната волја – колку и да е амбициозна – е илузија“ (во Scott, “As If You Had a Choice,” 46).

  18. Види D. Todd Christofferson, “Moral Agency” (Brigham Young University devotional, Jan. 31, 2006), speeches.byu.edu.

  19. Види Учења и Завети 58:27.

  20. 2 Нефи 2:27.

  21. Мојсеј 4:3.

  22. True to the Faith: A Gospel Reference (2004), 12.

  23. Алма 41:10.

  24. Види Расел М. Нелсон, „Размислувајте Селестијално!“, Лиахона, Ное. 2023, 117–20.

  25. 1 Нефи 2:4.

  26. Poetical Works of Ella Wheeler Wilcox (1917), 129.

  27. Отсекогаш ми се допаѓаше цитатот на Старешина Нил А. Максвел во кој најконцизно се вели следното: „Ако од прва не сте го избрале Божјото царство, на крајот не е важно што сте избрале наместо него“ (припишано на Вилијам Лоу, англиски свештеник од 18-ти век; цитиран во говорот на Нил А. Максвел, “Response to a Call,” Ensign, May 1974, 112).

  28. Види Учења и Завети 20:29-31. Теологијата на калвинизмот го нагласи оправдувањето и осветувањето на отпаднатите души преку благодатта на Исус Христос. Тој поучуваше дека штом Бог предодредил душа за спасение, ништо не може да го промени исходот. Учењата и заветите 20 прави чист прекин со калвинизмот. Во него пишува, „Постои можност човекот да отпадне од благодатта и да се оддалечи од живиот Бог“ (види Учењата и Заветите 20:32–34; Harper, Making Sense of the Doctrine and Covenants, 74).

  29. Russell M. Nelson, “Building Bridges,” Liahona, Dec. 2018, 51.