Генерална Конференција
Повеќе од Еден Херој
Oктомври 2023 Генерална Конференција


Повеќе од Еден Херој

Исус Христос не само што е наш херој, Тој е наш Господ и Цар, Спасител и Искупител на човештвото.

Од 1856, до 1860, илјадници Светци од Подоцнежни Дни пионери ги влечеа нивните работи во рачни коли повеќе од 1000 (1600 км) милји додека патуваа во Долината Солт Лејк Сити. Пред 167 години оваа недела, на 4 Октомври 1856, Претседателот Бригам Јанг беше изненаден да дознае дека две дружини со рачни коли, водени од Едвард Мартин и Џејмс Вили, беа сеуште стотици милји далеку од Солт Лејк Сити, при што зимата брзо се наближуваше.1 Следниот ден, Претседателот Јанг стоеше пред Светците и објави, „Многу од нашите браќа и сестри се на рамнините со рачни коли, и тие мора да бидат доведени овде … Одете и доведете ги тие луѓе сега на рамнините.”2

Само после два дена, првите спасувачки групи заминаа во потрага по пионери на рачни коли.

Еден член од Вили дружината опиша за заминувањето пред доаѓањето на главната спасувачка група. Тој сподели, „Само кога делуваше дека се би било изгубено, и изгледаше дека не постои многу за да се живее, … Како гром од чисто небо, Бог одговори на нашите молитви. Екипа за спасување, носење храна и залихи …, дојдоа на глетка. … Како му се збалагодаривме на Бог за нашето спасување.“3

Овие спасувачи беа херои на пионерите, ставајќи ги нивните сопствени животи во екстремни услови да доведат колку што е можно повеќе везбедно дома. Наш таков херој беше Ефрем Хенкс.

На среде Октомври, и несвесни за неприликата со рачни коли, Хенкс се враќаше во неговиот дом во Солт Лејк Сити следејќи едно патување кога, за време на ноќта, тој беше разбуден од еден глас, велејќи, „Луѓето со рачни коли се во неволја, и вие сте потребни; дали ќе одите да им помогнете?„

Со тоа прашање кое одекнуваше во неговите уши, тој побрза назад во Солк Лејк Сити. И штом го слушна повикот на Претседател Хебер Ц. Кимбал за дополнителни волонтери, Хенкс се упати наредниот ден, на негово сопствено патување. Движејќи се брзо, тој ги претрка другите спасувачи на патот и, штом стигна до дружината на Мартин, Хенкс се потсети: „Глетката што ја забележав додека влегував во нивниот камп никогаш нема да може да се биде избришана од моето сеќавање … И тоа беше доволно да се допре најкорпулентното срце.4

Ефрем Хенкс помина денови преселувајќи се од шатор до шатор благословувајќи ги болните. Тој се потсети дека, „при многу случаи, кога им послужуваме на болните, и ги прекоруваме болестите во името на Господ Исус Христос, страдачите ќе се соберат одеднаш; тие се исцелени речиси моментално.“5 Ефрем Хенкс засекогаш ќе биде херој на тие пионери на рачни коли.

Слично на таа впечатливо спасување, настани кои влијаат на нашите животи и дури и на правецот на историјата се често резултат на одлуките и достигнувањата на индивуални мажи и жени—големи уметници, научници, бизнис лидери, и политичари. Овие исклучителни индивидуалци се често почестени како „херои,“ со споменици и спомен куќи изградени да се одбележат нивните достигнувања.

Кога јас бев младо момче, моите први херои беа спортисти. Моите најрани спомени се собирање на безбол карти со слики и статистики од Големата Лига на Безбол играчи. „Обожавање на херои“ како едно дете може да е забавно и невино како деца кои се облекуваат како нивни омилени суперхерои за Ноќ на Вештерките. Иако ние се восхитуваме и почитуваме многу талентирани и впечатливи мажи и жени за нивните способности и придонеси, степенот на кој тие се “почитувани“, ако се однесени до претераност, може да биде еквивалентно на тоа што децата на Израел обожаваат едно златно теле во пустината Синај.

Како возрасни, тоа што еднаш беше невина детска забава може да стане и тркалачки камен кога „обожавање на херои“ како политичари, блогери, инфлуенсери, спортисти, или музичари не тера да гледаме “подалеку од знакот“6 и да изгубиме смисла за тоа што е навистина суштинско.

За децата на Израел, предизвикот не беше златото кое тие го донесоа со нив на нивното патување во ветената земја, но што тие дозволија тоа злато да стане: Еден идол, што отпосле стана објект на нивно обожавање, вртејќи го нивното внимание подалеку од Јехова, кој беше го одвоил Црвеното Море и ги избавил од ропство. Нивниот фокус на телето влијаеше на нивната способност да го обожават вистинскиот Бог.7

Тој херој, сега, и секогаш, е Исус Христос, и било што или било кој, кој не оддлачува од Неговите учења, како што е пронајдено во светите писма и преку зборовите на живите пророци, може негативно да влијае на нашиот напредок на заветениот пат. Долго пред Создавањето на овој свет, ние го гледавме Исус Христос кога ни стана јасно дека планот предложен од Отецот на Небесата, кој вклучува наша шанса за напредок да станеме како Него, беше предизвикувачки.

Не само што Исус Христос беше лидер при бранење на планот на Отецот, но тој исто ќе игра најкруцијална улога на неговото имплементирање. Тој одговоори на Отецот и волонтираше да се понуди Лично како „откуп за сите“8 да плати еден долг кој секој од нас ќе го навлече преку грев но не може да го плати самиот.

Претседател Далин Х. Оукс поучуваше, „[Исус Христос] направи се што е суштински за нашето патување преку смртноста кон судбината отцртана во планот на нашиот Небесен Отец.“9

Во Гетсеманската Градина, кога се соочи со толку напорна задача, наместо да ја одбегне Неговата одговорност, Спасителот храбро изјави, „Не е моја волја, туку нека биде твоја“ и продолжува да зема врз Себеси комбинирани болки, болести, и страдања за гревовите на тие што некогаш живееле. 10 Во еден совршен акт на послушност и посветување, Исус Христос го исполни тој врховен херојски чин на создавање, кулминирајќи со Негово величествно Воскреснување.

На нашата најскорешна генерална конференција, Претседателот Расел М. Нелсон не потсетува: „Какви било прашања или проблеми да имате, одговорот е секогаш пронајден во животот и учењата на Исус Христос. Научете повеќе за Неговото Помирување, Неговата љубов, Неговата милост, Неговото учење, и Неговото обновено евангелие на исцелување и напредок. Завртете се кон Него! Следете Го!”11 И јас би додал: „Изберете го Него“.

Во нашиот комплексен свет, може да биде многу искушувачки да се завртиме кон нашите општествени „херои“ во напор да се обезбеди значење односно јаснотија на животот кога може да изгледа збунувачки односно пренапорно. Ние ги купуваме облеките кои ти ги спонзорираат, прифаќаме политика која тие ја застапуваат, и ги следиме нивните предлози споделени на социјални медиуми. Ова може да е добро како привремена диверзија, но мора да бидеме внимателни за оваа форма на обожавање на херој да не стане наше златно теле. Одбирање на “правилниот“ херој носи вечни последици.

Кога нашето семејство пристигна во Шпанија да ја започнеме нашата служба како мисионери лидери, ние пронајдовме еден урамен цитат од Старешина Нил А. Максвел кој имаше релевантност за хероите кои одбираме да ги следиме. Тој објави, „Ако не сте одбрале царство на Бог најпрвин, на крајот нема да е важно што сте одбрале.„12 Браќа и сестри, тоа е преку одбирање на Исус Христос, Царот на Царевите, што ние одбираме Царство на Бог. Било кој друг избор е еквивалентен на одбирање на рака од тело, односно златно теле, и на крај ќе не изневери.

Во Стариот Завет во Книгата на Даниел, ги читаме извештаите на Шадрак, Месак, и Абенег, кои јасно знаеја кој херој да го одберат—и не беше некој од боговите на Царот Небухадезар. Тие самоуверено објавија:

„Нашиот Бог кому му служиме може да не избави од пеколната огнена печка. …

„Но ако не така, нека ти биде јасно, О царе, дека нема да им служиме на твоите богови, ниту обожаваме златните слики.„

Како што Апостолот Павле поучува, „Постојат многу богови,„14 и, можам да додадам, многу таканаречени херои, за кои сме поканети да се поклониме, да обожаваме, и да прифатиме. Но исто како и тројцата пријатели на Даниел што знаеја, постои само Еден што сигурно избавува—Зашто Тој веќе го правел тоа, и секогаш ќе го прави.

За нас, на нашето патување назад во присуството на Бог, на нашата ветена земја, не е политичарот, музичарот, спортистот, или блогерот кои се проблеми, туку, одбирајќи да им се дозволи да станат примарни објекти на нашето внимание и фокус, заменувајќи го нашиот Спасител и Искупител.

Го избираме Него, Исус Христос, кога избираме да го почитуваме Неговиот ден без разлика дали сме дома или патуваме на одмор. Го одбираме Него кога ги одбираме Неговите зборови преку светите писма и учењата на живите пророци. Го одбираме Него кога одбираме да имаме храмска препорака, да живееме достојно за неизната корист. Ние го одбираме Него кога сме миротворци и одбиваме да бидеме препирливи, „особено кога имаме различни размислувања.“15

Ниту еден лидер не покажал поголема храброст, ниту еден хуманитарец поголема љубезност, ниту едек доктор не излекувал повеќе болести, и ниту еден уметник не бил покреативен од Исус Христос.

Во еден свет на херои, со споменици и музеји посветени за достигнувањата на смртните мажи и жени, постои еден што стои над сите. Јас сведочам дека Исус Христос не само што е наш херој, Тој е наш Господ и Цар, Спасител и Искупител на човештвото. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Студиите посветени на Вили и Мартин Дружина за Рачни Коли вклучувајќи Лирој Р. Хафен и Ен В. Хафен, Рачни Коли до Сион: Приказната за Уникатна Западна Миграција, 1856–1860 (1960); Ребека Корнвал и Леонард Ј. Арингтон, Спасување на Дружините на Рачни Коли во 1856 (1981); Хауард К. Бангертер и Кори В. Бангертер, Трагедија и Триумф: Ваш водич за Спасување на Дружините Вили и Мартин во 1856, 2-ро из. (2006); и Ендру Д. Олсен, Цената Што Ја Плативме: Исклучителната Приказна за Вили Мартин Пионери на Рачни Коли (2006).

  2. Бригам Јанг, “Белешки,” Десерет Њус, Окт. 15, 1856, 252.

  3. Џон Оборн, „Кратка Историја за Животот на Џон Оборн, Пионер на 1856,„ 2, во Џон Оборн потсетувања и дневник, сирка 1862–1901, Црковна Историја Библиотека, Солт Лејк Сити.

  4. Ефрем К. Хенкс наратив како што е објавен во Ендру Џексон, „Црковна Емиграција,“ Допринесувач, Мар. бр. 1893, 202–3.

  5. Ефрем К. Хенкс, во Јенсон, „Црковна Имиграција,“ 204.

  6. Јаков 4:14

  7. Види Излез 32.

  8. 1 Тимотеј 2:6; види исто така Матеј 20:28.

  9. Далин Х. Оукс, „Што Ни Стори Спасителот на Нас?,“ Лиахона, Мај 2021, 75.

  10. Види Лука 22:39-44.

  11. Расел М. Нелсон, „Одговорот е Секогаш Исус Христос,“ Лиахона, Мај 2023, 127.

  12. Му се припишува на англискиот свештеник од 18 век Вилијам Ло; цитиран во Нил А. Максвел, “Response to a Call,” Ensign, May 1974, 112.

  13. Види Даниел 3:13–18.

  14. 1 Коринтјаните 8:5.

  15. Расел М. Нелсон, “Миротворци Потребни,„ Лиахона, Мај 2023, 98.