Генерална Конференција
Дали сакате да Бидете Среќни?
Oктомври 2023 Генерална Конференција


Дали сакате да Бидете Среќни?

Останете на заветниот пат. Животот ќе ви биде полесен, посреќен и исполнет со радост.

Дали сакате да Бидете Среќни? Што ве прави несреќни? Претседателот Нелсон рече: „Ако сакате да бидете несреќни, прекршувајте ги заповедите–и не кајате се за стореното никогаш. Ако сакате радост, останете на заветниот пат“.1 Зарем не е едноставно да се биде среќен? Сѐ што треба да направите е да склучувате завети во вашите животи и да се држите до нив. Ајде да повториме неколку работи што ќе ни помогнат да останеме на заветниот пат и да нѐ направат среќни.

1. Што е заветен пат?

Според Старешина Дејл Г. Ренлунд: „клучниот збор заветен пат се однесува на низа завети преку кои доаѓаме до Христос и се поврзуваме со Него. Преку оваа заветна обврска, ние имаме пристап до Неговата вечна моќ. Патот започнува со вера во Исус Христос и покајание, по што следи крештевање и добивање на Светиот Дух“.2 Ги обновуваме овие завети секогаш кога земаме сакрмент

Почнувајќи со кршталниот завет, во текот на нашите животи склучуваме и други завети. Повторно, Старешина Ренланд вели: „Заветниот пат води до храмски обреди, како што е храмското обдарување. Обдарувањето е Божји дар на свети завети што нѐ поврзуваат поцелосно со Него“.3

2. Дали сте на заветениот пат?

Понекогаш кога склучуваме завети, не успеваме да ги одржиме. Кога ова ќе се случи, како можете да се вратите на заветниот пат? Дозволете ми да споделам неколку примери за враќање на заветниот пат.

Пред нешто повеќе од еден месец, добив порака од поранешен мисионер кој служеше со нас. Тој рече: „Во последно време време беше тешко. Да се борам со анксиозноста и депресијата секој ден, ме оптоваруваше, и тоа е многу тешко Се чувствувам осамено и едноставно мизерно. Се молев за водството од нашиот Небесен Отец, за мир и утеха во она што можам да го правам, за да се изборам со тешкотиите. Додека се молев, чувствував поттик од духот кој ми кажа дека морам да го платам мојот десеток во целост. … Го чувствував духот толку силно, и веднаш почувствував потреба да го сторам тоа. Заедно се желбата, ја почувствував и инспирацијата дека ‘Ако го платам десетокот сѐ ќе биде во ред’. Сѐ уште се борам да најдам мир, но имам сведоштво за нашиот Спасител и дека преку мојата покорност, можам да го чувствувам и да го најдам мирот што го барам во моето срце и ум. Неодамна одлучив да се вратам во Црквата и да го барам Духот во сѐ што правам“.

Сега тој е присутен и добро напредува. Вие исто така може да побарате мир од Небесниот Отец, но одговорт може да е поинаков од оној што го очекувате. Сѐ додека барате за го запознаете Спасителот и да се му се молите на Небесниот Отец, Тој ќе ви даде вообичаен одговор.

Претседателот Томас С. Монсон поучуваше:

„Најголемата лекција што можеме да ја научиме за време на смртноста е дека кога Бог зборува а ние се покоруваме, секогаш ќе бидеме во право“.4

„Кога се држиме до заповедите, нашите животи ќе бидат посреќни, поисполнети и поедноставни. Нашите предизвици и проблеми ќе бидат полесно подносливи, и ќе ги добиеме од [Бога] ветените благослови“.5

Кога бев повикан да бидам епископ, беше тоа време кога ми беше најтешко во животот. Бев млад татко во моите рани 30-ти, но имав финансиски проблем поради семејните предизвици. Не можев да најдам никакво решение и мислев дека предизвиците никогаш нема да завршат. Бев финансиски и емоционално истоштен. Започнав да се сомневам и во мојата духовна сила. Токму во тоа тешко време, претседателот на мојот кол ми упати повик(црковен). Го прифатив, иако беше тешко.

И мојата сопруга беше интервјуирана од претседателот на кол, но таа не можеше да каже да, ниту да каже не, туку продолжи да лее солзи. Плачеше цела една недела, прашувајќи го Небесниот Отец, „Зошто сега?“ и „Дали навистина го познаваш секој поединечно?“ Не доби никаков одговор, а јас бев поддржан како епископ следната недела. Престана да го прашува Небесниот Отец за овие парашања, туку ме поддржа во мојот повик наредните шест месеци.

Неделата кога бев ослободен од повикот, мојата сопруга слушна глас додека земаше сакрамент. Гласот и дошепна, „Бидејќи одењето беше премногу тешко за вас, го повикав за епископ за да ве придржи и да оди со вас“. Гледајќи наназад во изминатите шест години, свати сите предизвици што навидум се чинеа бескрајни, сега попатно се решени.

Научивме дека кога мислиме дека не е вистинското време да прифатиме повик, можеби е моментот кога тој повик најмногу ни треба. Секогаш кога Господ бара од нас да служиме во било кој повик, било тоа да е полесен или потежок, Тој ги гледа нашите потреби. Ни ја обезбедува силата што ни е потребна и има подготвено благослови за да бидат истурени врз нас кога верно служиме.

Постојат многу други работи што нѐ спречуваат да останеме на заветниот пат. Без разлика што е тоа, никогаш не е предоцна да се свртат нашите срца кон Небесниот Отец за помош. Старешина Пол В. Џонсон нѐ поучи: „Кога ја следиме Сатаната, му даваме сила. Кога го следиме Бога, Тој ни дава сила“.6

Цар Бенџамин во Книгата на Мормон сведочи; „Би сакал да размислите за благословената и среќна состојба на оние кои се држат до Божјите заповеди. Зашто ете, благословени се тие во сѐ, и временски и духовно; и ако верно издржат до крај ќе бидат примени на небо … [и] живеат со Бога во состојба на бескрајна среќа.“7

3. Како Може Држењето до Заветите склучени со Бога да ве Направи Среќен?

Мојата сопруга вели дека нашиот брак нѐ врзува и поради тоа таа може да ги прави оние работи што не можела да ги направи претходно. На пример, уште од мала, се плашеше да оди во темница, но тоа денес не и претставува проблем зашто јас одам покрај неа. Таа е ниска и не може да ги дофати повисоките полици освен ако не користи стол или скали, но јас можам да го правам тоа место неа бидејќи сум повисок. Такво е преземањето на јаремот на нашиот Спасител на себе. Кога се врзуваме со него, може да правиме работи што не би можеле да ги направиме сами, бидејќи Тој може да го направи она што ние не можеме сами.

Старешина Дејвид А. Беднар вели: „Склучувањето и држењето на светите завети нѐ врзува со Господ и со Исус Христос. Во суштина, Спасителот нѐ повикува да се потпреме и да соработуваме со Него, дури и кога нашите најдобри напори не се еднакви и не можат да се споредат со Неговите. Како што се надеваме и го носиме нашиот товар со Него за време на нашето патување во смртноста, навистина Неговиот јарем е благ, а неговото бреме е лесно“.8

Претседателот Расел М. Нелсон исто така нѐ поучува:

„Спојувајќи се кон Спасителот значи да имате пристап до Неговата сила и искупителна моќ“.9

Наградата за одржување на заветите со Бога е небесната моќ—моќ што нѐ зајакнува, за подобро да ги издржиме нашите искушенија, тешкотии и болки во душата подобро. Оваа моќ ни го олеснува нашиот пат. Оние кои ги живеат повисоките закони на Исус Христос имаат пристап до Неговата виша моќ“.10

„[Д]ржењето до заветите всушност го прави животот полесен! Секој човек кој се обврзува со завети во крстилницата и во храмовите–и ја исполнува оваа обврска–има поголем пристап до моќта на Исус Христос“.11

Почитувани мои браќа и сестри, сакате ли да бидете среќни? Останете на заветниот пат. Животот ќе ви биде полесен, посреќен и исполнет со радост. Нашиот Спасител нѐ кани, „Дојдете кај мене, сите изморени и обременети, и јас ќе ве успокојам“.12 Тој е живиот Христос Тој ги носи нашите товари и ни го олеснува животот. Во името на Исус Христос, амин.