Генерална Конференција
Доверба во Господ
Поддршка на Генералната Власт, Седумдесетте на Област, и Генералните Службеници


Доверба во Господ

Нашата врска со Бог може да расте само до степен до кој сме спремни да ја положиме нашата доверба во Него.

Во нашето семејство, ние понекогаш играме една игра која ја нарекуваме „Лудата Игра на Доверба.“ Можеби сте ја играле и вие исто. Двајца луѓе стојат неколку стапала раздвоени, завртени со грб еден кон друг. На сигнал од лицето назад, лицето напред се навалува наназад во прегратка на нивниот пријател.

Добербата е основа на сите врски. Почетно прашање на било која врска е „Дали можам да и верувам на другата личност?“ Една врска се формира само кога луѓето се спремни да положат доверба еден во друг. Не може да постои врска ако една личност верува целосно а другата одбира да не верува.

Секој од нас „е возљубен духовен син или ќерка на еден прекрасен Небесен Отец. Како и да е, додека духовното родословие обезбедува основа, самото не создава зрела врска со Бог. Една врска се формира само кога ние одбираме да имаме доверба во Него.

Небесниот Отец бара да изгради длабока и лична врска со секој од Неговите духовни деца. „За да бидат сите едно; како што си ти Оче, во мене, и Јас во тебе, па така и тие да бидат во нас едно.“ Врската што Бог ја бара е толку блиска и лична што Тој може да сподели се што Тој има и се што Тој е со секој од нас. Таков вид на совршена, вечна врска може да се развие само кога е изградена врз совршена, комплетна доверба.

За Неговиот дел, Небесниот Отец работеше од почетокот да ја соопшти Неговата абсолутна доверба во божествениот потенцијал на секое од Неговите деца. Доверба подлежи на планот кој Тој го презентираше за наш раст и напредок пред доаѓање на земјата. Тој би не научил на вечни закони, би создал земја, би не обезбедил со смртни тела, би ни го дал дарот да одбереме за самите себеси, и би ни дозволил да учиме и да растеме создавајќи сопствени избори подалеку од Неговото присуство. Тој посакува дека ние ќе одбереме да ги следиме Неговите закони и ќе се вратиме да уживаме со Него и Неговиот Син.

Знаејќи дека секогаш не би направиле добри избори, Тој исто така подготви еден начин за нас да избегаме од последицата на нашите лоши избори. Тој обебеди еден Спасител—Неговиот Син, Исус Христос—да се помири за нашите гревови и да не очисти повторно под услов на покајание. Нѐ поканува да користиме скапоцен дар на покајание често.

Секој родител знае колку е тешко да се верува на едно дете да донесе одлуки, особено кога родителот знае дека децата ќе направат грешки и ќе страдаат како резултат на тоа. Сепак Небесен Отец може да ни дозволи да правиме избори кои ќе не помогнат да достигнеме наш божествен потенцијал! Бидејќи, како што Старешина Дејл Г. Ренланд поучуваше, „[Неговата] цел во родителство не е Неговите деца да го прават тоа што е правилно; туку Неговите деца да одбираат да го прават тоа што е правилно и на крај да станат како Него.“

Како и да е, без оглед на Божјата доверба во нас, нашата врска со Него може да расте само до степен колку што сме спремни да веруваме во Него. Предизвикот е дека живееме во паднат свет и дека сите сме искусиле загуба на верба во други поради нечесност, манипулација, предавство, или друго лошо однесување. Еднаш штом ќе не предадат, тешко ни е да имаме доверба повторно. Негативните искуства со доверба со несовршени смртници ни влијае на нашата способност да имаме доверба во Небесниот Отец.

Пред неколку години, двајца професионални мои колеги, Леонид и Валентина, ме изненадија со изјавување дека тие сакаат да станат членови на Црквата. Додека тој почнуваше да го учи евангелието, Леонид имаше потешкотии да се моли. Порано во неговиот живот, Леонид беше искусил злоставување од власта и манипулација и контрола од претпоставените и беше развил недоверба во власта. Овие искуства направија потешко за него да си го отвори неговото срце и да ги изрази неговите чувства на Небесниот Отец. Со време и поучување, Леонид стекна подобро разбирање на карактерот на Бог и започна да има искуства чувствувајќи ја Божјата љубов за Него. На крај, молитвата стана природен начин за него да изрази благодарност и да возврати љубовта која ја чувствуваше за Бог. Довербата на Леонид во Бог се зголемуваше и неговата врска растеше, водејќи го него и неговата жена да ја зацврстат неговата врска со Бог преку влегување во завети со Него.

Ако предходен недостаток на доверба ве задржува да верувате на Бог, ве молам следете го примерот на Леонид. Трпеливо продолжува да учи повеќе за Небесниот Отец, Неговиот карактер, Неговите атрибути, и Неговите цели. Погледнете и снимете искуства чувствувајќи ја Неговата љубов и моќ во вашиот живот. Нашиот жив пророк, Претседател Расел М. Нелсон, поучуваше дека колку што повеќе учиме за Бог, толку полесно ќе биде за нас да му веруваме на Него.

Понекогаш најдобриот начин да научиме да имаме доверба во Бог е едноставно верувајќи му на Него. Како „Лудата Вежба за Доверба,“ понекогаш ние само треба да сме спремни да се навратиме наназад и да дозволиме на Него да не фати. Смртниот живот е тест. Предизвиците кои се протегаат вон нашиот сопствен капацитет се дел од нашиот живот. Кога нашата сопствена мудрост не е адекватна, ние природно бараме помош од други извори. Во свет заситен од информации, ние нема да пронајдеме недостаток на извори кои не тераат да ги пробаме нивните решенија. Како и да е, едноставно, везвременски совет во Пословици обезбедува со најдобар избор: „Довербата во Господ со сите твое срце.“ Ја покажуваме нашата верба во Бог вртејќи се кон Него прво кога сме соочени со животните предизвици.

Откако ги завршив правното училиште, нашето семејство одлучи каде ќе работиме и каде ќе го градиме нашиот дом. После советувањето едни со други со Господ, ние се чувствуваме насочени да се движиме со нашето семејство на источните Соединети Држави, далеку од родителите и браќата и сестрите. На почетокот, нештата тргнаа добро, и ние почувствувавме потврда во нашата одлуката. Потоа нештата се променија. Имаше смалување на правната фирма, и јас се соочив и со загуба на приход и осигурување во време кога нашата ќерка Дора се роди соочувајќи се со сериозни медицински предизвици и долготрајни специјални потреби. Додека работиме низ овие предизвици, јас добив повик од Црквата што бара значајно време и посветеност.

Никогаш не сум се молел за вистинитоста на евангелието. Јас започнав да се запрашувам за одлуките кои сме ги донеле и нивните придружувачки потврди. Ние верувавме во Господ, и нештата требаше да дејствуваат. Јас бев паднал наназад, и сега изгледаше дека никој немаше да ме фати.

Еден ден зборовите „Не прашувајте зошто; прашајте што јас сакам вие да научите“ дојдоа цврсто во мојот ум и срце. Бев уште позбунет. Во моментот на моја збунетост за мојата најрана доверба, Бог ме покануваше да имам доверба во Него уште повеќе. Гледајќи наназад, Ова беше критична точка во мојот живот—тоа беше моментот кога сватив дека најдобриот начин да научам да верувам во Бог е едноставно преку верување во Него. Во последователните недели, јас гледав со зачудување како Господ чудесно го откриваше Неговиот план за да ја благослови нашата фамилија.

Добри учители и тренери знаат дека интелектуалниот раст и физичката сила може да се случат само со нанесување притисок на умовите и мусулите. Исто така, Бог не поканува да растеме имајќи доверба во Неговото туторство преку душевен стрес на духовно барање. Затоа, можеме да бидеме сигурни дека било каква доверба може да имаме демонстрирано во минатото, уште едно искуство на врачување на доверба сепак претстои напред. Бог е фокусиран на нашиот раст и напредок. Тој е Врвен учител, комплетен тренер кој секогаш делува да ни помогне да сватиме само малку повеќе од нашиот божествен потенцијал. Тоа секогаш ќе вклучува идна покана да имаме доверба во Него само малку повеќе.

Книгата на Мормон поучува за моделот на врачување на доверба кој Бог го користи да изгради силни врски со Неговите деца. Во Дојдете, Следете Ме, ние неодамна проучувавме за тоа како довербата на Нефи во Бог беше тестирана кога тој и неговите браќа им беше заповедано да се вратат во Ерусалим да ги добијат плочите од месинг. Откако нивните почетни обиди не успеаја, неговите браќа се предадоа и беа подготвени да се вратат без плочите. Но Нефи одбра да ја положи неговата комплетна доверба во Господ и беше успешен во добивање на плочите. Тоа иксуство веројатно ја исполни довербата на Нефи во Бог кога неговиот лак се искрши и неговото семејство се соочуваше со глад во дивината. Повторно, Нефи одбра да му верува на Бог, и семејството беше спасено. Овие последователни искуства му дадоа на Нефи посилна самодоверба во Бог за допрва уште една можност за проширување на довербата која лежеше напред—градење на брод.

Низ последователни искуства, Нефи ја зацврсти неговата врска со Бог со постојано и продолжено верување во Него. Бог користи ист модел со нас. Тој ни испраќа лични покани да ја зацврстиме и продлабочиме нашата доверба во Него. Секој пат што прифаќаме и делуваме на покана, нашата доверба во Бог расте. Ако игнорираме или одбиеме покана, нашиот напредок запира се додека не делуваме со нова покана.

Добрите вести се дека без разлика на довербата што ние може или не мора да одбереме да ја положиме во Бог во минатото, можеме да му веруваме на Бог денес и секој ден понатаму. Јас ветувам дека секој пат кога одиме, Бог ќе биде со нас да не фати, и нашат врска на доверба ќе порасне посилна до денот додека да станеме едно со него и Неговиот Син. Тогаш можем да објавиме како Нефи, „О Господе, јас ти верував на тебе, и јас ќе ти верувам на тебе засекогаш.“ Во името на Исус Христос, амин.