Наставни Памфлети
Обновувањето на Свештенството


Обновувањето на Свештенството

Обновувањето на Мелхиседековото свештенство

Петар, Јаков и Јован—Апостоли на Исус Христос—го доделија Мелхиседековото свештенство на Џозеф Смит.

Во 1829, Џозеф Смит ја доби истата свештенска власт која Исус Христос беше им ја дал на Неговите Апостоли. Јован Крстител, кој го крштаваше Исус, му се појави на Џозеф Смит и му го додели Ароновото Свештенство, односно помало свештенство. Петар, Јаков и Јован (тројца од првите Апостоли на Исус) подоцна му се појавија на Џозеф Смит и му го доделија Мелхиседековото Свештенство, односно поголемо свештенство.

Откако ја доби свештенската власт Џозев Смит беше упатен да ја организира Црквата на Исус Христос повторно на земјата. Преку него, Исус Христос повторно повика Дванаесет Апостоли.

Токму како што Исус Христос ги водеше Неговите Апостоли преку откровение после Неговото Воскреснување, Тој продолжува да ја насочува црквата денес преку живи пророци и апостоли. Претседателот на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни е одбраниот пророк на Бог денес. Тој, неговите советници, и Дванаесетте Апостоли ја имаат свештенската власт која ја имаа сите пророци и апостоли од минатите времиња. Овие мажи се пророци, јасновидци, и откровители.