Бог Е Вашиот Небесен Отец Кој Ве Љуби
Бог е вашиот Отец на Небесата. Тој ве знае лично и ве љуби повеќе отколку што можете да разберете. Тој сака да бидете среќни во овој живот и во вечноста.
За да ја исполни оваа цел, Тој овозможи еден план наречен евангелие* на Исус Христос. Исус Христос е Божјиот Син; Неговиот живот и учења се водичот за мир во овој живот и радост во вечноста.
Евангелието Благословува Семејства и Индивидуалци
Евангелието на Исус Христос ги благословува сите кои го прифаќаат и живеат. Едно од најдобрите места да се поучува и примени евангелието е во семејствата. Бог воспостави семејства за да им донесе среќа на Неговите деца, да ни дозволи на учиме точни принципи во грижлива атмосфера, и да не подготви да се вратиме кај Него откако ќе умреме. Иако семејните односи понекогаш можат да бидат предизвикувачки, нашиот Небесен Отец не благословува додека се стремиме да ги следиме учењата на Исус Христос. Овие учења ни помагаат да ги зацврстиме нашите семејства.