Наставни Памфлети
Обновувањето на Евангелието


Обновувањето на Евангелието

Првата Визија

Нашиот Небесен Отец и Исус Христос му се појавија на Џозеф Смит, како што е отсликано во филмот Обновувањето.

Во 1820 како што беше правел низ историјата, нашиот Небесен Отец повторно одбра пророк да ги обнови евангелието и свештенството на земјата. Името на пророкот беше Џозеф Смит. Како млад човек, Џозеф беше збунет поради различноста помеѓу многу цркви во неговата област и сакаше да знае која црква беше вистинска. Знаејќи дека му недостига мудрост го следеше примерот пронајден во Библијата: „Ако некому од вас му недостига мудрост, нека прашај го Бога кој им дава на сите изобилно и без укор - и ќе му се даде.“ (Јаков 1:5).

Џозеф Смит одлучи да го праша Бог што треба да стори. Кога Џозеф се молеше да ја дознае вистината, нашиот Небесен Отец и Исус Христос му се појавија на него. Исус му кажа на Џозеф да не се придружува на ниту една од црквите, бидејќи „сите беа погрешни“ и „ми се приближуваат со нивните усни мене со нивните усни, но нивните срца се далеку од мене, тие учат за учења за заповедите на луѓето, кои имаат форма на побожност, но тие ја негираат моќта на тоа” (Џозеф Смит—Историја1:19).

Како што Бог беше постапил со Адам, Ное, Аврам, Мојсеј, и други Пророци, Тој го повика Џозеф Смит да биде пророк преку кого комплетното евангелие беше обновено.