Генерална Конференција
Возљуби Го Својот Ближен
Oктомври 2023 Генерална Конференција


Возљуби Го Својот Ближен

Сочувството е Христијанска особина. Се раѓа од љубов за другите и не познава граници.

Ова утро, ве канам да ми се придружите на едно патување во Африка. Нема да видите ниту лавови, ниту зебри ниту слонови, туку можеби, на крајот на патувањето, ќе видите како илјадници членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни одговараат на втората голема заповед на Христос, „возљуби го својот ближен“ (Марко 12:31).

Замислете ја за момент руралната, црвена прашина на Африка. Од исушената и неплодна земја ќе забележите дека дожд нема завнато во мерлива количина премногу години. Неколкуте говеда што ви го сечат патот се повеќе коски отколку месо, и се предводени од говедарот Карамајонг, кој покриен со ќебе, со сандали на нозете, макотрпно се влечка надевајќи се дека ќе најде вегетација и вода.

Како што одите по тешкиот и карпест пат, гледате неколку групи на убави деца и се прашувате зошто не се на училиште. Децата се смешкаат и мавтаат а вие им возвраќате со солза и насмевка. Деведесет и два проценти од најмладите деца кои ги гледате на ова патување живеат во сиромаштија, и вашето срце стенка од болка.

Пред вас, гледате мајка која носи внимателно избалансиран сад со вода (19 L) и уште еден во раката. Таа го претставува секое второ домаќинство во оваа област каде жените, младите и повозрасните лица пешачат повеќе од триесет минути, секој ден, за да стигнат до извор на вода за своето семејство. Бран тага ве обзема.

Африканска жена носи вода.

Изминуваат два часа и вие пристигнувате на едно затскриено, засенчено чистилиште. Местото за среќавање не е ходник, ниту шатор туку, простор под неколку големи дрвја кои нудат засолниште од жешкото сонце. На ова место, забележувате дека нема проточна вода, нема струја, нема ни клозет. Се вртите наоколу и знаете дека сте помеѓу луѓе кои го сакаат Бога, и веднаш ја чувствувате Божјата љубов за нив. Се собраат за да добијат помош и надеж, а вие пристигнавте за да ја споделите.

Такво беше патувањето на Сестра Ардерн и мене, во друштво на Сестра Камила Џонсон, нашата Претседателка на Здружение за Помош, нејзиниот сопруг Даг, и Сестра Шерон Јубанк, директорка на Хуманитарните Служби на Црквата, додека патувавме во Уганда, земја со 47 милиони жители во Централно Африканската Област на Црквата. Тој ден, под сенката на дрвјата, посетивме проект за здравјето на заедницата, заеднички финансиран од Црковните Хуманитарни Служби, УНИЦЕФ и Министерството за Здравство на владата на Уганда. Ова се организации од доверба, грижливо избрани за да се осигураат дека хуманитарните средства донирани од членовите на Црквата се користат разумно.

Дете од Африка е згрижено.

Колку и да беше потресно да се видат неухранетите деца и последиците од туберкулозата, маларијата и непрекинатата дијареа, надежта за подобро утре за оние кои ги запознавме растеше во секој од нас.

Мајка го храни своето дете.

Оваа надеж дојде делумно, од љубезноста на членовите на Црквата ширум светот кои донираат време и пари на хуманитарните напори на Црквата. Кога видов како им се помага и се поткреваат болните и погодените, ја наведнав главата како знак на благодарност. Во тој момент, подобро сватив што мислеше Царот на царевите, кој рече:

„Дојдете благословени од мојот Отец, наследете го царството подготвено за вас :

„Зашто бев гладен, и ми дадовте месо; жеден бев и ме напоивте: странец бев и ме примивте” (Матеј 25:34–35).

Молитвата на нашиот Спасител е „нека свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела, и да го прослават вашиот Отец на небесата“ (Матеј 5:16; види и стихови 14–15). Во тој далечен агол на земјата, вашите добри дела ги просветлија животите и го олеснија товарот на еден народ во очјна потреба, и Бог беше прославен.

На тој топол и правлив ден, посакував да може да ги слушнете нивните молитви за пофалба и благодарност до Бога. Сакаа да ви кажам на нивниот мајчин Карамјонгански, „Алакара“. Ви благодарам.

Нашето патување ме потсети на параболата за Добриот самарјанин, чие патување го одведе по правлив пат, не многу различен од оној што го опишав, пат што водеше од Ерусалим до Ерихон. Овој служител, Самарјанин нѐ учи што значи да „се сака својот ближен“.

Тој виде „еден човек … [кој] западна меѓу разбојници, го соблекоа и го претепаа и си отидоа оставајќи го полумртов” (Лука 10:30). Самарјанецот „се смилува на него” (Лука 10:33).

Сочувството е Христијанска особина. Се раѓа од љубов за другите и не познава граници. Исус, Спасителот на светот, е олицетворение на сочувството. Кога читаме дека „Исус просолзи“ (Јован 11:35) ние сме сведоци, како што беа и Марија и Марта, за Неговата сочувствителност, која на почеток кај Него предизвика да се натажи и се потресе (види Јован 11:33). Во примерот за христијанско сочувство од Книгата на Мормон, Исус се појавил на мноштвото и рекол:

„Има ли некои што се куци, или слепи, … глуви, или нешто друго ги мачи? Доведете ги овде и јас ќе ги исцелувам, зашто се сожалувам на вас. …

„… И тој ги исцели сите до еден“ (3 Нефи 17:7, 9).

И покрај сите наши напори, вие и јас нема да ги излечиме сите, но секој од нас може да направи позитивна промена во нечиј живот. Беше само едно едноставно момче, кое понуди пет леба и две риби што нахраниле пет илјади. Можеме да прашаме за нашите прилози, како што ученикот Андреј праша за лебовите и рибите, „Што се тие меѓу толку многу?“ (Јован 6:9). Ве уверувам: доволно е да дадете или да направите колку што можете, а потоа дозволете Христос да го возвеличи вашиот труд.

По оваа прашање, старешина Џефи Р. Холанд нѐ покани, „богати или сиромаси, … да го ‘направиме она што можеме’ кога другите имаат потреба“. Тој потоа посведочи, како и јас, дека Бог „ќе ви помогне и ќе ве води во [вашите] сочувствителни дела на учеништво” („Are We Not All Beggars?“, Liahona, Nov. 2014, 41).

Во таа далечна земја, на тој незаборавен ден, јас стоев тогаш како што стојам и денес како сведок за сочувството кое ја движи душата и го менува животот на членовите на Црквата, и богати и сиромашни.

Параболата за Добриот Самарјанин продолжува кога тој „му ги преврза [на човекот] раните … и се погрижи за него” (Лука 10:34). Нашата црковна хуманитарна помош, брзо реагира на природните катастрофи и се вклучува во борбата против светски најраспространетите болести, гладтта, смртноста кај новороденчињата, неухранетоста, раселувањето, и често невидливите рани на обесхрабреност, разочарување и очај.

Самарјанинот потоа „зеде два денарија му ги даде на гостилничарот, и му рече, Погрижи се за него“ (Лука 10:35). Како црква, благодарни сме што соработувме со други „домаќини“ или организации како Католичките Служби за Помош, УНИЦЕФ, и Црвен Крст/Црвена Месечина, за поддршка на нашите сериозни хуманитарни напори. Еднакво сме благодарни за вашите „два денарија“ или две евра, два пезоси или два шилинзи што го олеснуваат товарот што премногу луѓе ширум светот се принудени да го носат. Малку е веројатно дека ги познавате корисниците на вашето време, вашите банкноти и монети, самото сочувство не бара од нас да ги познаваме, тоа бара само да ги сакаме.

Ви благодарам, Претседателе Нелсон, што нѐ потсетивте дека „кога го сакаме Бога со сето свое срце, Тој ги насочува нашите срца кон благосостојба на другите“ („The Second Great Commandment“, Liahona, Nov. 2019, 97). Јас сведочам дека секој од нас ќе има поголема радост, мир, покорност и љубов кога одговараме на повикот на Претседателот Нелсон да ги свртиме нашите срца кон добросостојба на другите и на молбата на Џозеф Смит да „ги нахраниме гладните, да ги облечеме голите, да обезбедиме за вдовиците, да ги исушиме солзите на сираците, [и] да ги утешиме погодените, од оваа Црква, или било која друга, или без црква, каде и да [ние] ги најдеме“ („Editor’s Reply to a Letter from Richard Savary,” Times and Seasons, Mar. 15, 1842, 732).

Старешина Ардерн и Претседателката Камила Н. Џонсон со африканските деца

Пред сите тие месеци, ги наоѓавме гладните и погодените на сува и правлива рамнина и бевме сведоци на нивните молбени очи за помош. На наш сопствен начин, ние бевме натажени и потресени (види Јован 11:33), па сепак овие чувства беа ублажени додека го гледаме сочувството на членовите на Црквата на работа додека гладните се хранеа, вдовиците се обезбедуваа, измачените се тешеа и солзите им пресушија

За да ние засекогаш се грижиме за благосостојбата на другите и да покажеме на зборови и дела дека „сме подготвени да ги носиме товарите еден на друг” (Мосија 18:8), да „поврземе скршените срца” (Учењата и заветите 138:42), и да ја одржиме втората голема заповед да го „сакаме својот ближен“ (Марко 12:31). Во името на Исус Христос, амин.