Големото Отпадништво
После смртта на Исус Христос, пакосни луѓе прогонуваа и убија многу членови на црквата. Други членови на црквата застранија од принципите поучувани од Исус Христос. Апостолите беа убиени, а свештенската власт—вклучувајќи ги клучевите да се насочува и добива откровение за црквата—беа земени од земјата. Поради тоа што црквата повеќе не беше водена од свештенска власт, грешки се вовлекоа во црковните учења. Добрите луѓе и многу вистина останаа, но евангелието воспоставено од Исус Христос беше изгубено. Овој период се нарекува Големо Отпадништво.
Ова отпадништво резултираше со формирање на многу цркви со конфликтни учења. За време на овој период, многу мажи и жени ја бараа вистината, но не можеа да ја најдат. Многу добри луѓе веруваа во Бог и Исус Христос и се обидоа да ја разберат и поучуваат вистината, но го немаа целото евангелие односно свештенската власт. Како резултат на тоа, секое поколение наследи состојба на отпадништво додека луѓето беа под влијание на тоа што претходните поколенија го пренесуваа, вклучувајќи и промени на евангелието на Христос.
Бог знаеше дека ќе се појави отпадништво. Преку еден пророк во Стариот Завет, Тој кажа:
„Еве, доаѓаат денови … говори Господ Бог - кога ќе испратам глад на земјата, не глад за леб, ни жед за вода, туку за слушање на зборовите на Господа.
И луѓето ќе скитаат од море до море, талкајќи од север до исток барајќи го Господовото слово, ама не ќе го најдат.“
Некои инспирирани луѓе, како Мартин Лутер и Џон Калвин, препознаа дека практикувањата и учењата беа променети односно изгубени. Тие се обидоа да ги реформираат црквите на кои припаѓаа. Без свештенска власт, сепак, евангелието на Христос не би можело да се врати во неговата оригинална форма. Едно обновување беше потребно.