Генерална Конференција
Божјата Намера е да Ве Врати Дома
Поддршка на Генералната Власт, Седумдесетте на Област, и Генералните Службеници


Божјата Намера е да Ве Врати Дома

Сè што е поврзано со планот на Отецот за Неговите чеда е осмислено да ги врати сите дома.

Би сакал да ви се заблагодарам за вашите молитви откако почнав да се прилагодувам кон повикот, на Претседателот Нелсон, да служам како Апостол на Господ Исус Христос. Веројатно можете да замислите колку понизно се почуваствува ова, и тоа беше време на извонредни пресврти и отрезнувачко самоиспитување. Се разбира, голема чест е да му служам на Спасителот, во било кое својство, и да бидам вклучен со вас во споделувањето на добрите вести за Неговото евангелие на надеж.

Освен тоа, се вели дека зад секој нов Апостол стои вчудоневидена баба(мајка на сопругата). Не знам дали тоа навистина така се вели, но во овој случај, тоа сигурно е најпрецизниот опис. И се сомневам дека тоа што свекрва ми веќе не е меѓу нас, ништо не ја намалува нејзината вчудоневиденост.

Пред неколку месеци, кога мојата сопруга и јас бевме во посета на друга земја на најразлични црковни задачи, едно утро се разбудив рано и нејасно погледнав надвор од прозорецот на нашиот хотел. Долу, на прометната улица, видов дека беше поставена блокада на патот, со стациониран полицаец во близина за да ги сврти автомобилите кога ќе стигнат до до бариерата. Отпрвин, само неколку автомобили патуваа по патот и беа вратени назад. Но, како што одминуваше времето и се зголемуваше сообраќајот, почнаа да се создаваат колони од автомобили.

Од прозорецот горе, гледав како полицаецот целосно ужива вомоќта да го блокира протокот на сообраќај и да ги оддалечи луѓето. Всушност, изгледаше полетно,, како да треба да почне да потскокнува по малку, додека секоја кола се приближуваше до бариерата. Доколку некој возач се изнервирал поради блокадата на патот, полицаецот ниту му помагал ниту сочувствувал со него. Тој само одмавнувал со главата повеќепати и покажувал во спротивна насока.

Мои пријатели, мои соученици на патот на смртниот живот, убавиот план на нашиот Отец, па дури и Неговиот „чудесен“ план е осмислен да ве донесе дома, а не да ве задржи надвор.2 Никој не поставил блокада на патот и нестационирал некој таму за да ве заврти и да ве избрка. Всушност, се случува токму спротивното. Бог е во немилосрдна потрага по вас. Тој „сака сите Негови чеда да изберат да се вратат кај Него“ и ќе ја искористи секоја можна мерка за да ве врати назад.

Нашиот сакан Отец го надгледуваше создавањето на самата земја со јасна цел да ни даде можност на вас и на мене да имаме поголеми и пречистувачки искуства од смртниот живот, шансата да ја искористиме нашата од Бога дадена морална слобода на избор-да го избереме Него, да учиме, да растеме, да правиме грешки, да се каеме, да го сакаме Бога и ближниот и еден ден да се вратиме дома кај Него.

Тој го испрати Својот скапоцен возљубен Син во овој отпаднат свет за да го живее целиот опсег на човечкото искуство, да даде пример на останатите Нгови чедаа да го следат и да се покаат и да се искупат. Големиот искупителен дар на Исус ја отстранува секоја препрека на патот на физичката и духовна смрт што би не одвоила од нашиот вечен дом.

Сè што е поврзано со планот на Отецот за Неговите чеда е осмислено да ги врати сите дома.

Како Божјите гласници, Неговите пророци, го нарекуваат овој план во Светите писма на Обновувањето? Тие го нарекуваат план за откупување, план на милоста, голем план за среќа, и план за спасение, што е за сите, “преку крвта на Мојот Единороден.”

Целта на големиот план за среќа на Отецот е вашата среќа, токму овде, токму сега, и во вечностите. Тој не е за да ви ја спречи среќата и да ви предизвика грижи и страв.

Намерата на планот за искупување на Отецот е всушност вашето откупување, вашето спасение преку страдањата и смртта на Исус Христос, ослободени од робството на гревот и смртта. Планот на Отецот нема да ве остави такви какви што сте.

Неговата намера е да упати милост кога се враќате назад кон Него и го почитувате склучениот завет за верност кон Него. Не е да се негира милоста и да се нанесува болка и тага.

Намерата на планот за спасение на Отецот е всушност вашето спасение во селестиалното царство на славата кога добивате „сведоштво за Исус“ и Му ја принесувате целата своја душа. Таа не е за да ве остави надвор.

Дали тоа значи дека сė е прифатливо во однос на тоа како ги живееме нашите животи? Дали начинот на кој избираме да ја користиме нашата слобода на избор не е важен? Дека можеме да ги прифатиме или да ги отфрлиме Божјите заповеди? Нe, секако дека не значи. Секако една од најдоследните покани и пледирања на Исус за време на Неговата смртна служба била да се промениме, да се покаеме и да дојдеме кај Него. Основната безусловност во сите Негови учења да се живее со повисок стандард на морално однесување е повик за личен напредок, за преобразување на верата во Христа, за огромна промена на срцето.

Тој посакува радикално да ги пренасочиме нашите себични и горделиви пориви, да го исфрлиме природниот човек, за да „оди и немој повеќе да грешиш “.

Ако веруваме дека намерата на сеопфатниот план на Отецот е да нè спаси, да нè откупи, да ни подаде милост, и со тоа, да ни донесе среќа, каква е намерата на Синот преку кого се остварува овој голем план?

Синот вели и Самиот: “зашто Јас слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати.”

Волјата на Исус е волјата на добронамерниот Отец! Тој сака да му овозможи на секое од чедата на Неговиот Отец да го добие посакуваниот исход од планот - вечен живот со Нив. Никој не е исклучен од овој божествен потенцијал.

Ако сте склони да се грижите дека никогаш нема да се измерите или дека љубезниот дострел на Христовото бесконечно Помирување милосрдно ги покрива сите други, но не и вас, тогаш не разбирате. Бесконечно значи бесконечно. Бесконечно ве покрива вас и оние што ги сакате.

Нефи ја објаснува оваа прекрасна вистина: “Тој не прави ништо што не е во а корист на светот; зашто Тој го љуби светот, толку што Тој го положи Неговиот сопствен живот за Тој да може да ги привлече сите луѓе кон себе. Затоа, на никого не му заповедал да не учествува во спасението Негово.”

Спасителот, Добриот Пастир, оди во потрага по својата изгубена овца сė додека не ја најде. Тој „не сака некој да загине“

“Мојата милостива рака е испружена кон вас, и кој и да дојде, ќе го примам.”

„Има ли болни помеѓу вас? Донесете ги овде. Имате ли некои кои се тромави, или слепи, или повредени, или сакати, или лепрозни, или кои се искушувано, или глуви, или кои се погодени на некој начин? Доведете ги овде и Јас ќе ги исцелам, бидејќи Јас имам сочувсто кон вас.”

Не ја отфрли жената која страдала од крвопролевање, не се одврати од лепрозниот, не ја отфрли жената фатена во прељуба, не ги одби покајаните, без разлика каков е нивниот грев. И Тој нема да ве одбие вас или саканите, кога ќе Му ги донесете вашите скршени срца и покајани духови. Тоа не е Неговата намера, креација, план, цел, желба или надеж.

Не, Тој не поставува блокади на патот и бариери; Тој ги отстранува. Не ве држи настрана; Ви посакува добредојде. Целата негова служба беше проглас за животот за оваа намера.

Потоа, се разбира, постои и самата Негова искупителна жртва, што ни е потешко ја разбираме, зашто се издига над нашата смртна способност за разбирање. Но, ова е многу важно „но“, ние ја разбираме, односно можеме да ја разбереме светата, спасителна намера на Неговата помирувачка жртва.

Превезот на храмот беше раскинат на два дела кога Исус умре на крстот, симболизирајќи дека пристапот назад до присуството на Отецот бил широко отворен - на сите кои ќе се свртат кон Него, ќе му веруваат, ќе ги фрлат своите товари врз Него и земете го Неговиот јарем на себе во заветна врска

Со други зборови, планот на Отецот не е план за блокирање патишта. Никогаш не бил; никогаш нема да биде. Дали има работи што треба да ги правиме, заповеди што треба да ги одржиме, аспекти од нашата природа што треба да ги промениме? Да. Но, со Неговата благодат, ваквите работи ни се на дофат, тие не се надвор од нашиот дофат.

Ова е добрата вест! Неискажливо сум благодарен за овие едноставни вистини. Креацијата на Отецот, Неговиот план, цел, намера, желба и надеж е да ве исцели, да ви даде мир, сите да ве донесезаедно со саканите, дома. За тоа јас сум сведок во името на Исус Христос, Неговиот Син, амин.

Белешки

  1. Russell M. Nelson, “Think Celestial!,” Liahona, Nov. 2023, 117118.

  2. Види 2 Нефи 26:25,27.

  3. Општ Прирачник: Служење во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, 1.1, Евангелска Библиотека.

  4. Види Мојсеј 7:33.

  5. Види Јаков 6:8; Алма 12:30.

  6. Види Алма 42:15.

  7. Види Алма 42:8, 16.

  8. Мојсеј 6:62.

  9. Види Учење и Завети 45:4.

  10. Учење и Завети 76:50-70.

  11. Види Омни 1:26.

  12. Види Матеј 4:17.

  13. Види Матеј 5:-7. На пример, во Матеј 5:43–44, Спасителот ги поучил Своите ученици дека не е доволно „да го сакаш својот ближен и да го мразиш својот непријател“. За да го следат, тие исто така требало да “љубете ги непријателите свои.”

  14. Види Мосија 5:2. За да може милоста на Исус Христос да влезе во игра во нашите животи, ние мора да се вратиме назад кон Него. Алма Помладиот учи дека овој славен “планот за искупувањето не можеше да биде исполнет, само под услов на покајание … ; бидејќи без овие услови, милоста не би можела да има дејство” (Алма 42:13).

  15. Види Мосија 3:19.

  16. Јован 8:11.

  17. Јован 6:38.

  18. Види Russell M. Nelson, “The Atonement,” Ensign, Nov. 1996, 35: “His Atonement is infinite—without an end. Беше бесконечна и по тоа што целото човештво ќе биде спасено од бескрајната смрт. Беше бесконечна во однос на Неговото огромно страдање. Беше бесконечно во времето, ставајќи крај на претходниот прототип на жртвување животни. Беше бесконечен по обем - требаше да се направи еднаш засекогаш. И милоста на Помирувањето се протега не само на бесконечен број луѓе, туку и на бесконечен број светови создадени од Него. Беше бесконечна над секоја човечка скала на мерење или смртно разбирање“.

  19. 2 Нефи 26:24.

  20. Види Лука 15:4.

  21. 2 Петар 3:9; види исто така Учење и Завети 18:11–12.

  22. 3 Нефи 9:14.

  23. 3 Нефи 17:7; види и 6.

  24. Во учењата на Исус Христос кои укажуваат дека некои поединци нема да го наследат царството небесно, Тој јасно кажува дека овој исход не е Негова желба за нив, туку е резултат на нивните сопствени избори (види Матеј 7:13–14, 21–25).

  25. Види Матеј 27:50-51; Евреите 9:6-12.