Листа на Поими
-
АпостолИмето кое Исус Христос им го даде на дванаесетте мажи кои ги одбра како најблиски соработници за време на Неговата служба на земјата и на кои Тој им даде власт да дејствуваат во Негово име. Во денешни времиња Исус Христос повикува други луѓе да служат како Негови Апостоли. Како и во минатите времиња, Апостолот е посебен сведок за Исус Христос и има власт од Него.
-
Ароново свештенствоПомало свештенство. Ова свештенство ја вклучува власта за крштавање и е именувано по Арон во Стариот Завет на Библијата.
-
ВоскреснувањеПосле физичка смрт, обединување на духот со совршеното човечко тело од месо и коски. Исус Христос беше првиот кој беше воскреснат.
-
ЕвангелиеПланот на нашиот Небесен Отец е да ни помогне да имаме мир во овој живот и радост во вечноста. Евангелието е фокусирано на Помирувањето на Исус Христос и бара од нас да имаме вера во Него, да се покаеме, да бидеме крстени, да го примиме Светиот Дух, и да издржиме до крај.
-
КрштавањеЕден суштински чекор при добивање простување за гревови. Преку крштавање и потврдување од свештенска власт, стануваме членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Крштавањето е преку потопување, што значи дека личноста која е крстена е кратко потопена во вода. Крштавањето ја покажува нашата спремност да го следиме примерот на Христос и да склучуваме завети со Бог.
-
Мелхиседеково свештенствоПовисоко односно поголемо свештенство. Именувано е по Мелхиседек во Стариот Завет од Библијата, кој беше праведен висок свештеник и цар.
-
ОбновувањеВраќање на нешто како што било; повторно воспоставување; враќајќи го одново. Откако вистината и власта беа изгубени од земјата, евангелието беше обновено преку Пророкот Џозеф Смит. Обновување се разликува од реформација во тоа што реформира значи да се модификува постоечка организација односно практикување со напор да се врати во неговата првобитна состојба, додека да се обнови значи повторно да се воспостави односно да се реновира првобитната организација односно практикување во негова целост.
-
ОбредСвет, формален чин изведен со власта на свештенството. Пример е крштавање.
-
ОткровениеКомуникација помеѓу Бог и Неговите деца, вообичаено преку Светиот Дух. Индивидуалци можат да добијат откровение за да ги водат нивните сопствени животи, но само одбраниот пророк на Бог може да добие откровение за целиот свет. Откровение доаѓа во многу форми, но најчесто доаѓа како мисли, чувства и впечатоци.
-
Отпадништво. Кога индивидуалци, црквата, односно цели нации го напуштаат односно запоставуваат евангелието на Исус Христос. Отпадништвото резултира со поделба, збунетост, и губење на свештенска власт, односно право да се дејствува во името на Бог.
-
ПомирувањеНастанот коj ни овозможува да бидеме помирени со Бог. Да се помири е да се страда од казната за грев, така што се отстрануваат ефектите на грев од покајничките грешници. Исус Христос беше единствениот способен да направи едно совршено Помирување за целото човештво. Неговото Помирување ги вклучуваше Неговото страдање за нашите гревови, пролевањето на Неговата крв, и Неговата смрт и Воскреснување. Поради Помирувањето сите што живееле ќе бидат воскреснати. Помирувањето исто ни овозможува начин да ни биде простено за нашите гревови и да живееме заедно со Бог.
-
Светиот ДухИсто така нaречен Свет Дух, Духот на Бог, и Утешителот. Тој дава сведоштво, односно сведочи, за Небесниот Отец и Исус Христос и ја открива и поучува вистината.
-
СвештенствоВласта и моќта од Бог. Бог ја дава ова моќ на човекот да дејствува во Негово име. Ароновото Свештенство беше обновено кај Џозеф Смит преку Јован Крстител, кој го крштаваше Исус. Мелхиседековото Свештенство беше обновено од Петар, Јаков и Јован, тројца од првите Апостоли на Исус.