Генерална Конференција
Нашиот Постојан Придружник
Oктомври 2023 Генерална Конференција


Нашиот Постојан Придружник

Вие и јас ја имаме можноста Светиот Дух да биде наш постојан придружник.

Почитувани Браќа и Сестри, на оваа конференција сме благословени со излив на откровение. Слугите на Господ, Исус Христос кажуваа и ќе кажуваат зборови на вистина, охрабрување и водство.

Бев трогнат од сведоштвата дадени на оваа конференција дека Господ зборува со секој од нас лично преку Светиот Дух. Додека се молиме а потоа внимаваме на поттикнувањата од Духот, добиваме поголеми сознанија и благослови да нѐ водат низ сѐ потешките денови што претстојат.

Повторно со слушнавме предупредувањето на Претседателот Расел М. Нелсон дека „во деновите што доаѓаат нема да биде возможно да се преживее без орјентационото, директно, утешно и постојано влијание на Светиот Дух.“1

Ова пророчко предупредување ме наведе да размислам што би моежл да ги поучам моите деца, внуци и пра-внуци за тоа како да се има тоа клучно водство низ сѐ потешките денови што претстојат.

Затоа, оваа порака денес е кратко писмо до моите потомци што би можело да им помогне кога нема да бидам со нив во убавите денови што претстојат. Сакам да знаат до какви сознанија дојдов што би можеле да им помогнат.

Почнав подобро да разбирам што ќе им биде потребно за да го имаат постојаното влијание на Светиот Дух во деновите во кои ќе живеат. И се чувствувам засегнат да зборувам денес за моето лично искуство од повикување на Светиот Дух, што поблиску можам, да биде мој постојан придружник. Мојата молитва е да можам да ги охрабрам.

Би сакал да размислуваат и да се молат за синовите на Хеламан, Нефи и Лехи и другите слуги на Господ што работеле со нив. Тие се соочиле со жестоко противење. Служеле на грешно место и биле принудени да се справат со страшни измами. Се охрабрив, а и вие би можеле, од овој стих од записот за Хеламан:

„А во седумдесет и деветтата година имаше многу расправии. Ни се случи да Нефи и Лехи, и многу од нивните браќа кои имаа познавање за вистинската доктрина, и добиваа секојдневно многу откровенија, им проповедаа на луѓето, толку многу, што таа година ставија крај на нивните расправии.”2

Оваа приказна ме охрабрува, а би можела да ве охрабри и вас. Синовите на Хеламан беа поучени и водени низ низа искуства со Светиот Дух. Ова ме уверува дека и ние можеме да бидеме учени од Духот и да учиме од Него малку по малку, добивајќи го она што ни е потребно, а кога сме подготвени, ќе добиеме уште.

Бев охрабрен на истот начин од записот на Нефи, од кого се бара да се врати во Ерусалим по плочите на Лаван. Се сеќавате каква одлука донел. Тој кажал: „Ќе одам и ќе го направам она што Господ го заповеда”3

Искуството на Нефи со Светиот Дух на таа мисија ме охрабри многупати кога се зафаќав со задачи за кои знаев дека се зададени од Господ, но изгледаа далеку над моето минато искуство и над она што го сметав за моја способност.

Се сеќавате што Нефи кажал за неговото искуство: „И беше ноќ и јас наредив [моите браќа] да се сокријат надвор од ѕидините. Кога се сокрија, јас, Нефи, се прокраднав во градот и тргнав кон домот на Лаван“.

Тој продолжи да вели: „И бев воден од Духот, не знаејќи однапред што треба да правам“.4

Бев охрабрен од сознанието дека Нефи беше воден од Духот минута во минута во ноќта на Господовата мисија.

Нам ни е потребна, а и вам, постојаната придружба на Светиот Дух. Сега, ние ја посакуваме, но од искство знаеме дека тоа не е лесно да се постигне. Секој од нас размислува, кажува, и прави работи во секојдневниот живот што може да го навредат Духот.

Кога тоа се случува, како што ќе се случи, може да почувствуваме неодобрување од Господ. И можеби ќе бидеме во искушение да се чувствуваме осамено. Важное е да се да се сетиме на сигурното ветување што го добиваме секоја недела кога се каеме и земаме од сакраментот:„За да неговиот Дух секогаш биде со нив“.5

Ако сте го почувствувале влијанието на Светиот Дух денес, можете да го сватите како сладок доказ дека Помирувањето делува во вашиот живот.

Како што Старешина Џефри Р. Холанд рече:„Кога и да дојдат овие моменти на крајност, не смееме да подлегнеме на стравот дека Бог нѐ напуштил или дека Тој не ги слуша нашите молитви. Тој нѐ слуша. Тој нѐ гледа. Тој нѐ сака.“6

Тоа уверување ми помогна. Кога се почувствував оддалечен од Господ, кога одговорите на моите молитви изгледаат задоцнети, научив да го следам советот на Претседателот Нелсон, и да се преиспитам дали треба да се покаам за нешто во мојот живот. Тој нѐ потсети, „Секојдневното покајание е патоказ за чистота, а чистотата носи сила“.7

Ако се најдете во ситуација да имате потешкотии да го почувствувате Светиот Дух, можеби треба да размислите дали има нешто за што би молжело да се покаете или да добиете простување.8 Можете да се молите со вера за да знаете што да направите за да се исчистите и на тој начин со поголема веројатност да се квалификувате за постојана придружба на Светиот Дух.

Ако сакате да добиете придружба од Светиот Дух, мора да го сакате тоа од вистински причини. Вашите цели мора да бидат Господовите. Доколку вашите мотиви се премногу себични, ќе ви биде тешко да ги примите и почувствувате поттиквувања од Духот.

Клучот за мене и за вас е да го сакаме она што Спасителот го сака. Нашите мотиви треба да бидат водени од чистата Христова љубов. Нашите молитви потребно е да бидат „Сѐ што сакам е она што ти го сакаш. Да биде твојата волја”.

Се обидувам да се сетам на жртвата на Спасителот и Неговата љубов кон мене. Потоа, кога му се молам на Небесниот Отец за да се заблагодарам, чувствувам љубов и уверување дека моите молитви се слушнати и дека ќе го добијам најдоброто за мене и за оние кои ги сакам. Тоа го зајакнува моето сведоштво.

Од сите работи за кои сведочи Светиот Дух, најскапоцената за нас е дека Исус е Христос, живиот Божји Син. Спасителот вети, „А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе го испратам јас од Отецот, Духот на Вистината, Кој излегува од Отецот, Тој ќе сведочи за мене“.9

Пред неколку години добив телефонски повик од избезумена мајка. Ми кажа дека нејзината ќерка се преселила далеку од дома. Од краткиот контакт што го имала со нејзината ќерка, почувствувала дека нешто страшно не е во ред. Таа ме молеше да и помогнам.

Пронајдов која ја поучува нејзината ќерка дома. Од името може да се види дека тоа било многу одамна. Го повикав. Тој беше млад. Сепак ми кажа дека тој и неговиот придружник беа разбудени ноќе не само од грижа за ќерката, туку со инспирација дека таа треба да направи избор што ќе и донесе тага и беда. Со само таа инспирација од Духот, заминале да ја видат.

На почеток, не сакала да им раскаже за нејзината ситуација. Под водство на светиот дух, се молеле со неа за покајание и го избрале патот што Господ го одредил за неа. Таа тогаш свати, верувам преку Духот, дека единствениот начин на кој би можела да знае за нејзиниот живот бил од Бога. Мајката ја префрлила својата загриженост на Небесниот Отец и Спасителот. Светиот Дух ги испратил овие поучувачи во нејзиниот дом бидејќи тие биле подготвени да му служат на Господ. Тие го следеле советот и ветувањето дадени во Учењата и заветите:

„Нека ваша утроба биде исполнета со милозливост кон сите луѓе и кон домот на верата, а доблеста постојано да ги краси вашите мисли; тогаш вашата доверба ќе стане силна во присуство на Бога; и учењето за свештенството ќе капе на вашата душа како небесна роса.

„Светиот Дух ќе биде твој постојан придружник, а твојот жезол, жезолот на праведост и вистина; и твојата власт ќе бидат вечни и без задолжителни средства ќе течат кон тебе засекогаш и секогаш“.10

Јас сведочам дека Господ ги одржува неговите ветувања Светиот Дух им е испратен на верниците, заветените членови на Црквата на Исус Христос. Сега, вашите искуства ќе бидат единствени, а Духот ќе ве води на начин што најмногу одговара на вашата вера и способност да добивате откровение за вас и за оние кои ги сакате и им служите. Се молам со целото мое срце вашата самодоверба да расте.

Го давам моето сведоштво дека Бог и Отецот живеат. Тој ве сака. Ја слуша секоја ваша молитва. Исус Христос му се молеше на Отецот да го испрати светиот Дух да ве води, теши и сведочи за вистината на сите нас. Отецот и Неговиот љубен Син му се појавиле на Џозеф Смит во шумичка со дрвја. Пророкот Џозеф Смит ја превел книгата на Мормон преку Божја дарба и моќ.

Рајските гласници ги вратиле свештенските клучеви. Претседателот Расел М. Нелсон е Божјиот пророк за целата земја.

Како Сведок на Исус Христос, јас знам дека Тој живее и ја води Неговата Црква. Вие и јас ја имаме можноста да го имаме Светиот Дух како наш постојан придружник и да ги имаме овие вистини потврдено кога се сеќаваме и го сакаме Спсителот, се каеме и бараме Неговата љубов да биде во нашите срца. Се молам да го имаме тој благослов и придружбата на Светиот Дух денес и секој ден од нашите животи. Ве сакам. Во светото име на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Расел М. Нелсон, “Откровение за Црквата, Откровение за Нашите Животи,” Лиахона, Мај 2018, 96.

  2. Хеламан 11:23.

  3. 1 Нефи 3:7.

  4. 1 Нефи 4:5-6.

  5. Учења и Завети 20:77.

  6. Џефри Р. Холанд, “Лекции од Затворот Либерти” (Бригам Јанг Универзитет сесија, Сеп. 7, 2008), 5, speeches.byu.edu.

  7. Расел М. Нелсон, “Ние Можеме Подобро и Подобро,” Лиахона, Мај 2019, 68.

  8. „Неспособноста да се почувствува Дух, или општо чувство на апатија или вкочанетост, [исто така може да биде] симптом на лошо ментално здравје” („Понекогаш имам тешкотии да го почувствувам Духот и се чувствувам затапено … “, во “Mental Health: Help for Me,” Life Help, Gospel Library). Ако се борите со вашето ментално или емоционално здравје, бидете сигурни во љубовта на Небесниот Отец кон вас и продолжете да се молите и да верувате во Него.

  9. Јован 15:26.

  10. Учење и Завети 121:45–46.