Господине, Сакаме Да Го Видиме Исус
Ние сакаме да го видиме Исус за тоа кој е Тој навистина и да ја почувствуваме Неговата љубов.
Просопагнозија
Еден ден во пролетта 1945, еден млад човек се разбуди во војна болница. Тој беше среќен што остана жив—тој беше застрелан веднаш зад увото, но докторите го оперираа, и тој сега можеше да чекори и зборува нормално.
Трагично, куршумот беше го оштетил делот на неговиот мозок кој препознава лица. Тој сега гледаше во неговата жена без искра на препознавање; тој не ја препозна неговата сопствена мајка. Дури и лицето во огледалото му беше непознато на него—не можеше да препознае дали е маж или жена.1
Тој беше погоден од просопагнозија—состојба која погодува милиони луѓе.2
Луѓе кои се сериозно погодени од просопагнозија се обидуваат да идентификуваат други преку меморирање на правила—правило за препознавање на ќерка преку шарата на нејзнините пеги или еден пријател преку нејзиното измешано одење.
Растење
Еве втора приказна, поблиску до дома: како младо момче, често пати гледав на мајка ми како личност која создавање правила. Таа одлучуваше кога јас можам да играм и кога морав да одам во кревет, или полошо, да ја собирам тревата во дворот.
Таа очигледно ме сакаше. Но честопати и на мој срам, Јас ја гледав само како „Таа Која Мора Да Се Слуша.“
Само неколку години подоцна јас сватив дека треба да ја гледам како вистинска личност. Јас сум засрамен да кажам дека никогаш не ја забележав нејзината жртва или се прашував зошто толку години таа ги носеше само истите две стари здолништа (додека јас добивав нови облеки за во училиште) или зошто, како една мајка на седум деца, таа легнуваше толку рано.
Ние Можно Е Да Сме Погодени Од Просопагнозија
Можеби сте забележале дека овие две приказни се навистина една приказна—за премногу години, всушност, Јас бев, погоден од просопагнозија. Не успеав да ја видам мајка ми како вистинска личност. Ги видов нејзините правила но во нив не ја гледав нивната љубов.
Ви ги кажувам овие две приказни поради една причина: Јас се сомневам дека вие знаете некого (можеби вие сте некој) кој пати од некаков вид на духовна просопагнозија.
Можеби се мачите да го видите Бог како прекрасен Отец. Може да гледате кон небесата и да не го видите, лицето на љубов и милост, туку шума од правила низ кои вие морате да се упатите. Можеби верувате дека Бог владее на Неговите небеса, говори низ Неговите пророци, и ја љуби вашата сестра но потаинствено се прашувате дали ве љуби вас.3 Можеби сте ја почувствувале железната прачка но не сте ја вкусиле Божјата љубов до која таа води.4
Верувам дека познавате вакви луѓе долго време, Јас бев ваков—јас бев духовно погоден од просопагнозија.
Јас мислев дека мојот живот беше во врска со правила и мерење на абстрактни стандарди. Јас знаев дека Бог ве љубеше вас совршено но не чувствуваше самиот. Се плашам дека мислев повеќе за тоа да се стигне на небото отколку да се биде со мојот Небесен Отец.
Ако и вие, како мене, можете понекогаш само да синхронизирате со усните, но да не ја пеете “песната за искупувачка љубов,”5 што можеме ние да сториме?
Одговорот, како што не потсетува Претседател Нелсон е Исус.6 И тоа е многу добра вест.
Господине, Сакаме Да Го Видиме Исус
Тоа е краток стих во Јован кој ми се допаѓа. Раскажува за една група на аутсајдери кои ги пронаоѓаат нивните пат кон неговиот ученик со важно барање. “Господине,” тие велат, “ние би [сакале] да го видиме Исус.”7
Тоа е тоа што сите ние го сакаме—да го видиме Исус за тоа кој е Тој навистина и да ја почувствуваме Неговата љубов. Ова треба да е причина за повеќето за тоа што го правиме во Црквата и секако секоја средба за сакрамент. Ако се прашувате каква лекција да поучувате, каква средба да испланирате, и дали да се откажете од ѓаконите и да играте народна, може да ги земете во предвид овој стих како ваш водич: дали ова ќе им помогне на луѓето да го видат и љубат Исус Христос? Ако не, можеби да се обидете нешто поинаку.
Кога сватив дека јас бев духовно погоден од просопагнозија, тогаш ги видов правилата но не лицето на ,милоста на Отецот, знаев дека не беше вина на Црквата. Не беше Божја, и не значеше дека се беше изгубено; тоа е нешто што сите моравме да го научиме. Дури и раните сведоци на Воскресението често се среќаваат лице в лице со воскреснатиот Господ и не го препознаваа Него; од Гробницата во Градината до бреговите на Галилеја, тие Неговите први следбеници тие го „видоа Исус како стои, и не знаеја дека беше Исус.“8 Тие мораа да научат да го препознаат Него, и исто и ние.9
Милосрдие
Кога го сватив тоа дека бев погоден со духовна просопагнозија, јас започнав да го следам советото на Мормон да се молам со „сета енергија на моето срце“ да се биде исполнет со љубовта која е ветена на Неговите ученици—мојата љубов за Него и Неговата љубов за мене—и да го „гледаме него како што е тој … И да ја имаме оваа надеж.“10 Се молев да можам да ја следам првата голема заповед да го љубам Бог и да почусвтвувам дека „првата голема вистина … дека Бог не љуби нас со сето Негово срце, моќ, ум, и сила.“11
Евангелијата
Јас исто ги читав и препрочитав и препрочитав четирите Евангелија—овој пат читајќи не за да извлечам Неговите правила туку да видам кој е Тој и што Тој љуби. И, со време, јас бев однесен од реката на љубов која течеше од Него.
Исус на самиот почеток објавил дека дошол „да ги исцелува тие со скршено срце, да им проповеда на заробениците, и да им го врати видот на слепите.“12
Тоа не беше само листа за исполнување или добар бренд туку тоа е тоа што Тој е и обликот на Неговата љубов.
Отворете ги евангелијата вообичаено; на речиси секоја страна гледаме како Тој се грижи за народот кој страда—социјално, духовно, и физички. Тој го допираше народот што се сметаше за загаден и нечист13 и ги хранеше гладните.14
Кој е вашата омилена приказна за Исус? Се сомневам дека покажува како Синот на Бог како посегнува да прегрне некој на маргините—лепрозниот,15 омразениот Самарјанин,16 собирачот на данок,17 скандалозниот грешник,18 односно национален непријател.18 Овој вид на благодат е неверојатен.
Обидете се да напишете секогаш кога Тој се моли или исцелува со некој туѓинец, и ќе ви истече мастилото пред да завршите со Лука.
Јас го видов ова и моето срце скокаше во прекрасно признание, и јас започнав да се чувствувам дека Тој можеби ме сака. Како што Претседател Нелсон поучуваше, „Колку повеќе учиш за Спасителот, полесно ќе биде да веруваш на Неговата милост, Неговата бескрајна љубов.“19 И колку што повеќе ќе го сакате и љубите вашиот Небесен Отец.
Како што Старешина Холанд поучуваше, Исус ни „покажуваше кој и што е Бог нашиот Небесен Отец, колку целосно посветен е на Неговите деца во секоја ера и нација.“20
Павле вели дека Бог е „Отецот на [сите] милости, и Бог на сета утеха.”21
Ако го гледате Него поинаку, продолжете да се обидувате.
Завети и Божја прегратка
Пророци не повикуваат да го бараме Неговото лице.22 Јас го сваќам ова како потсетник, а не формула дека не сме готови додека не го видиме Исус како лице на љубовта на нашиот Отец;23 додека не го следиме Него и не само Неговите правила.24
Кога пророци и апостоли зборуваат за завети, тие не се како тренери кои се дерат од црвената линија, велејќи ни „обидете се понапорно!“ Тиа сакаат да ги видиме нашите завети кои се фундаментални за врските25 и може да се лек за духовната просопагнозија.26 Тие не се правила да се заслужи љубов; Тој веќе ве љуби совршено. Нашиот предизвик е да се разбере и да се сподели нашиот живот за таа љубов.27
Ние се обидуваме да ги видиме нашите завети, како низ прозор, кон лицето на милоста на Отецот позади.
Заветите се облик на прегратката за Бог.
Реката на Божјата љубов
Конечно, можеме да научиме да го гледаме Него служејќи му на Него. „Зашто сега човекот го познава господарот на кому не му служел?“28
Пред неколку години, добив нов повик за кој не се чусвтвував спремен. Се разбудив рано, нервозно—но со фраза во умот која јас не сум ја слушнал порано: дека да се служи во оваа Црква е да се стои во реката на Божјата љубов за Неговите деца. Оваа Црква е работна дружина од луѓе со копачи и лопати кои се обидуваат да го исчистат каналот на реката на Божјата љубов за да досегне до Неговите деца на крајот на редот.
Било кои и да сте, што и да е вашето минато, постои простор за вас во оваа Црква.29
Грабнете еден копач и лопата и придужете се на тимот. Помогнете да се пренесе Неговата љубов на Неговите деца и дел од неа ќе ве испрска вас.30
Ајде да ја побараме Неговата љубов, Неговата прегратка (личен завет со Него), и тогаш да се придружиме рамо до рамо со Неговите деца, и заедно ќе ја пееме „Искупител на Израел“:
Обнови го, мој драг Спасителу,
Светлината на твоето лице;
Твојата споделена утеха која се цени од душата.
И остави го слаткиот копнеж.
За твоето свето место
Донесете надеж на моето опустошено срце.31
Да можеме да пронајдеме Негово прекрасно лице и тогаш да бидеме садови за Неговата милост за Неговите деца.32 Во името на Исус Христос, амин.