Давање Сведоштво за Исус Христос со Збор и Постапки
Кога настојуваме да живееме во согласност со евангелието на Исус Христос, нашето однесување ќе биде живо сведоштво за нашиот Искупител.
За време на крштевањето, едно од ветувањата што ги даваме е дека сме подготвени да го преземеме името на Исус Христос. Мојата цел денес е да се потсетиме дека можеме да му покажеме на Бог дека го земаме на себе името на Неговиот Син, со тоа што ќе сведочиме со зборови и дела, колку што можеме почесто, дека Исус е Христовиот.
Кога им служел и ги поучувал луѓето во Американските земји по Неговото Воскресение, Спасителот изјавил:
„Зарем не ги прочитавте светите писма кои велат дека треба да го преземете името На Исус Христсос врз себе, а тоа е моето име? Зашто со ова име ќе ве нарекуваат на последниот ден;
„А кој и да го преземе врз себе моето име, и издржи до крај, истиот ќе биде спасен во последниот ден“.1
Претседателот Расел М. Нелсон нѐ поучи дека „да го преземеме на себе името на Спасителот значи да изјавуваме и да сведочиме на други–со нашите постапки и нашите зборови–дека Исус е Христос“.2
Како членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, имаме благослов и привилегија да застанеме како сведоци за Господа и за Неговото име каде и да сме.3 Додека настојуваме да живееме во согласност со евангелието на Исус Христос, нашето однесување ќе биде живо сведоштво за нашиот Искупител и Неговото име. Уште повеќе, сведочиме за Христос со збор споделувајќи со другите што веруваме, чувствуваме, или знаеме за Исус Христос.
Кога покорно го споделуваме нашето сведоштво за Господ преку нашите зборови и постапки, Светиот Дух им потврдува4 на оние со искрена намера, широко срце и спремен ум дека Иус е навистина Христос.5
Би сакал да споделам два скорешни и инспиративни примери на членови кои му покажале на Бога дека го земаат на себе името на Исус Христос со тоа што зборувале за Него и давале чисто сведоштво за Господ на црковните средби.
Прв пример: Кога мојата сопруга, Елејн и јас бевме во Шпанија во 2022, присуствувавме на неделните средби во една мала црковна единица. Кога застанав да сведочам а мојата сопруга седеше во конгрегацијата, забележав дека седна до некоја постара жена. Кога заврши сакраменталната средба, тргнав кон Елејн и ја замолив да ме запознае со нејзината нова пријателка. Таа го стори тоа и посочи дека оваа жена, која не е член на Црквата, редовно доаѓа како гостин скоро две години. Кога го слушнав тоа, ја запрашав оваа богобојазлива жена што ја натерало да се врати и да присуствува на нашите средби толку долго време. Жената слатко одговори, „Сакам да доаѓам тука зашто зборувате за Исус Христос на вашите средби“.
Јасно, членовите на Црквата во таа единица во Шпанија зборуваат, поучуваат и сведочат за Христос на нивните средби.
Втор пример: Откако отслужив во Областа Бразил, добив нова задача да служам во седиштето на Црквата. Кога се преселивме во Солт Лејк Сити, на крајот на месец јули оваа година, присуствуваме на неделните средби во нашиот прекрасен нов оддел. Една од овие средби беше средбата за пост и сведоштво. Откако со почит зедовме сакрамент, членовите стоеја и еден по друг даваа искрени сведоштва за Спасителот. Исус Христос беше во фокусот на средбата и ние опипливо можевме да го почувствуваме Духот. Бевме просветлени и нашата вера беше зајакната. Ако пријателите на Црквата, кои искрено ја бараат вистината, беа на тој состанок, ќе препознаеја дека ова е Црквата на Исус Христос.
Каков благослов е да се види дека нешите црковни средби се изборна можност да се сведочи за Христос и сигнал за Бога дека се радуваме кога го преземаме името на Неговиот Син врз нас.
Сега, дозволете ми да спомнам еден моќен пример за преземање на името на Исус Христос врз нас, преку сведочење за Него преку постапки.
Минатиот август, го придружував Старешина Џонатан Шмит на деновите за прием во Храмот Федер Ривер, Калифорнија во градот Јуба. Таму, бев благословен да водам групи во обиколка на храмот. Во една од овие групи, беше вклучен еден член на Црквата, Виргил Аткинсон и седум пријатели од други вери. Кон крај на посетата, во просторијата за запечатување на храмот, Брат Аткинсон беше емотивен додека ја изразуваше својата љубов за неговите пријатели кои дојдоа во храмот тој ден. Скоро веднаш откако тој го направи тоа, една жена во групата застана и рече, „Сите ние го сакаме Виргил. Тој никогаш не ни ја наметна својата вера. Но тој никогаш не се засрами поради неа исто така. Тој едноставно го живее она во што верува“.
Во текот на годините, Христијанскиот живот на брат Аткинсон им служеше како моќно сведоштво на неговите пријатели. Неговиот пример е силен доказ дека тој го презел името на Христос.
Во заклучниот дел, дозволете ми да ја споделам лекцијата што ја научив како да се преземе врз себе името на Христос и да се сведочи за Него со користење на точното име на Црквата.
Претседателот Нелсон, живиот Божји пророк, во обраќањето на генералната конференција во 2018 година, со наслов „Точното име на Црквата“, рече: Ова е исправка. Ова е заповедта од Господ. Џозеф Смит не и даде име на Црквата која е обновена преку Него; ниту пак Мормон. Самиот Спасител рече, ‘Зашто така ќе се нарекува мојата црква во последните денови, дури и Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни’ [Учењата и Заветите 115:4]“.6
Сите ние ја напуштивме генералната конференција тој ден посветени и решени да го следиме пророкот и отсега натаму да го користиме името на Црквата дадено со откровение. . Навистина внимавав на себе да не го згрешам вистинското име на Црквата. Првите неколку пати, морав да бидам многу совесен да не дозволам да се вратам на старите начини. По првите неколку обиди, се чувствував попријатно кога го користев откриеното име на Црквата . Признавам дека многупати, ќе го кажев името на Црквата брзо. Бев загрижен, дека луѓето нема да обрнуваат внимание на целосното име на Црквата и дека можеби ќе помислат дека е малку долго.
Сепак, подоцна сватив дека изговарајќи го полното име на Црквата со намера ми даде вредни можности да го изговорам името на Исус Христос и во суштина да дадам сведоштво за Спасителот преку објавување на Неговото име во името на Неговата Црква. Јас исто така забележав дека кога го изговарам точното име на Црквата со другите, почесто се сеќавам на Исус Христос и го чувствувам Неговото влијание во мојот живот.
Следејќи го пророкот, сите ние учиме да сведочиме повеќе за Исус Христос со користење на точното име на Црквата, на тој начин поцелосно го преземаме името на Господ.
Ова Сабат-но утро, јас со задоволство сведочам дека Претседателот Нелсон е Божјиот жив пророк и дека Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни е обновената Црква. Позино сведочам за Божјиот Син и Неговата божественост. Тој е Божјиот Првороден и Единороден Син, нашиот Спасител и Искупител, Емануел.7 Во името на Исус Христос, амин.