Свети Писма
Морони 1


Книгата на Морони

Глава 1

Морони пишува за користа на Ламанитите—Нефитите кои нема да Го негираат Христос се усмртени. Околу 401–421 н.е.

1 Сега јас, Морони, откако завршив со скратување на записот на Јаредитскиот народ, мислев да не пишувам повеќе, но сѐ уште не загинав; и не им се открив на Ламанитите за да не ме уништат.

2 Зашто ете, нивните војни помеѓу себеси се прекумерно жестоки; и поради нивната омраза го усмртуваат секој Нефит кој нема да Го негира Христос.

3 И јас, Морони, нема да Го негирам Христос; заради што, талкам било каде што можам за безбедноста на мојот живот.

4 Заради што, пишувам уште неколку нешта, спротивно од тоа што го бев мислел; бидејќи јас бев мислел повеќе да не пишувам; но пишувам уште неколку нешта, за можеби да бидат вредни за моите браќа, Ламанитите, во некој иден ден, според Господовата волја.