Генерална Конференција
Бидете Мирољубиви Христови Следбеници
Oктомври 2023 Генерална Конференција


Бидете Мирољубиви Христови Следбеници

Сведочам дека „мирољубивите Христови следбеници“ ќе најдат личен мир во овој живот и славно небесно обединување.

Живееме во време кога „мирните Христови следбеници“1 доживуваат уникатни предизвици. Оние кои веруваат во Исус Христос, понизно му се восхитуваат и сведочат за Него отсекогаш доживувале маки, страдање и неволји.2 Мојата сопруга, Мери, и јас не сме ништо поразлични. Во последните неколку години, видовме дека многу наши блиски пријатели од средно училиште, придружници мисионери, некои од нивните драгоцени сопруги и поранешни работни соработници умираат или, како што рече Претседателот Расел М. Нелсон, дипломирале на другата страна на превезот. Видовме дека некои кои беа воспитани во вера и убедување, отстапиле од заветниот пат.

За жал, изгубивме внук на 23 години, кој загина во трагична сообраќајна несреќа. Некои почитувани пријатели, членови на семејството и колеги исто така трпат значителни здравствени предизвици.

Секогаш кога се случуваат искушенија, ние тагуваме и се трудиме да си ги носиме товарите еден на друг.3 Се жалиме за работите што нема да се остварат и за песните што нема да се испеат.4 На ова смртно патување на добрите луѓе им се случуваат лоши работи. Разорните пожари на Мауи на Хаваи, јужно Чиле и Канада се примери на ужасни настани со кои понекогаш се соочуваат добрите луѓе.

Во Бисер на Непроценлива Вредност читаме дека Господ му ја открил на Авраам вечната природа на духовите. Авраам дознал за нашиот предземен живот, предракоположеност, Создавањето, изборот на Искупител и овој смртен живот, која е втората состојба на човекот.5 Искупителот изјавил:

„Ќе направиме земја на која овие ќе живеат;

„И ќе ги искушуваме, за да видиме дали ќе прават сѐ што Господ, нивниот Бог, ќе им заповеда.“6

Сега сите ние сме тука во втората состојба од нашето патување на прогресија кон царството на славата како дел од Божјиот голем план за спасение и воздигнување. Ние сме благословени со слободата на избор и подложни на искушенијата на смртноста. Ова е времето кое ни е зададено да се подготвиме за средба со Бога.7 Благословени сме што знаеме за Исус Христос и Неговата улога во планот. Ја имаме привилегијата да станеме членови на Неговата обновена Црква - Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните дни. Како мирољубиви Христови следбеници, ние се трудиме да живееме според Неговите заповеди. Никогаш не им било лесно на Неговите следбеници. Ниту, пак, му беше лесно на Спасителот верно да ја исполни Неговата смртна мисија.

Светите писма се јасни; многумина ќе подлегнат на пристапот „јадете, пијте и веселете се, зашто утре ќе умреме“.8 Другите неверници се повлекуваат во мрачните енклави на учесниците истомисленици кои се залагаат за следната „нова работа“9 и човечките филозофии.10 Тие не знаат каде да ја најдат вистината.11

Мирољубивите Христови следбеници не одат по ниту еден од овие патишта. Ние сме топли, ангажирани членови на заедниците каде што живееме. Сакаме, споделуваме и ги каниме сите Божји чеда да ги следат Христовите учења.12 Го следиме советот на нашиот сакан пророк, Претседателот Нелсон: наше е да ја избереме улогата на „миротворец, сега и секогаш“.13 Овој инспиративен пристап е во согласност со светото писмо и со пророчката насока.

Во 1829 година, обновената црква сè уште не била организирана, ниту пак била објавена Книгата на Мормон. Мала група борбени луѓе, мотивирани од Божјиот Дух, го следеле пророкот Џозеф Смит. Господ му открил на Јосиф совет за тешки времиња: „Не плашете се, мали стада; правете добрина; дозволете земјата и пеколот да се обединат против вас, зашто ако сте создадени врз мојата основа, тие нема да можат да надвладеат.“14 Тој исто така ги советуваше:

„Гледајте кон мене во секоја мисла; не сомневајте се, не плашете се.

„… Бидете верни, држете се домоите заповеди и ќе го наследите небесно царството“.15

Јасно е дека нашата небесна судбина не е изменета кога доживуваме неволји. Во Евреите, нам ни се советува “И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да примиме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.16 Исус Христос е „авторот на вечното спасение“.17

Ми се допаѓаат зборовите на Мормон, цитирани од неговиот син Морони, фалејќи ги „мирољубивите следбеници на Христос, … поради вашата мирољубива прошетка со децата човечки.“18

За оние од нас во Црквата кои се трудиме да бидеме миољубиви следбеници на Христос, нè очекува светла иднина кога се фокусираме на нашиот Господ и Спасител, Исус Христос. Искушенија се дел од смртноста и се случуваат во сечиј живот низ целиот свет. Ова вклучува големи конфликти меѓу земјите и поединците.

На црковните водачи често им се поставуваат прашањата: „Зошто еден праведен Бог дозволува да се случуваат лоши работи, особено на добрите луѓе? и „Зошто оние кои се праведни и се во служба на Господа не се имуни на вакви трагедии?“

Не ги знаеме сите одговори; сепак, ние знаеме важни принципи што ни дозволуваат да се соочиме со искушенија, маки и неволји со вера и верба во посветла иднина што го чека секој од нас. Не постои подобар пример во светото писмо за поминување низ неволји од поуката на Господ до Џозеф Смит, Пророкот, додека тој бил затвореник во Затворот Либерти.

Господ донекаде изјавил:

„Ако челустите на пеколот широко се отвораат по тебе, знај, синко, дека сето ова, ќе ти пружа искуство и ќе биде за твое добро.

„Синот Човечки се спушти под сето тоа. Зарем си ти поголем од Него?

“… не плаши се од она што човек може да направи, зашто Бог ќе биде со тебе секогаш и засекогаш.19

Јасно е дека имаме ОтецТатко на Небесата кој нè познава и нè сака лично и совршено го разбира нашето страдање. Неговиот Син, Исус Христос, е наш Спасител и Откупител.

Претседателот Расел М. Нелсон и претседателот М. Расел Балард силно го истакнаа значењето на новото второ издание на Проповедај го Моето Евангелие.20 Го споделувам нивниот ентузијазам. Ова ново издание, кое го засилува светото писмо, моќно изјавува:

„Во Својата искупителна жртва, Исус Христос ги презеде врз Себе нашите болки, неволји и болести. Поради ова, Тој знае‚ според телото како да го помага својот народ според неговите немоќ‘. (Алма 7:12; види исто така стих 11). Тој повикува: „Дојдете кај мене“, и кога го правиме тоа, Тој нѐ одмара, ни дава, надеж, сила, перспектива и исцелување (Матеј 11:28; види исто така стихови 29–30).

„Додека се потпираме на Исус Христос и Неговото помирување, Тој може да ни помогне да ги издржиме нашите маки, болести и болка. Можеме да бидеме исполнети со радост, мир, и сочувство. Сѐ што е неправедно за животот може да се исправи преку Помирувањето на Исус Христос.“21

Можеме радосно да бидеме мирољубиви следбеници на Христос.

Планот на нашиот Отец за среќа за Неговите деца вклучува не само претсмртен и смртен живот, туку и потенцијал за вечен живот, вклучувајќи големо и славно обединување со оние што сме ги изгубиле. Сите грешки ќе бидат исправени, и ќе видиме со совршена јасност и безгрешност перспектива и разбирање.

Црковните водачи ја споредија оваа перспектива со некој што пристигнува на сред претстава во три чина.22 Оние кои немаат знаење за планот на Отецот не разбираат што се случило во првиот чин (или претсмртното постоење) и целите утврдени таму; ниту го разбираат разјаснувањето и решението што доаѓа во третиот чин, што е славно исполнување на планот на Отецот.

Многумина не разбираат дека според Неговиот љубовен и сеопфатен план, оние што изгледаат обесправени, иако не по нивна вина, на крајот не се засегнати.23

Светите писма се јасни: мирољубивите следбеници на Христос кои се праведни, го следат Спасителот и ги почитуваат Неговите заповеди ќе бидат благословени Еден од најважните стихови за праведните, без оглед на нивната ситуација во животот, е дел од обраќањето на Царот Бенјамин до неговиот народ. Тој ветува дека оние што верно ги држат заповедите се благословени во сè во овој живот и “се примени на небото … [и] живеат со Бога во состојба на бескрајна среќа”24

Сфаќаме дека скоро сите од нас сме доживеале физички и духовни бури во нашите животи, некои и разорни. Саканиот Отец на небесата и Неговиот Син, Исус Христос, кој е главата на Неговата обновена Црква, ни дадоа свети писма и пророци за да нè подготват, да нè предупредат за опасностите и да ни дадат совет за да се подготвиме и заштитиме. Некои насоки бараат непосредна акција, а некои обезбедуваат долгогодишна заштита во иднината. Господовиот предговор за Учење и Завети 1 дел, нѐ опоменува да „обрнуваме внимание на зборовите на пророците“.25

1 дел исто така, нè предупредува: „Подгответе се, подгответе се за она што ќе дојде“.26 Господ му дава шанса на Својот народ да се подготви за предизвиците со кои ќе се соочат.

Господ му даде моќно откровение на Претседателот Бригам Јанг на 14 јануари 1847 година, во Винтер Квартерс.27 Ова откровение е класичен пример за тоа дека Господ ги подготвува луѓето за она што треба да дојде. Верните светци го започнаа свој бегство во планинското светилиште на долината на Солт Лејк. Тие успешно го изградија храмот Наву и добија свети спасителни обреди. Беа протерани од Мисури, а нивните прогонувачи ги избркаа од Науво за време на ужасна зима. Откровението до Бригам даде практичен совет за тоа како да се подготви за бегство. Господ постави посебен акцент на грижата за сиромашните, вдовиците, сираците и семејствата на оние кои служеа во Мормонскиот баталјон како главно тело на Светците кои го продолжија на нивното опасно патување.

Покрај другите совети да се живее праведно, Господ нагласи уште две начела кои продолжуваат да се применуваат и денес.

Прво, Тој ги охрабрил „да го слават Господа со пеење, со музика, со танцување и со молитва за пофалба и благодарност.“28

Второ, Господ ги советувал ако се „тажни, со молба повикајте го Господа, вашиот Бог, за да се радуваат вашите души“.29

Овие две опомени се одличен совет за денешницата. Животите исполнети со пофалби, музика и благодарност се уникатно благословени. Да се ​​има радост и потпирање на небесната како помош преку молитва е моќен начин да се биде мирољубив седбеник на Христос. Тежнеењето кон континуирано добро расположение ни помага да избегнеме отфрлање на духот.

Последниот ред од прониклива химна го пренесува крајниот одговор на прекрасен начин: „Земјата нема тага што рајот не би ја излечил“.30

Како Апостол на Господ Исус Христос, јас сведочам дека “мирољубивите Христови следбеници” ќе најдат личен мир во овој живот и славно небесно обединување. Јас давам сигурно сведоштво за божественоста на Спасителот и реалноста на Неговото помирување. Тој е наш Спасител и Искупител. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Морони 7:3.

  2. Види Јован 16:33,

  3. Види Мосија 18:8-9; види исто така 2 Нефи 32:7.

  4. Види Quentin L. Cook, “The Songs They Could Not Sing,” Liahona, Nov. 2011, 104–7.

  5. Видете го поднасловот на поглавјето за Авраам 3.

  6. Авраам 3:24–25.

  7. Види Алма 12:24.

  8. Види 2 Нефи 28:7-9.

  9. Дела 17:21.

  10. Види Russell M. Nelson, “Overcome the World and Find Rest,” Liahona, Nov. 2022, 96.

  11. Види Doctrine and Covenants 123:12.

  12. „Мисионерите се враќаат дома со љубов кон луѓето на кои им служеле и ги поучувале. Тие се вистински амбасадори кои шират добра волја за народите во чии земји живееле и работеле. Тие не се загрижени за тоа колкави ви се приходите и немаат расни предрасуди. Тие не сакаат да градат никакви светски царства. Тие се, според зборовите на Мормон, ’мирољубиви следбеници на Христос’ [Морони 7:3]” (L. Tom Perry, “The Peaceable Followers of Christ,” Ensign, Noе. 1989, 71).

  13. Расел М. Нелсон, “Peacemakers Needed,” Liahona, Maј 2023, 100.

  14. Учења и Завети 6:34.

  15. Учења и Завети 6:36–37.

  16. Евреите 4:16.

  17. Евреите 5:9; видете го и насловот на поглавјето.

  18. Морони 7:3-4.

  19. Учења и Завети 122:7-9.

  20. Види Scott Taylor, “President Nelson Introduces New Edition of ‘Preach My Gospel: A Guide to Sharing the Gospel of Jesus Christ,’” Church News, June 22, 2023, thechurchnews.com; see also Sarah Jane Weaver, “Video: 3 Apostles Talk about the Impact of ‘Preach My Gospel,’” Church News, Aug. 10, 2023, thechurchnews.com.

  21. Проповедај го Моето евангелие: Водич за Споделување на Евангелието на Исус Христос (2023), 56.

  22. Види Boyd K. Packer, “The Play and the Plan” (Church Educational System fireside for young adults, May 7, 1995), 2: „Во смртноста, ние сме како некој кој влегува во театар, а завесата само што се кренала за вториот чин. Го пропуштивме чинот 1. … „И сите тие живееја среќно до крајот на животот“ никогаш не е напишано во вториот чин. Таа линија му припаѓа на третиот чин кога ќе се решат мистериите и се ќе се доведе до ред“. Види и Neal A. Maxwell, All These Things Shall Give Thee Experience (1979), 37: “Бог го гледа почетокот од крајот. … Аритметиката… е нешто што ние смртниците не можеме да го разбереме. Не можеме да ги направиме конечните суми бидејќи ги немаме сите бројки. Ние сме заклучени во димензијата на времето и сме содржани во кусогледоста на оваа втора состојба“.

  23. Оние кои умираат пред да ја достигнат возраста на одговорност се спасени во целестиалното царство (види Учење и Завети 137:10). Оние кои умреле без знаење за евангелието и би го примиле доколку им била укажана можност, исто така ќе бидат наследници на целестиалното царство (види Учење и Завети 137:7).

  24. Мосија 2:41.

  25. Учење и Завети 1:14.

  26. Учење и Завети 1:12.

  27. Види Учење и Завети 19:18136.

  28. Учење и Завети 136:28.

  29. Учење и Завети 136:29.

  30. “Come, Ye Disconsolate,” Hymns, no. 115.