Наставни Памфлети
Книгата на Мормон


Книгата на Мормон

Слика
Исус Христос ги посетува американските континенти

Посетата на Исус Христос на американските континенти е запишана во Книгата на Мормон.

Како дел од Обновувањето на евангелието, Бог ја донесе Книгата на Мормон: Уште Едно Сведоштво за Исус Христос. Преку моќта на Бог, Џозеф Смит ја преведе оваа книга од стар запис напишан на златни плочи. Книгата на Мормон е „еден запис за постапките на Бог со древните жители на американските континенти и ја содржи, како и Библијата, целината на вечното евангелие“ (вовед во Книгата на Мормон).

Книгата на Мормон е моќно сведоштво за Исус Христос. Ни помага да ги разбереме Неговите учења, вклучувајќи ги и оние во Библијата.

Книгата на Мормон е убедлив доказ за обновувањето на евангелието преку Џозеф Смит. Можете самите да знаете дека Книгата на Мормон е вистинита: За да се стекнете со ова знаење, морате да ја прочитате, да размислувате за нејзината порака и да посакувате да дознаете дали е вистинита. Морате да го прашате вашиот Небесен Отец да потврди дека тоа е Негово слово. Додека го правите тоа, Тој ќе ви открие преку Светиот Дух дека тоа е вистинито.

Додека сфаќате дека Книгата на Мормон е вистинита, исто така ќе сфатите преку Светиот Дух дека Џозеф Смит беше пророк на Бог, дека евангелието на Исус Христос беше обновено преку него, и дека денес Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ја води еден пророк и апостоли.

Печати