Да Опстанеме на Денот во Христос
Исус ни дава способност да „опстанеме на тој ден“.
Беше ден исполнет со посочени и директни параболи, комплексни прашања и искрена доктрина. Откако упати остар прекор до оние кои беа како „бели гробници што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија”,1 Исус поучил уште три параболи за духовната подготвеност и учеништвото. Една од нив е параболата за десетте девици.
„Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пречекаат младоженецот.
„Петте од нив беа мудри, а петте неразумни.
„Неразумните ги зедоа светилките свои, но не понесоа со себе масло:
„а мудрите, заедно со светилките, зедоа во садовите свои и масло.
„и бидејќи младоженецот се забави сите задремаа и заспаа.
„А на полноќ се чу викање: ‚Еве го младоженецот, излезете да го пречекате!‘
„Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки.
„Неразумните пак им рекоа на мудрите: Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.
„Мудрите им одговорија и рекоа: Но, може да не ни стигне и нам и вам; подобро одете кај продавачите и купете си.
„А кога тие отидоа да купат, пристигна младоженецот и приготвените влегоа со него на свадбата: и вратите се затворија
“После дојдоа и другите девици, велејќи, Господе, Господе отвори ни“2
„А тој им одговори и рече, Вистина вистина ви велам: не ве познавам!3
„И така, бидете будни, зашто не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“4
Претседателот Далин Х. Оукс ги постави следните прашања во врска со доаѓањето на младоженецот кои поттикнуваат на размислување:5 „Што ако денот на Неговото доаѓање е утре? Кога би знаеле дека ќе го сретнеме Господ утре–преку нашата прерана смрт или преку Неговото неочекувано доаѓање–што би правеле денес?“6
Од професионалното искуство научив дека духовната подготовка за доаѓањето на Господ не е само суштинска, туку е и единствениот начин да се најде вистински мир и среќа.
Беше свеж есенски ден кога за прв пат ги слушнав зборовите „Имате рак“. Мојот сопруг и јас бевме запрепастени! Додека тивко се возевме накај дома слушајќи вести, моето срце се сврте кон нашите три сина.
Во мојот ум, го прашав Небесниот Отец, „Дали ќе умрам?“
Светиот Дух зашепоти, „Сѐ ќе биде во ред.“
Потоа прашав, „Дали ќе живеам?“
Повторно, дојде одговор, „Сѐ ќе биде во ред“.
Бев збунета Зошто го добивав точно истиот одговор без разлика дали ќе живеам или ќе умрам?
Потоа одненадеж секое влакно од моето битие се исполни со апсолутен мир кога се потсетив: Не требаше да брзаме дома и да ги учиме нашите деца како да се молат. Тие знаат како да добијат одговори и утеха од молитва. Не треба да брзаме дома и да ги поучуваме за светите писма или за зборовите на светите пророци. Овие зборови веќе одамна се извор на сила и разбирање. Не треба да брзаме дома и да ги поучуваме за покајанието, за Воскресението, за Обновувањето, за планот за спасение, за вечните семејства или самата доктрина на Исус Христос.
Во тој момент секоја лекција од семејната домашна вечер, секоја сесија за проучување на светото писмо, секоја понудена молитва, секој даден благослов, секое споделено сведоштво, секој склучен и одржан завет, секоја посета на Господовиот дом, секој испочитуван Сабат-ен ден беа важни–и тоа како важни! Беше предоцна да се стави масло во нашите светилки. Ни требаше секоја капка, токму сега!
Поради Исус Христос и Неговото обновено евангелие, ако умрам, моето семејство ќе биде утешено, зајакнато и еден ден обновено. А ако преживеам, ќе имам пристап до најголемата моќ на оваа земја што може да ме помага, да ме поддржи и исцели. На крај, поради Исус Христос, сѐ ќе биде во ред.
Преку внимателно проучување на Учењата и заветите учиме како изгледа тоа „во ред“:
„И на тој ден, кога ќе дојдам во мојата слава, ќе се исполни параболата што ја кажав за десетте девици.
„Зашто оние кои се мудри, и кои ја примиле вистината и го прифатиле Светиот Дух за свој водач, и не дозволуваат да бидат излажани–вистина ви велам, нема да бидат исечени и фрлени во оган, туку ќе опстанат на тој ден.”7
Исус ни дава способност да „опстанеме на тој ден“. Да се опстане на тој ден не значи да се додаде(денот) на списокот на задачи кои постојано се зголемуваат. Помислете на една лупа. Нејзината единствена намена не е едноставно да ги направи работите да изгледаат поголеми. Таа исто така може да собира и фокусира светлина за да ја направи помоќна. Мораме да ги поедноставиме, да ги фокусираме нашите напори и да ја собереме Светлината на Исус Христос. Потребни ни се посвети и откровителни искуства.
Лоциран во северозападен Израел, се наоѓа прекрасниот планински венец кој често се нарекува „зимзелената планина“. Гората Кармил8 останува зелена цела година во голема мера благодарение на малите количини на роса. Негувањето се случува секој ден. Како росата на Кармил,9 додека настојуваме да ги храниме нашите души „со она што спаѓа во праведност“,10 „малите и едноставни нешта“,11 нашите сведоштва и сведоштвата на нашите деца ќе живеат!
Сега, можеби размислувате, „Но сестро Рајт, вие не го познавате моето семејство. Ние навистина се мачиме и не сме виделе вакво нешто“. Во право сте. Јас не го познавам вашето семејство. Но Бог со бескрајна љубов, милост, моќ, знаење и слава го познава.
Прашањата што си ги поставувате се прашања на срцето кои бодат длабоко во вашата душа. Слични прашања се наоѓаат во светите стихови:
„Учителе, зар не Ти е грижа што загинуваме?“12
„Каде е надежта моја?”13
„Што да направам [јас], за да се тргне тој темен облак за да не [ме] засени ?”14
Но каде се наоѓа мудроста? и каде е местото на разумот?”15
„Како е можно [јас] да се држам до сѐ што е добро?“16
“Господе, што сакаш да направам?“17
А тогаш, толку љубезно, доаѓаат одговорите:
„Веруваш ли во моќта Христова за спасение?“18
„Заповеда ли Господ да не земаме дел од добрината негова?”19
„Верувате ли дека [Тој] може да го направи тоа?“20
„Веруваш ли Царе Агрипа во пророците?“21
„Веруваш ли во откупување на оној кој ве создаде?”22
„Зарем Судијата на целата земја нема да суди право?”23
Почитувани мои пријатели, не можеме да го споделиме нашето масло, но можеме да ја споделиме Неговата Светлина. Маслото во нашите светилки не само што ќе ни помогне „да опстанеме на тој ден“ туку може да биде и алатка за осветлување на патот што ги води оние што ги сакаме до Спасителот, кој подготвено стои „со раширени раце за да ги прими“.24
„Вака вели Господ; Задржете го гласот свој од плачење и очите свои–од солзи: оти за трудот твој има нагарада, … и тие ќе се вратат од непријателската земја.
„И има надеж за твојата иднина, вели Господ, и твоите синови ќе се вратат во пределите свои”.25
Исус Христос е „надежта во твојата иднина“. Ништо што сме направиле или не сме направиле, не ја надминува Неговата бескрајна жртва. Тој е причината поради која нашата приказна никогаш нема крај.26 Затоа, ние „мора да „притискаме напред со непоколебливост во Христа, со совршен сјај на надеж и љубов кон Бога и кон сите луѓе. Затоа, ако [ние] притискаме напред, гоштевајќи се со зборовите Христови, и истраеме до крај, ете, вака вели Отецот: [Ние] ќе имаме вечен живот“.27
Вечниот живот е вечна радост. Радост во овој живот, токму сега—не поради предизвиците на нашето време, туку поради Господовата помош да учиме од нив и на крајот да ги надминеме—и неизмерната радост во животот што доаѓа. Солзите ќе исушат, скршените срца ќе заздрават, она што е изгубано ќе се најде, проблемите ќе бидат решени, семејствата ќе се обноват и сѐ што има Отецот ќе биде наше.28
Угледајте се на Исус Христос и живејте29 е моето сведоштво во светото име на возљубениот „Овчар и Епископ на [нашите] души“,30 Исус Христос, амин.