Генерална Конференција
Сите Нешта за Наше Добро
Поддршка на Генералната Власт, Седумдесетте на Област, и Генералните Службеници


Сите Нешта за Наше Добро

Привремено и за вечноста, целта на создавањето и природата на Самиот Бог е да соедини сѐ за наше добро.

Денеска е 6 април, годишнина од денот кога Исус Христос ја обнови Својата Црква од Подоцнежните Дни и дел од Велигденската сезона кога радосно сведочиме за совршениот живот на Исус Христос, помирувачката жртва и славното Воскресение.

Една Кинеската приказна започнува кога синот на еден човек наоѓа прекрасен коњ.

„Колкава среќа“, велат соседите.

“Ќе видиме“, вели човекот.

Потоа синот паѓа од коњот и е трајно повреден.

„Колку жално“, велат соседите.

“Ќе видиме“, вели човекот.

Доаѓа војска да регрутира, но не го зема повредениот син.

„Колкава среќа“, велат соседите.

“Ќе видиме“, вели човекот.

Овој непостојан свет често е бурен, несигурен, понекогаш среќен и - премногу често - несреќен. Сепак, во овој турбулентен свет, „за доброто на сите оние кои го сакаат Бога, сѐ им содејствува за добро.” Навистина, ако одиме исправено и се сеќаваме на нашите завети, “сите работи ќе тргнат за за ваше добро,.”

Сите нешта за наше добро.

Прекрасно ветување! Утешна гаранција од Самиот Бог! На чудесен начин, целта на создавањето и природата на Бог е да се знае почетокот и крајот; да се случи сè што е за наше добро; и да нė спаси и воздигне кога се осветуваме и стануваме свети преку благодатта и Помирувањето на Исус Христос.

Помирувањето на Исус Христос може да нė избави и откупи од грев. Но, Исус Христос исто така интимно ја разбира секоја наша болка, неволја, болест, тага, разделба. Времено и за вечноста, Неговиот триумф над смртта и пеколот може да ги исправи сите работи. Тој помага да се исцелат скршените и омаловажените, да се помират лутите и поделените, да се утешат осамените и изолираните, да се охрабрат несигурните и несовршените и да се направат чуда можни само со Бога.

Пееме алелуја и викаме осана! Со вечна моќ и бескрајна добрина, во Божјиот план за среќа, сите работи можат да работат заедно за наше добро. Можеме да се соочиме со животот со доверба, а не со страв.

Оставени сами на себе, можеби нема да знаеме што е за нас најдобро. Кога „јас се избирам себеси“, ги избирам и моите сопствени ограничувања, слабости, несоодветности. На крајот, за да направиме најтрајно добро, мора да сме добри. Бидејќи никој освен Бог не е добар, бараме совршенство во Исус Христос. Ние стануваме наше највистинито, најдобро јас само кога го одложуваме природниот маж или жена и стануваме дете пред Бога

Со лојалност и верба во Бога, искушенијата и неволјите можат да се осветат за наше добро. Јосиф, продаден во ропство во Египет, подоцна ги спасил своето семејство и народот. Преку затворањето пророкот Џозеф Смит во затворот Либерти научил дека овие работи “„ќе ти дадат искуство, и ќе бидат за твое добро“. Да се живее со вера, во искушенија и жртви што никогаш не би ги избрале може да нè благослови нас и другите на незамисливи начини.

Ја зголемуваме вербата и довербата во Господ дека сите работи можат да функционираат за наше добро кога стекнуваме вечна перспектива; кога разбираме дека нашите искушенија може да бидат „само за кратко“; препознаваме дека неволјата може да биде осветена за наша корист; признаваме дека несреќите, прераната смрт, исцрпувачките болести и заболувања се дел од смртноста; и веруваме дека нашиот сакан Небесен Отец не нė искушува за да нė казнува или ни суди. Не би му дал камен на некој што бара леб, ниту змија на оној што бара риба.

Кога доаѓаат искушенија, често она што најмногу го сакаме е некој да нė ислуша и да биде со нас. Во ваквите моменти, клише одговорите може да бидат некорисни, дури и ако нивната намера е утешнаа. Понекогаш копнееме по некој кој ќе тагува, ќе почувствува болка и ќе плаче со нас; ќе ни дозволи да ја изразиме болката, фрустрацијата, па дури и гневот; и ќе ни призне дека има работи што не ги знаеме.

Кога му веруваме на Бог и на Неговата љубов кон нас, дури и нашите најголеми скршеници можат, на крајот, да работат заедно за наше добро.

Се сеќавам на денот кога слушнав за тешката сообраќајна несреќа во која учествуваа оние што ги сакам. Во такви времиња, во тага и вера,, единственото што може да го кажеме со Јов, „Господ даде, Господ зеде. Благословено да е името Господово“.

Низ Црквата ширум светот, постојат помалку од 3.500 колови и окрузи и нешто помалкуод 30.000 одделенија и гранки што обезбедуваат засолниште и безбедност од бурите. Но, во нашите колови и оддели, многу верни семејства и поединци се соочуваат со тешки предизвици, дури и кога знаат дека (без сè уште да дознаат како) работите ќе се свртат во нивна корист.

Во Хадерсфилд, Англија, на брат Семјуел Бриџсток му беше дијагностициран рак во четврта фаза, непосредно пред да биде повикан за нов претседател на кол. Со ваква очајно тешка дијагноза, ја запрашал сопругата Ана, зошто воопшто би одел на интервју.

„Затоа што“, вели Сестра Бриџсток, „ќе бидеш повикан за претседател на кол“.

Семејство Бриџсток.

Првично му беше дадена година или две живот, а сега Претседателот Бриџсток (кој е овде денес) е во својата четвртата година од служба. Има добри и тешки денови. Неговиот кол се собира со зголемена вера, служба и љубезност. Не е лесно, но неговата сопруга и семејството живеат со вера, благодарност и разбирлива тага за којашто веруваат дека ќе се претвори во вечна радост преку обновеното Искупување на Исус Христос.

Кога сме мирни, отворени и побожни, можеме да ја почувствуваме убавината, целта и спокојството на заветната припадност што Господ ги нуди. Во светите моменти, Тој може да ни дозволи да ја погледнеме поголемата вечна реалност од која е составен нашиот секојдневен живот, каде малите и едноставни работи функционираат во корист на давателите и примателите.

Ребека, ќерката на мојот прв претседател на мисија, раскажа како Господ одговорил на нејзината молитва за утеха со неочекувана можност да одговори на нечија туѓа молитва.

Ребека и ја дала на жената преносливата машина за кислород на нејзината мајка.

Доцна една вечер, Ребека, која тагуваше за неодамнешната смрт на нејзината мајка, имала недвосмисленј потттик да оди да купи бензин за нејзиниот автомобил. Кога пристигнала на станицата, сретнала постара жена како дише и се бори со голем резервоар за кислород Подоцна, Ребека и ја дала на жената преносливата машина за кислород на нејзината мајка. Оваа сестра изразила благодарност велејќи: „Ми ја вративте слободата“. Работите функционираат заедно за добро кога служиме како Исус Христос.

Еден татко кој добил задача да го придружува својот син на како придружник на служба објаснил: „Да се служи значи кога од соседи кои им носат колачиња на доверливи пријатели, стануваме први духовни возвраќачи“. Заветната припадност на Исус Христос ни дава утеха, нė поврзува, и нė осветува

Дури и при трагедија, духовната подготовка може да нè потсети на нашиот сочувствителен Небесен Отец кој ги знае нашите сопствени околности кога сме се чувствувале најранливи и осамени. На пример, едно семејство чие дете беше однесено со брза помош во болница, подоцна најде утеха присеќавајќи се дека Светиот Дух однапред им дошепнал што треба да очекуваат.

Понекогаш подолгата вечна реалност што Господ ни дозволува да ја почувствуваме го вклучува и нашето семејството од другата страна на превезот. Една сестра најде радост кога се преобратила во обновеното евангелие на Исус Христос. Сепак, две трауми длабоко го погодија нејзиниот живот - гледањето на несреќа со брод и трагично губењето на нејзината мајка, која си го одзеде животот.

Сестра го победи стравот и се крсти.

И покрај тоа оваа сестра го надминала стравот од вода доволно добро за да биде крстена со потопување. И на оној за неа стана многу среќен ден, таа била сведок кога некој во име на нејзината почината мајка бил крстен во храмот. „Крштевањето во храмот ја исцели мојата мајка, а тоа ме ослободи“, рекла сестрата. „Беше прв пат да почувствувам мир откако почина мајка ми“.

Од нашата света музика одекнува Неговото уверување дека сите работи можат да проработат во наша корист.

Be still, my soul: Thy God doth undertake (Биди мирна душо моја: Твојот бог презема)

To guide the future as he has the past.(Да ја води иднината како што го водеше минатото)

Thy hope, thy confidence let nothing shake;(Твојата надеж, твојата самоувереност не дозволуваат потрес)

All now mysterious shall be bright at last (Сѐ што е сега мистериозно, конечно ќе се разјасни).

Come, come, ye Saints, no toil nor labor fear(Дојдете, дојдете вие Светци,нема мачење ниту страв од работа) ;

But with joy wend your way(туку со радост тргнете по својот пат).

Though hard to you this journey may appear(Колку и да ви е тешко ова патување) ,

Grace shall be as your day (Благодатта ќе биде како ваш ден). …

And should we die before our journey’s through (И ако умреме пред нашето патување да заврши),

Happy day(Среќен ден)! All is well(Сѐ е добро)!

Книгата на Мормон е сведоштво што може да го држиме во раката дека Исус е Христос и дека Бог ги исполнува Неговите пророштва. Напишана од инспирирани пророци кои го виделе нашето време, Книгата на Мормон започнува со сурова драма - едно семејство кое се справува со длабоки разлики. Сепак, додека ја проучуваме и размислуваме за 1 Нефи 1 сѐ до Морони 10, привлечени сме кон Исус Христос со цврсто сведоштво дека она што се случило таму и тогаш може да нѐ благослови овде и сега.

Додека Господ, преку Својот жив пророк носи сѐ повеќе Господови домови поблиску до многумина од нас на повеќе места, гледаме како храмските благослови функционираат заедно во наша корист. Доаѓаме по завет и уредба до Бог, нашиот Отец и Исус Христос и стекнуваме вечна перспектива за смртноста. Извршени еден по еден, име по име, им нудиме на саканите членови на семејството - предци - спасителни уредби и заветни благослови во Господовиот образец на спасители на планината Сион.

Како што храмовите стануваат сѐ подостапни на многу места, храмската жртва што можеме да ја понудиме е почесто да бараме светост во домот Господов. Долги години штедевме, планиравме и жртвувавме за да дојдеме во храмот. Сега, кога тоа ни го дозволуваат околностите, ве молиме да доаѓајте уште почесто кај Господа во Неговиот свет дом. Нека редовната храмска богослужба и служење ве благословат, ве штитат и ве инспирираат вас и вашето семејство - семејството што го имате и семејството што ќе го имате и стекнете еден ден.

Баба надвор од храмот.

Исто така, каде што ви дозволуваат околностите, ве молиме размислете за благословот од поседување сопствена храмска облека. Една баба од скромно семејство вели дека најмногу на светот би сакала да има сопствена храмска облека. Нејзиниот внук вели: „Баба шепна: „Ќе служам во мојата сопствена облека во храмот, а кога ќе умрам, ќе бидам погребана во неа“’”. И кога времето пристигна, таа навистина беше погребана во неа.

Како што поучува Претседателот Расел М. Нелсон, “Сè во што веруваме и секое ветување што Бог му го дал на Својот заветен народ се собрани заедно во храмот.”

Привремено и за вечноста, целта на создавањето и природата на Самиот Бог е да соедини сѐ за наше добро.

Ова е вечната цел на Господа. Тоа е Неговата вечна перспектива. Тоа е Неговото вечно ветување.

Кога животот е хаотичен, кога целта не е јасна, кога сакате да живеете подобро, а не знаете како, дојдете кај Бог, нашиот Отец и Исус Христос. Верувајте Тие живеат, ве сакаат и сакаатсè да биде во ваша корист. Сведочам дека го прават тоа, бесконечно и вечно, во светото име на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Јован 16:33,

  2. Римјаните 8:28.

  3. Учење и Завети 90:24. Популарната фраза „Сè е добро“ честопати имплицира дека работите се во најдобар ред, без нужно да значи дека тие се всушност за наше добро.

  4. Види Мојсеј 1:3.

  5. Види Алма 7:11.

  6. Види 2 Нефи 9:10-12. Бог ја почитува моралната слобода на избор, понекогаш дозволувајќи дури и неправедните постапки да влијаат врз нас. Но, додека доброволно бараме иправиме сè што можеме, милоста на Исус Христос и Неговата оспособувачка и помирувачка моќ можат да нè очистат, исцелат, врзат, помират со самите себе и едни со други, од двете страни на превезот.

  7. Види Морони 7:6, 10-12. Професорот Тери Ворнер проникливо пишува на оваа тема.

  8. Види Римјаните 3:10; Морони 10:25–21.

  9. Види Морони 10:32.

  10. Види Учење и Завети 122:4, 7.

  11. Учиме од искуства кои никогаш не би ги избрале. Понекогаш носењето товар со Господовата помош може да ја зголеми нашата способност да ги носиме тие товари; Мосија 24:10–15 илустрира Господовото ветување дека ќе „го посетувам Мојот народ во нивните неволји.“ и „зацврсти за да можат да ги носат своите товари“. Алма 33:23 учи дека “вашите товари да бидат лесни, преку радоста на Неговиот Син.” Mosiah 18:8 reminds us that when we are “willing to bear one another’s burdens,” they “may be light.”?!

  12. Пророкот Исаија зборува за Месијата: “Духот на Господ Бог е врз Мене, зашто Господ Ме помаза за да им благовествувам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, … да ги утешам сите оние што тагуваат, да им соопштам на оние што тагуваат на Сион дека ним место пепел ќе им се даде украс, место плачење – мирисно масло на радост, место опаднат дух – славна облека; (Исаија 61:1–3). Слично на тоа, псалмистот ја нуди својата ветена претстава: “плачот трае преку ноќта, но утрото носи голема радост. ” (Псалми 30:5). Ова ги вклучува славните ветувања за праведните во утрото на Првото Воскресение.

  13. Учење и Завети 122:4. Верувањето во искушенијата може да биде она што за вечноста е „мал момент“, не значи да се минимизира или помалку да се обидува или да се оспорува мачната болка или страдање што можеме да ги искусиме ден по ден во овој живот, неподносливите непроспиени ноќи или измачувачките несигурности на секој нов ден. Можеби ветувањето дека ќе можеме да се свртиме наназад и да го видиме нашето смртно страдање во светлината на Божјото сочувство и вечното гледиште додава одредена претстава на нашето разбирање за смртноста и нашата надеж да издржиме со вера и доверба во Него до крај. Исто така, кога имаме очи да видиме, често постоидобро во сегашноста; не мора нужно да го чекаме идното време за да видиме добрина.

  14. Види 2 Нефи 2:2.

  15. Види Матеј 7:9-10. Да му дозволиме на Бог да надвладее во нашите животи не е пасивно да прифаќаме што и да дојде. Небесниот Отец и нашиот Спасител, Исус Христос, го сакаат и го посакуваат само најдоброто за насзајакнувајќи ги нашите силни страни. Кога ќе се случи трагедија, можеме да прашаме со вера, не „зошто јас?“ туку „што можам да научам? од слученото И ние можеме да тагуваме со скршени срца и со покајани духови, знаејќи дека во Неговото време и начин ќе дојдат надоместувачки благослови и можности.

  16. Се заветивме дека ќе тагуваме со оние кои тагуваат и ќе ги тешиме оние на кои имаат потреба од утеха.9

  17. Јов 1:21.

  18. Види Учење и Завети 115:6.

  19. Верата пред тешкотиите е спротивна на егзистенцијалната болка и очај што Книгата на Мормон ги опишува оние кои „го проколнаа Бог, и посакуваа да умираат.“, но кои „ сепак… тие би се бореле со мечот за своите животи.“ (Mormon 2:14).

  20. “Be Still, My Soul,” Hymns, no. 124.

  21. “Come, Come, Ye Saints,” Hymns, no. 30. Размислете исто така:

    How great the wisdom and the love. …

    Redemption’s great design,

    Where justice, love, and mercy meet

    In harmony divine!

    (“How Great the Wisdom and the Love,” Hymns, no. 195.)

    Во услови на несигурности во животот, знаеме дека големиот план за искупување ќе донесе правда, љубов и милост заедно за наше добро.

  22. Види Авдиј 1:21. Пророкот Џозеф Смит поучувал: „Како тие [Светците од Подоцнежните дни] ќе станат спасители на планината Сион? Со градење на нивните храмови, подигнување на нивните крстилници и излегување и примање на сите обреди … во име на сите нивни предци кои се мртви“ (Teachings of Presidents of the Church: Joseph Smith [2007], 473).

  23. Членовите кои првпат посетуваат храмот можат да купат храмска облека со значителен попуст.

  24. Russell M. Nelson, “The Temple and Your Spiritual Foundation,” Liahona, Nov. 2021, 94.