Свети Писма
Енос 1


Книгата на Енос

Глава 1

Енос се моли моќно и стекнува опростување за неговите гревови—Гласот на Господ доаѓа во неговиот ум, ветувајќи спасение за Ламанитите во иден ден—Нефитите бараа да ги повратат Ламанитите—Енос се радува во неговиот Искупител. Околу 420 п.н.е.

1 Ете, се случи дека јас, Енос, знаејќи дека татко ми беше праведен човек—зашто тој ме поучи на неговиот јазик, а исто и со негување и опомена од Господ—и благословено нека биде името на мојот Бог за тоа—

2 И ќе ви кажам за борбата што јас ја имав пред Бог, пред да добијам опростување за моите гревови.

3 Ете, одев да ловам ѕверови во шумите; и зборовите што често бев ги слушал од татко ми говорат во врска со вечен живот, и радоста на светците, потонаа длабоко во моето срце.

4 И мојата душа гладуваше; и клекнав пред мојот Создавач, и Му довикував на Него со моќна молитва и молење за мојата сопствена душа; и целиот ден Му довикував на Него; да, и кога ноќта дојде сѐ уште го кревав мојот глас високо така што достигна до небесата.

5 И дојде до мене глас, велејќи: Еносе, твоите гревови ти се простени, и ќе бидеш благословен.

6 И јас, Енос, знаев дека Бог не може да лаже; затоа, мојата вина беше избришана.

7 И му реков: Господе, како е сторено?

8 И Тој ми рече: Поради твојата вера во Христос, кого не си го слушнал претходно ниту видел. И многу години ќе поминат пред Тој да се прикаже Самиот во телото; затоа, оди, твојата вера те направи цел.

9 Сега, се случи кога бев ги слушнал овие зборови започнав да чувствувам желба за благосостојбата на моите браќа, Нефитите; затоа, му ја излеав целата мојата душа на Бог за нив.

10 И додека така се борев во духот, ете, гласот на Господ дојде во мојот ум повторно, велејќи: Јас ќе ги посетам твоите браќа според нивната трудољубивост во одржувањето на Моите заповеди. Јас им ја дадов оваа земја, и тоа е света земја; и не ја проколнувам освен ако не е поради причина за беззаконие; затоа, Јас ќе ги посетам твоите браќа според тоа што Јас сум го рекол; и нивните престапи Јас ќе ги соборам со тага врз нивните сопствени глави.

11 И откако јас, Енос, ги бев слушнал овие зборови, мојата вера започна да биде непоколеблива во Господ; и Му се молев на Него со многу долги напори за моите браќа, Ламанитите.

12 И се случи откако бев се молел и работел со целосна трудољубивост, Господ ми рече: Јас ќе ти доделам според твоите желби, заради твојата вера.

13 И сега ете, оваа беше желбата што ја посакав од Него—дека доколку мојот народ, Нефитите, паднат во престап и на некои начини бидат уништени, и Ламанитите не бидат уништени, дека Господ Бог би го зачувал записот на мојот народ, Нефитите; дури ако биде од моќта на Неговата света рака, дека би можеле да бидат донесени во некој иден ден кај Ламанитите, дека, можеби, би можеле да бидат доведени до спасение—

14 Зашто во сегашноста, нашите напори беа залудни во обновувањето на вистинската вера. И тие се заколнуваа во нивниот бес дека, ако е можно, тие би ги уништиле нашите записи и нас, и исто така сите традиции од нашите татковци.

15 Затоа, јас знаејќи дека Господ Бог можеше да ги зачува нашите записи, Му довикував на Него постојано, бидејќи Тој беше ми кажал: Сѐ што ти ќе прашаш со вера, верувајќи дека ќе го добиеш во името на Христос, ќе го добиеш.

16 И имав вера, и Му довикував на Бог дека Тој би ги зачувал записите; а Тој заветуваше со мене дека Тој ќе ги донесе кај Ламанитите во Неговото одредено време.

17 И јас, Енос, знаев дека ќе биде според заветот што Тој беше го направил; затоа душата ми одмораше.

18 И Господ ми кажа: Твоите татковци го барале истото нешто од мене; и ќе им биде сторено според нивната вера; бидејќи нивната беше како твојата.

19 И сега се случи дека јас, Енос, одев наоколу помеѓу народот на Нефи, пророкувајќи за нешта што ќе следат, и сведочејќи за нештата што бев ги слушнал и видел.

20 И сведочам дека народот на Нефи бараа трудољубиво да ги обноват Ламанитите на вистинската вера во Бог. Но нашите трудови беа залудни; нивната омраза беше насочена, и тие беа водени од злобната природа така што станаа диви, и свирепи, и крвожедни луѓе, исполнети со идолопоклонство и гнасотија; хранејќи се со ѕверови за плен; живеејќи во шатори, и скитајќи во дивината со краток кожен ремен околу нивните слабини и со нивните глави избричени; и нивната вештина беше со лакот, и со сабјата, и секирата. И многу од нив не јадеа ништо освен ако не беше сурово месо; и постојано бараа да нѐ уништат.

21 И се случи дека народот на Нефи ја ораа земјата, и одгледуваа секакви житарици, и овошје, и стада од крда, и стада од секаков вид на стока, и кози, и диви кози, и исто многу коњи.

22 И имаше премногу пророци меѓу нас. И народот беше вкочанет народ, кој тешко разбира.

23 И не постоеше ништо освен ако беше претерана грубост, проповедање и пророкување за војни, и препирања, и уништувања, и постојано потсетувајќи ги на смрт, и траењето на вечноста, и пресудите и моќта на Бог, и сите оние нешта—наведувајќи ги постојано да ги држат во стравот од Господ. Јас велам дека не постоеше ништо кратко од овие нешта, и премногу голема јаснотија на говор, би ги задржала да не паднат брзо во уништување. И на овој начин јас пишувам во врска со нив.

24 И видов војни меѓу Нефитите и Ламанитите во текот на моите денови.

25 И се случи дека започнав да стареам, и сто седумдесет и девет години беа поминале од времето кога нашиот татко Лехи замина од Ерусалим.

26 И видов дека наскоро морам да се симнам долу во мојот гроб, сум бил обземен од моќта на Бог дека морам да му проповедам и пророкувам на овој народ, и да го објавувам словото според вистината што е во Христос. И јас го бев објавил тоа во сите моите денови, и се радував во тоа повеќе од тоа што е од светот.

27 И наскоро ќе одам до местото на мојата почивка, што е со мојот Искупител; бидејќи знам со Него ќе се одморам. И се радувам на денот кога мојот смртност ќе стане бесмртност, и ќе стојам пред Него; тогаш ќе го видам Неговото лице со задоволство, и Тој ќе ми каже: Дојди кај Мене, ти благословен, постои место што е подготвено за тебе во мензите на Мојот Отец. Амин.