Глава 4
Објаснето е како старешините и свештениците го послужуваат сакраменталниот леб. Околу 401–421 н.е.
1 Начинот на кој нивните старешини и свештеници го послужуваат телото и крвта на Христос при црквата; и го послужуваа според Христовите заповеди; заради што знаеме дека начинот е вистински и старешина или свештеник го послужуваше—
2 И клекнаа со црквата, и Му се молеа на Отецот во името на Христос, велејќи:
3 О Боже, Вечен Оче, те молиме во името на Твојот Син, Исус Христос, да го благословиш и осветиш овој леб за душите на сите тие што земаат дел од него, за да можат да го јадат во сеќавање на телото на Твојот Син, и ти посведочат, О Боже, Вечен Оче, дека се спремни да го преземат врз себе името на Твојот Син, и секогаш да го помнат, и да се покоруваат на Неговите заповеди што им ги даде Тој, за да можат секогаш да го имаат Неговиот Дух со нив. Амин.