Исус Христос Ја Воспостави Неговата Црква
Од времето на Создавањето, децата на Бог го очекуваа доаѓањето на Спасителот Исус Христос. Како што Тој беше ветил, нашиот Небесен Отец го испрати Неговиот Син, Исус Христос, на земјата пред повеќе од 2000 години.
Исус Христос живееше еден совршен безгрешен живот. Тој ја воспостави Неговата црква, поучуваше за Неговото евангелие, и изведе многу чуда. Тој одбра дванаесет мажи да бидат Негови Апостоли, вклучувајќи ги Петар, Јаков, Јован. Тој ги поучи и им даде свештенска власт да поучуваат во Негово име и да изведуваат свети обреди, како што е крштавање.
Кога Исус ја основа Основа Неговата црква, тој доби упатства од нашиот Небесен Отец. Тој тогаш ги упати Неговите ученици. Исус ги поучуваше Неговите следбеници дека откровение од Бог беше карпата на која Тој ќе ја изгради Неговата црква.
На крајот на Неговиот живот, Исус Христос страдаше и умре за гревовите на сите кои живееја односно кои ќе живееат на земјата. Оваа жртва се нарекува Помирувањето. Преку Неговото страдање, смрт, и Восреснување, Спасителот ни овозможи да ни биде простено. Оние кои имаат вера во Него, се покајат, и ги одржуваат Неговите заповеди добиваат простување за гревовите и се исполнети со мир и радост.
После Неговото Воскреснување, Исус Христос ги водеше Неговите Апостоли преку откровение. Библијата бележи многу начини на кои Тој продолжи да ја насочува Неговата црква (види Дела 10; Откровение 1:1). Така Црквата на Исус Христос беше водена од Бог а не од човек.