Сочувување на Гласот на Заветениот Народ во Растечкото Поколение
Една од нашите најсвети одговорности е да им помогнеме на нашите деца да дознаат длабоко и конкретно дека Исус е Христос.
Еден од најтрогателните моменти во Книгата на Мормон е посетата на восреснатиот Спасител на народот во храмот во земјата Изобилство. После еден ден на поучување, исцелување, и градење вера, Исус го насочи вниманието на народот кон растечкото поколение: „Тој им заповеда нивните деца да бидат доведени.”1 Тој се молеше за нив и ги благослови еден по еден. Искуството беше толку трогателно што Самиот Спасител заплака неколку пати.
Потоа, зборувајќи пред мноштвото, Исус рече:
„Ете ги вашите малечки.“
„И додека тие гледаа … , тие видоа како небесата се отвора, и видоа ангели како се спуштаат од небесата,” служејќи им на нивните деца.2
Јас често размислував за ова искуство. Јас сигурно го стопив срцето на секоја личност. Тие го видоа Спасителот. Тие го почуствуваа Него. Тие го познаваа Него. Тој ги поучуваше. Тој ги благослови. И Тој ги сакаше. Не е ни чудо што после овој свет настан, овие деца пораснаа за да воспостават здружение на мир, напредок, и Христолика љубов која траеше со генерации.3
Зарем не би било прекрасно кога нашите деца би можеле да имаат такви искуства со Исус Христос—нешто што би ги врзало нивните срца со Него! Тој не поканува, како што Тој ги покануваше оние родители во Книгата на Мормон, да ги доведеме нашите малечки кај Него. Можеме да им помогнеме да го запознаат нивниот Спасител и Искупител на начин на кој овие деца го сторија тоа. Можеме да им покажеме како да го пронајдат Спасителот во светите писма и да ја изградат нивната основа врз Него.4
Неодамна, еден добар пријател ме научи нешто што не бев го забележал во врска со параболата за мудрецот кој ја изгради неговата куќа врз карпа. Според извештајот на Лука, како што мудрецот ја положи основата за неговата куќа, тој “копаше длабоко.“5 Не беше вообичаено односно едноставно настојување—беше потребен напор!
Да ги изградиме нашите животи врз Карпата на нашиот Спасител, Исус Христос, ние треба да копаме длабоко. Ние отстрануваме се што е песочно односно излишно во нашите животи. Ние продолжуваме да копаме се додека не го најдеме Него. И ние ги поучуваме нашите деца да се врзат себеси за Него преку свети обреди и завети, така што кога противничките бури и поплави надоаѓаат, бидејќи сигурно ќе дојдат, ќе имаат мал ефект врз нив „поради карпата врз која [тие] се изградени.„6
Овој вид на сила не се појавува случајно. Не се пренесува на идното поколение како духовно наследство. Секоја личност мора да копа длабоко да ја пронајде карпата.
Ја учиме оваа лекција од друг извештај во Книгата на Мормон. Кога Царот Венијамин го даде неговото последно обраќање кон неговиот народ, тие се собраа како семејства да ги слушнат неговите зборови.7 Царот Венијамин имаше моќно сведоштво за Исус Христос, и народот беше длабоко трогнат од неговото сведоштво. Тие изјавија:
„Духот … Направи моќна промена во нас, односно во нашите срца. …
И ние сме спремни да влеземе во завет со нашиот Бог за да ја спроведе неговата волја … се до остатокот од нашите денови.“8
Некој може да очекува дека мали деца со толку длабоко преобратени родители на крај би станале преобратени и склучиле завет со нив самите. А сепак, поради некоја причина која не е споменета во записот, записот направен од родителите не се стекна со популарност кај некои од децата. Неколку години подоцна, „постоеја многу од растечкото поколение кои не можеа да ги раберат зборовите на Царот Венијамин, бидејќи беа мали деца во времето кога тој му говореше на неговиот народ; и тие не веруваа во традицијата на нивните татковци.
„Тие не веруваа во тоа што беше кажано во врска со воскреснувањето на мртвите, ниту веруваа во врска со доаѓањето на Христос. …
„И тие не се крстеа; ниту сакаа да се придружат во црквата. И тие беа посебен народ во однос на нивната вера.“9
Колку трезвена мисла! За растечкото поколение, не е доволно вера во Исус Христос да биде „традицијата на нивните татковци.“ Тие треба да поседуваат вера во Христос за самите себеси. Како заветен народ на Бог, како можеме да всадиме во главите на нашите деца желба да склучуваат и одржуваат завети со Него?
Можеме да започнеме следејќи го примерот на Нефи: „И зборуваме за Христос, се радуваме во Христос, пророкуваме за Христос, и пишуваме според нашите пророштва, за нашите деца да можат да знаат кој извор да го бараат за опростување на нивните гревови.”10 Зборовите на Нефи сугерираат еден постојан, траен напор да ги поучи децата за Христос. Можеме да се осигураме дека гласот на заветениот народ не е тивок во ушите на растечкото поколение и дека Исус не е само Неделна тема.11
Гласот на заветениот народ може да се пронајде во нашите сопствени зборови на сведоштво. Се пронаоѓа во зборовите на живите пророци. И моќно е сочувано во светите писма. Таму е за нашите деца да може да знаат за Исус Христос и да пронајдат одговори за нивните прашања. Стои дека тие ќе научат самите себеси за учењето на Христос. Стои дека ќе пронајдат надеж. Ова ќе ги подготви нив за животен век во потрага на вистина и живеење на заветениот пат.
Јас го сакам овој совет од Претседател Расел М. Нелсон:
“Каде може да одиме да го слушнеме Него?
Можеме да отвориме светите писма. Тие не поучуваат за Исус Христос и Неговото евангелие, величината на Неговото Помирување, и големиот план на нашиот Отец за среќа и искупување. Дневно потопување во Божјото слово е круцијално за духовно преживување, особено во овие денови на зголемен пресврт. Додека се гоштеваме во зборовите на Христос дневно, словата на Христос ќе ни кажат како да одговориме на потешкотиите со кои никогаш не сме помислувале дека ќе се соочиме.”12
Па како изгледа да се гоштеваме со зборовите на Христос и да го слушаме Него? Изгледа тоа што е најдобро за вас! Можеби е собир со вашето семејство да зборуваме за нештата кои Светиот Дух ве поучи во вашите свети писма користејќи Дојдете, Следете Ме. Можеби е собирање секојдневно со вашите деца да читате неколку стиха од светите писма и потоа барајќи можности да се дискутира за тоа што го научивте додека минувате време заедно. Само откријте што одговара за вас и вашето семејство и потоа обидете се да го направите тоа малку подобро секој ден.
Земете го во предвид овој увид од Поучување на Начинот на Спасителот: „Од индивидуална гледна точка, една домашна вечер, како сесија за проучување на светите писма, односно разговор за евангелие може да не изгледа дека дава голем резултат. Но насобирањето на ,мали, едноставни напори, повторени постојано во текот на времето, може да бидат помоќни и зацврстувачки отколку еден пригоден огромен момент односно лекција за одредена пресвртница. … Па не се предавајте, и не се грижете за постигнување на нешто огромно секогаш. Само бидете постојани во вашите напори.“13
Една од нашите најсвети одговорности е да се помогне на нашите деца да осознаат длабоко и конкретно дека Исус е Христос, Синот на Живиот Бог, нивниот личен Спасител и Искупител, кој стои на чело на Неговата Црква! Не можеме да дозволиме нашиот заветен глас да онеме односно да се стиши кога се работи за Него.
Може ќе се почуствувате малку неадекватно во оваа улога, но никогаш не треба да се чуствувате сами. На пример, советите при одделите се овластени да организираат средби на совет за учители за родители. На овие средби на секое тромесечие, родители може да се соберат да учат од искуствата еден со друг, да дискутираат како тие ги зацврстуваат нивните семејства, и да научат клучни принципи на Христолико поучување. Оваа средба треба да биде одржана за време на вториот час од црквата.14 Го води еден член на одделот одбран од епископот и го следи форматот на вообичаени средби на совет за учители, користејќи Поучување на Начинот на Спасителот како основен извор.15 Епископи, ако вашиот оддел моментално не одржува средби за совет на учители за родители, работете со вашиот претседател на Неделно училиште и совет на оддел да се организирате себеси.16
Мои драги пријатели во Христа, правите многу подобро од тоа што мислите. Само продолжете така. Вашите деца гледаат, слушаат, и учат. Додека ги поучувате ќе ја дознаете нивната вистинска природа како возљубени синови и ќерки на Бог. Тие може да го заборават Спасителот за една сезона, но ви ветувам, Тој никогаш нема да ги заборави! Тие моменти кога Светиот Дух им зборува на нив ќе истраат во нивните срца и умови. И еден ден од вашите деца ќе одекнува сведоштвото на Енос: „Јас знам дека моите родители се праведни —бидејќи тие ме поучуваа со нега и предупредување од Господ—и нека е благословено името на мојот Бог за тоа”17
Да ја прифатиме поканата на Спасителот и да ги доведеме нашите деца кај Него. Додека го правиме тоа, тие ќе го видат Него. Тие ќе го почуствуваат Него. Тие ќе го знаат Него. Тој ќе ги поучи. Тој ќе ги благослови. И само колку Тој ќе ги сака. И, ох, колку го сакам Него. Во Неговото свето име Исус Христос, амин.