Исус Христос во Центарот на Нашите Животи
Длабоките прашања на душата, оние кои се на површината во нашите најтешки часа и најголеми испити, се упатени низ непоколебливата љубов на Исус Христос.5
Додека патуваме низ смртноста, ние сме повремено вознемирени од испити: тешката болка при загуба на саканите, жестоката битка против болеста, бодежот на неправдата, вознемирувачките искуства на малтретирање или злоупотреба, сенката на невработеноста, семејни проблеми, тивкиот плач на осаменоста, или срцепарателните последици од вооружените конфликти. Во такви моменти, нашите души копнеат за засолниште. Ние искрено бараме да знаеме: Каде можеме да пронајдеме мелем на мирот? Во кого можеме да ја положиме нашата доверба да ни помогне со самодовербата и силата да ги надминеме овие предизвици? Кој поседува трпение, опркужувачка љубов, и сеприсутна рака да не крене и одржи?
Длабоките прашања на душата, оние кои се на површината во нашите најтешки часа и најголеми испити, се упатени низ непоколебливата љубов на Исус Христос. Во Него, и преку ветените благослови на Неговото обновено евангелие, ние наоѓаме одговори што ги бараме. Преку Неговото неограничено Помирување ни е понуден дар вон мерка—еден од надеж, исцелување, и осугурување за Неговото постојано, одржувачко присуство во нашите животи. Овој дар е достапен на сите нас кои посегнуваат со вера, прифаќајќи го мирот искупувањето кое Тој бесплатно го нуди.
Господ ја пружа Неговата рака кон секој од нас, еден гест кој е самата суштина на Неговата божествена љубов и љубезност. Неговата покана до нас надминува едноставен повик; тоа е божествена заклетва, засилена со одржувачката моќ на Неговата благодат. Во светите писма, Тој прекрасно не осигурува:
„Дојдете кај мене, сите изморени и обременети, и јас ќе ве успокојам.
„Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши.
„Зашто јаремот Мој е благм товарот Мој е лесен.“
Јаснотијата на Неговата покана „Дојдете при мене“ и „Земете го Мојот Јарем“ ја положува продлабочената природа на Неговото ветување—едно ветување толку огромно и комплетно што ја отелотворува Неговата љубов, нудејќи ни нас свечена гаранција: „Ќе пронајдете спокој.“
Додека трудољубиво бараме духовно водство, ние се впуштаме во длабоко трансформирачка одисеја која го зацврстува нашето сведоштво. Разбирајќи ја огромноста на совршената љубов на нашиот Небесен Отец и Исус Христос, нашите срца се исполнети со благодарност, понизност, и обновена желба да го следат патот на учеништво.
Претседател Расел М. Нелсон поучуваше дека „кога фокусот на нашите животи е на Божјиот план за спасение … И Исус Христос и Неговото евангелие, ние можеме да осетиме радост без разлика на тоа што се случува—или не се случува—во нашите животи. Радоста доаѓа од и поради Него.“
Алма, говорејќи му на неговиот син Хеламан, објави: „И еве, О, мој синко Хеламан, ете, ти си во твојата младост, и затоа, јас преколнувам од тебе да ги слушнеш моите зборови и да научиш од мене; зашто јас знам дека било кои и да ја положат нивната вера во Бог ќе бидат поддржани во нивните испити, и нивните неволји, и нивните маки, и ќе бидат кренати на последниот ден.“
Хеламан, говорејќи на неговите синови, поучуваше за овој вечен принцип ставајќи го Спасителот во центарот на нашите животи: „Запомнете, запомнете дека тоа е врз карпата на нашиот Спасител, кој е Христос, Синот на Бог, дека вие мора да изградоте ваша основа.“
Во Матеј 14, ние учиме дека откако слушна за смртта на Јован Крстителот, Исус бараше самотија. Како и да е, една голема толпа го следеше Него. Трогнат од сочувство и љубов, и не дозволувајќи Неговиот жал да го одвлече од Неговата мисија, Исус им посака добредојде, исцелувајќи го болните помеѓу нив. Додека вечерта се наближуваше, учениците се соочија со застрашувачки предизвик; едно мноштво на луѓе со малку достапна храна. Тие предложија Исус да ја испрати толпата далеку да обезбеди храна, но Исус, со многу љубов и високи очекувања, побара од учениците да ги нахранат.
Додека учениците беа преокупирани со непосредниот предизвик, Исус ја демонстрираше Неговата доверба и љубов за Неговиот Отец, исполнета со непоколеблива љубов за народот. Тој ја насочуваше толпата да седне на тревата, и да земат само пет векни и две риби, Тој одбра да се заблагодари на Неговиот Отец, признавајќи ја Божјата одредба вез Неговата власт и моќ.
Откако се заблагодари, Исус го скрши лебот, и учениците го разделија на луѓето. Зачудувачки, храната не само што беше доволна туку и беше изобилна, со 12 кошници со остатоци. Групата нахрани 5000 мажи, заедно со жени и деца.
Ова чудо не поучува на едно длабока лекција: Кога сме соочени со предизвици лесно е да бидеме обеземени од нашите потешкотии. Како и да е, Исус Христос даде пример со моќта со фокусирање на Неговиот Отец, нудејќи благодарност, и признавајќи дека решенијата на нашите испити не секогаш лежат во нас самите туку во Бог.
Кога ние се соочуваме со предизвици, ние природно имаме намера да се сконцентрираме на пречките со кои се соочуваме. Нашите предизвици се опипливи и го зпаоведаат нашето внимание, сепак принципот на надминување е во нашиот фокус. Со ставање на Христос на јадрото на нашите мисли и дела, ние се соединуваме себеси со Неговиот изглед и сила. Ова прилагодување не ги намалува нашите борби; туку, ни помага да се ориентираме низ нив под божествено водство. Како резултат на тоа, ние откриваме решенија и поддршка која се појавува од повисока мудрост. Посвојувајќи ја оваа перспектива со фокус на Христос не засилува со цврстина и увид да ги претвориме нашите испити во победи, потсетувајќи не дека со Спасителот, тоа што изгледа како голем проблем може да стане патека до поголем духовен напредок.
Приказната на Алма Помладиот во Книгата на Мормон презентира една привлечна нарација на искупување и длабоко влијание на фокусирање на нечиј живот околу Христос. Најпрвин, Алма стои како противник на Господовата Црква, водејќи многу настрана од патот на праведноста. Како и да е, божествена интервенција, означена со ангелска посета, ги разбуди него од неговите грешки.
Во неговиот најмрачен час, измачуван од вина и очаен да го пронајде патот од негоиот духовен бес, Алма се сети на учењата на неговиот татко за Исус Христос и моќта на Неговото Помирување. Со едно срце кое копнее за искупување, тој искрено се покаја и се зазема ревносно за Господовата милост. Овој круцијален момент на комлетно предавање доведувајќи го Христос на челото на неговите мисли и искрено барајќи ја Неговата милост ја активираше оваа впечатлива транформација. Тешките синџири на вина и очај изчезнаа и беа заменети со преплавувачко чувство на радост и мир.
Исус Христос е наша надеж и одговор за најголемите животни болки. Преку Неговата жртва, Тој плати за нашите гревови и ги презеде врз Себеси сите Негови страдања—болка, направда, тага, и страв—и Тој простува и не исцелува нас кога ние имаме доверба во Него и бараме да ги промениме нашите животи за подобро. Тој е наш исцелител, утешувајќи и поправајќи ги нашите срца преку Неговата љубов и моќ, исто како што Тој исцели многу за време на Неговиот престој на земјата. Тој е живата вода, исполнувајќи ги најдлабоките потреби на нашите души со Неговата постојана љубов и љубезност. Ова е како ветувањето што Тој го направи на Самарјанинската жена кај бунарот, нудејќи бунар со вода која извира во вечен живот.
Јас носам свечено сведоштво дека Исус Христос живее, дека Тој претседава врз ова, Неговата света Црква, Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Јас сведочам дека Тој е Спасител на светот, Принцот на Мирот, Царот на Царевите, Господ на господарите, Искупителот на светот. Јас потврдувам со сиурност дека ние сме секогаш присутни во Неговиот ум и срце. Како едно сведоштво за ова, Тој ја обнови Неговата Црква во овие последни денови и го повика Претседателот Расел М. Нелсон како Негов пророк и Претседател на Црквата во ова време. Знам дека Исус Христос го даде Неговиот живот за ние да можеме да имаме вечен живот.
Додека ние се стремиме да го сместиме Него во центарот на нашите животи, откровенија се открија на нас,Неговиот длабок мир не обвива, и Неговото бесконечно Помирување ја носи нашата прошка и исцелување. Во Него ние откриваме сила да надминеме, храброст да бидеме упорни, и мирот што го надминува сето разбирање. Да се стремијме секој ден да се доближуваме поблиску до Него, изворот на надеж во нашето патување назад во присуство на нашиот Небесен Отец. Во светото име на Исус Христос, амин.