Интегритет: Христолика Особина
За да живееме живот со интегритет потребно е да му бидеме верни на Бога, верни еден на друг, и верни на нашиот божествен идентитет.
Во последните часови од Неговата служба, Спасителот заминал во Маслиновата Гора во градината наречена Гетсиманија и им рекол на Своите ученици да почекаат. Сега сам, му се обратил на Својот Отец, „Кога би сакал да ја тргнеш оваа чаша од Мене!“ Бидејќи бил во агонија, Неговите страдања го натераа, „дури и Бог, најголемиот од сите, да трепери од болка, и да крвари од секоја пора, … и сакаше [Тој] да не ја пие горчливата чаша, и се згрози“. Сепак во моментот на длабок очај, Спасителот не се повлекол „туку ја испил и ги довршил [Неговите] подготовки за децата човечки“.
Како Единороден Син на Отецот, Исус Христос имал моќ над смртта, болката и страдањето, но не се воздржувал. Го исполнил заветот што Го склучил со Неговиот Отец и, правејќи го тоа, покажал Христолика особина сѐ поважна во светот во кој живееме—особината на интегритет. Останал верен на Бога, на сите нас и на Неговиот божествен идентитет.
Интегритет
Исус Христос е нашиот Егземплар. Да се живее живот со интегритет бара од нас да му бидеме верни на Бога, да бидеме верни еден на друг и на нашиот божествен идентитет. Интегритетот доаѓа од првата голема заповед да се сака Бог. Поради тоа што го сакате Бог, вие сте му верни Нему во сите времиња. Разбирате дека постои правилно и погрешно, и дека постои апсолуна вистина—Божја вистина. Интегритет значи дека не ги намалуваме нашите стандарди или однесување за да ги воодушевиме или да бидеме прифатени од другите. Вие „го правите она што е правилно“ и „дозволувате последиците да следат“. Во неодамнешните исправки на прирачникот за мисионери Проповедај го Моето Евангелие интегритетот беше додаден како христолика особина.
Пред неколку години, на Старешина Ухтдорф му беше доверена задача да го реогранизира нашиот кол. За време на нашето интервју, тој ми постави прашање кое не сум го заборавил: „Дали има во вашиот живот нешто, што, доколку биде објавено, би било срам за вас или за Црквата?“ Изненаден, мислите брзо ми претрчаа низ целиот мој живот, обидувајќи се да се присетам на моментите кога можеби сум потфрлил и се прашувам себе си, „Доколку другите знаат што сѐ сум направил, што би помислиле за мене или за Црквата?“
Во тој момент, помислив дека старешина Ухтдорф ме прашува само за сопствената достојност, но сега знам дека всушност ме прашуваше за сопствениот интегритет. Дали бев верен на она што го проповедам? Дали светот ќе види доследност меѓу моите зборови и моите дела? Дали другите би го виделе Бог преку моето однесување?
Претседателот Спенсер В. Кимбал поучуваше, „Интегритет“ е нашата „подготвеност и способност да живееме според нашите верувања и завети“.
Верни на Бога
Живот со интегритет бара од нас пред сѐ да му бидеме верни на Бога.
Уште од рано детство, ја учиме приказната за Даниил во лавовската јама. Даниил отсекогаш му беше верен на Бога. Неговите љубоморни врсници „бараа да најдат повод против [него]“ и изготвиле декрет со кој се налага молитвите да се упатуваат само до нивните богови. Иако Даниил знаел за декретот, отишол дома—со “отворени прозорци“—клекнал и му се помолил на Богот од Израел три пати дневно. Затоа, Даниил бил фрлен во лавовската јама. Взори, царот дознал дека Данииловиот Бог го ослободил и издал нов декрет дека сите треба „да се плашат и треперат пред Богот на Даниил: зашто тој е живиот Бог“.
Царот стекнал знаење и разбирање за Бога преку интегритетот на Даниил. Другите го рабираат Бога преку нашиот интегритет—зборови и дела. Исто како и Даниел, да се биде искрен кон Бога, се повеќе и повеќе нѐ прави посебни-нѐ издвојува од светот.
Спасителот нė потсети, „Во светот ќе имате маки; но бидете смели; зашто јас го победив светот“. Претседателот Расел М. Нелсон советуваше: „[Да се надмине светот] значи да се надмине искушението да се грижиме повеќе за работите од овој свет отколку за Божјите работи. Тоа значи да и се верува на Исусовата доктрината повеќе, отколку на човековите филозофи.“ На сличен начин, мораме да му одолееме на искушението да чекориме „на [наш] сопствен начин, и според сликата на [нашиот] споствен бог, чиј лик е подобие на светот“.
Противречната привлечност на овој свет е основен дел на Божјиот план за спасение. Како одговараме на привлечноста е суштината на тоа кои сме—мерка за нашиот интегритет. Световната привлечност може да биде директна како што е уништвување брачната верност, или суптилна, како објавување на анонимни коментари кои ја критикуваат доктрината или културата на Црквата. Да се практикува покажување интегритет во нашите избори е надворешен израз на внатрешната посветеност да го следиме Спасителот, Исус Христос.
Лојалност кон Другите
Исто како што интегритетот доаѓа од првата голема заповед да го сакаме Бога, така и верноста еден кон друг произлегува од втората, да се сакаат ближните како себе си. Живот со интегритет не е живот на совршенство; тоа е живот во кој секојдневно се трудиме да му бидеме верни на Бога, и во тој контекст да им бидеме лојални на другите. Претседателот Оукс нѐ потсети, „Нашата ревност да ја почитуваме [втората] заповед не смее да нѐ натера да ја заборавиме првата“.
Светот сė повеќе се бори со интегритетот со наметнување кодекси на однесување или етички правила што управуваат со односите помеѓу луѓето и институциите. Иако се добри, овие правила генерално не се засноваат на апсолутна вистина и имаат тенденција да се развиваат врз основа на културното прифаќање. Слично на прашањето поставено од Старешина Ухдорф, некои организации ги обучуваат своите вработени да размислуваат за тоа како би изгледале нивните одлуки или процес на донесување на одлуки кога би биле објавени на интернет или на насловната страница на некој голем весник. Како што Црквата излегува од нејасност и темнина, така и ние, како Даниил, мора да се издигнеме над световните очекувања и да станеме лицето на вистинскиот и жив Бог во сите времиња и на сите места.
Да се каже дека имаме интегритет е недоволно ако нашите постапки не се во согласност со нашите зборови. Исто така, Христијанската љубезност не е замена за интегритетот. Како заветен народ, и како водачи на Неговата црква, ние мора да бидеме непорочни и усогласени со стандардите што Господ ги поставил.
Да се дејствува со интегритет ја гради лојалноста и ги уверува другите дека бараме само да ја извршиме волјата на Господ. Во нашите совети, се спротивставуваме на надворешните влијанија и го следиме процесот на откривање на Господ барајќи секој маж и жена да сфатат и да дејствуваат во склад со добиениот инспиративен совет.
Се фокусираме на Спасителот, и внимаваме да избегнуваме дејствија што би можеле да се сфатат како да се во служба на нашите сопствени интереси, да се во корист на нашето семејство, или да фаворизираат некого за сметка на друг. Вложуваме максимални напори за да го избегнеме впечатокот дека нашите постапки може да бидат под влијание на честа на луѓето, со цел да стекнеме лично признание, да генерираме повеќе допаѓања, да бидеме цитирани, или објававувани.
Верни на нашиот Божествен идентитет
Конечно, живот со интегритет бара од нас да бидеме верни на нашиот божествен идентитет.
Познаваме некои кои не биле. Од особено значење е антихристот Корихор, кој ги одведе срцата на многумина, апелирајќи на нивниот „телесен ум“ Сепак, во последните моменти од неговиот живот, тој признал, „отсекогаш знаев дека постои Бог“. Претседателот Хенри Б. Ајринг поучува дека лажењето „противречи со природата на нашиот дух“, нашиот божествен идентитет. Корихор се лажел себе си, и вистината не била во него
За разлика од него, Пророкот Џозеф Смит самоуверено прогласи, „Јас знаев, а знаев дека и Бог знае, и не можев да порекнувам“.
Братот на Џозеф, Хајрум бил сакан од Господа „поради искреноста на неговото срце“. Тој и Џозеф останале лојални до крај—верни на нивниот божествен идентитет, светлината и знаењето што ги добиле, лојални на личноста што знаеле дека можат да станат.
Заклучок
Да се помириме со „волјата на Бога“ и да ја развиеме Христоликата особина на интегритет. Да го следиме нашиот Егземплар, Спасителот на светот, и да не се повлекуваме туку да живееме живот верни на Бога, верни еден на друг и на нашиот божествен идентитет.
Како што рекол Јов, „Нека ме измерат со мерака на правдата и Бог ќе ја дознае мојата непорочност“. Во светото име на Исус Христос, амин.