Наставни Памфлети
Како Можам Да Знам?


Како Можам Да Знам?

Слика
жена се моли

Можете да ја знаете вистината преку искрена молитва.

Можете да знаете дека оваа порака е вистинита. Ако го прашате вашиот Небесен Отец во молитва, можете да добиете одговор од Него преку Светиот Дух. Светиот Дух исто така е наречен Духот на Бог, и една од Неговите улоги е да посведочи, односно сведочи, за вистината.

Ова знаење може да биде чудесно и да ви го промени животот, но често доаѓа како тивко уверување, без спектакуларни прикажувања на моќта на Бог. Светиот Дух ја потврдува вистината преку чувства, мисли, и впечатоци. Како што се поучува во Библијата: „А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата“ (Галатјаните 5:22–23). Овие чувства од Светиот Дух се лично откровение за вас дека евангелието на Исус Христос обновено преку Џозеф Смит е вистинито. Тогаш вие ќе треба да одберете дали ќе живеете во хармонија со знаењето кое сте го добиле.

Печати