Наставни Памфлети
Небесниот Отец Го Открива Неговото Евангелие


Небесниот Отец Го Открива Неговото Евангелие

Пророкот Исаија го претскажува Христовото раѓање

Пророците од Стариот Завет ги запишаа зборовите на Бог.

Како дел од Неговиот план, Бог одбира пророци, како Адам, Ное, Аврам, и Мојсеј. Пророци:

  • Поучуваат за Бог и се посебни сведоци на Неговиот Син, Исус Христос.

  • Добиваат откровение, или насока од Господ.

  • Предаваат за евангелието во светот и го толкуваат словото на Бог.

Пророците го добиваат свештенството, односно власта да зборуваат и дејствуваат во името на Бог да ги води Неговите деца. Луѓето кои ги следат пророците ги добиваат благословите кои Бог ги вети. Оние кои го одбиваат евангелието и пророците на Бог ги губат тие благослови и се оддалечуваат од Бог. Оние кои ги одбиваат пророците и ја запоставуваат нивната посветеност да го следат Бог се во состојба наречена отпадништво.

Иако многу од Неговите деца повторно го одбиле Него и Неговите пророци, нашиот Небесен Отец продолжува да ги љуби Неговите деца. Тој сака да ни даде се што ни е потребно да бидеме среќни. Светите писма откриваат еден модел на кој Бог повторно посегнува до Неговите деца, иако ние секогаш не слушаме:

  • Бог одбира пророк.

  • Пророкот поучува за евангелието и ги води луѓето.

  • Бог ги благословува луѓето.

  • Луѓето постепено не ги почитуваат односно не им се покоруваат на учењата на пророкот. Тие на крај го одбиваат пророкот и Неговите учења и паѓаат во отпадништво.

  • Поради отпадништво, луѓето го губат знаењето за евангелието. Свештеничката власт е одземена од нив.

  • Кога ќе дојде вистинското време луѓето повторно се спремни да го следат Него, Бог одбира друг пророк, ги обновува свештенството и црквата, и го насочува пророкот да поучува за евангелието.